Јас малку како неутрален во оваа тема, а и не ги разбирам толку работите околу ова, но еве ке ви кажам како е во западна Европа, барем како јас ги гледам работите таму. Во западноевропските држави електродистрибуцијата има голема конкуренција. На пример има неколку компании како МЕПСО и како ЕВН, и сите тие се натпреваруваат кој ќе даде поевтина цена на електричната енергија, за да привлечат повеќе корисници. Исто како кај операторите за мобилна телефонија, сам си бираш кај кој ќе бидеш.