Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Сè останато => Topic started by: alex_treneski on 24.11.2012, Saturday, 19:22:56
-
Ми треба Некој Алармен уред да работи.. Или на светло-темно со помош на ласер.. или пак со Инфраред .. но не само кога ке го пресечи зракот да почни да свири и кога ке се состави пак да прекини.. Ми треба да го задржи алармот за свири извесно време да прекини.. Порано изработив нешто но да поминев брзо со раката и не реагираше.. па да не има некој нешто изработено во врска со ова .. :)
-
Види овде
http://www.circuitstoday.com/infrared-intrusion-barrier
-
Ми треба вака нешто да работи Како на видеово Кога ке го пресечи зракот и да е тргни раката пак уредо ујклучен е....
www.youtube.com/watch?v=4DtY7l5iv8Y (http://www.youtube.com/watch?v=4DtY7l5iv8Y#)
-
Па така и работи.Ова првата шема со 555 - приемникот има временска задршка ,а која може со малку експерименти да се подесува
временски.Значи не се исклучува веднаш,туку останува вклучен приемникот десетина секунди.Исто имаш подесување на *држењето* и кај вториов случај.Со првиот тример се подесува осетливоста на приемникот,а со вториот задршката.
-
Одма Одам да го изработам Уредчево Да видам Дали ги имам елементиве..
Па за резултати ке ве известам ;)
-
а како сакаш после тоа да го гасиш??? пак со поставување на раката или од напојување ке го гасиш???
-
Абе алармен уред.. Поминува некој се пали сирена.. и по извесно време од 10 15 цекунди само да се исгасни и ке се активира Ако помини по втор пат..
-
а како сакаш после тоа да го гасиш??? пак со поставување на раката или од напојување ке го гасиш???
Уредот си има временска задршка: значи кога нешто или некој ке го активира уредот работи некое време( десетина секунди) па се враќа на почеток (се гаси) и повторно е спремен за следно активирање.Нема потреба да го гасиш,тоа си влегува во некој * стенд бај* мод и чека се додека не се активира повторно.Не очекувајте голем домет од ИЦ диодата,доволно е на 1 метар растојание да се постават приемната и предајната диода.За поголеми растојанија е добро да се користи ИЦ филтер и собирна леќа за фокусирање.
Споено мислење: 24.11.2012, Saturday, 23:41:53
Еве уште две шеми- едната е бариера со две предавателни диоди умерени кон една приемна ИЦ диода под разни агли,а втората е бариера со 4093 и 4013 како флип флоп .Она 110 В да не ве буни ,ставете си 12 В трафо на 220 В слободно ;D