Македонски форум за електроника
Архива => Архивирани теми => Topic started by: Zdravkovski on 19.01.2011, Wednesday, 08:30:13
-
еве едена тема за тоа како изгледа и како работи автоматскиот осигурач, како пример е користен Б тип од 25 Ампери но и со другите типови и амперажи е слично
вака изгледа кога не му е изваден капакот
(http://pic.mk/images/dsc0001295420652.jpg)
еве слика кога ќе се отстрани горниот пластичен капак
(http://pic.mk/images/dsc0001295420722.jpg)
следува отстранувањето на керамичкиот заштитен поклопец и тука може да се види како е струјното коло прекинато
(http://pic.mk/images/dsc0001295420756.jpg)
потоа откако ќе се отстрани пригушувачот на пламен кој што се јавува при исклучувањето на струјата
(http://pic.mk/images/dsc0001295420815.jpg)
ова е клучниот дел на осигурувачот имено како функционира низ намотката протекува одредена струја и како последица на тоа течење на струјата се јавува магнетно поле кое го привлекува клипчето со одредена сила се додека силата не е доволно јака за да се случи клипчето да излезе повеќе и да го притисне механичкиот дел за исклучување (зелениот дел десно) ако течењето на струјата е во нормални граници тогаш клипчето не го допира механичкиот дел , ако протече појака струја го повлекува клипчето а тоа удара во механичкиот дел и течењето на струјата е оневозможено и со тоа е заштитата овозможена .
(http://pic.mk/images/dsc00040.jpg)
(http://pic.mk/images/dsc00041.jpg)
вака изгледа затворен осигурач кога пренесува нормално
(http://pic.mk/images/dsc00044.jpg)
(http://pic.mk/images/dsc00043.jpg)
ВКЛУЧУВАЊЕТО НА АВТОМАТСКИОТ ОСИГУРАЧ МОРА ДА СЕ ВРШИ РАЧНО ПОСЛЕ СЕКОЕ ИСКЛУЧУВАЊЕ
но претходно мора да се отстрани причината за неговото активирање
-
Вака сега,не ми е јасно како работат ваквите автоматски осигурувачи.Како самите се гасат?Ако може објаснување.
-
читај над 4 слика од долу на горе
-
а,да сега видов ;D
-
Zdravkovski Браво за сликите и објаснувањето
-
ја имав неколку осигурачи растурено, ама незнаев како работат...фала за објаснувањето Здравковски :D
-
Хммм,интересно,браво Zdravkovski за објаснувањето и сликиците ;D.Него мене ме интересира да не знаеш на кој принцип работат FI-склопките? ;D
-
знам и ќе ти објаснам ама кога ќе имам малку повеќе време
-
здраво
го објасни принципот на искллучување кога струјата е многу пати поголема од номиналната, а што се случува кога таа струја е само неколку Ампери над номиналната?
Постои и грејна жица која е намотана околу биметал кој се свива како расте температурата поточно оптеретувањето, и на тој начин повторно се ископчува осигурачот