Електронски уреди > Монитори и ТВ приемници

Проблем со прием со ТВ Grundig 40 VLE 6735 BP [РЕШЕНО]

(1/2) > >>

bumbar:
Накракто...
Се појави проблем со прием на дел од ТВ станици преку кабловска (Телекабел).Се појавуваат „коцки“ (изобличен тв-сигнал).

Го носев на официјален сервис - таму работи како „саат“ на прием на сигнал преку Т-хоум.
Го вратив дома - исто (со коцки, дел од каналите)
Виквав од Телекабел. Засилија сигнал ама - џабе...МИ рекоа носи го во сервис...
Пак го однесов.
Таму - пак добар сигнали без проблеми..
Пак ги викнав Телекабел...Пак засилија дополнително сигнал.
Јок, истото.


Телевизор Grundig 6735 BP...Купен пред точно една година...Проблемот се појави наеднаш откако на „продужниот“ вклучив декстоп компјутер.Прегоре притоа прекинувачот на продолжниот.

1 - НЕ менувам кабловска, поскапо ми е на Т-хоум...
2 - НЕ ми се живее во сервисот (Визбегово)

Има ли некој сличен проблем со Грундинг ТВ или со кабелскиот оператор?
Има ли сервис во Скопје каде може да се поправи/провери?
Или друго чаре...

GigaWatt:
Прво, дали моделот е 32 VLE 6735 BP или 40 VLE 6735 BP.

Второ, дали каналите ги гледаш како аналогни или дигитални.

Трето, дали си сигурен (100%) дека проблемот се појавил откако се случило она што се случило со продолжниот кабел и desktop компјутерот... и дали на истиот продолжен кабел бил приклучен и телевизорот кога се случило тоа.

bumbar:
 
1 - 40 VLE 6735 BP.

2 - Дел од каналите ги глкедам како Дигитални, додека дел - Аналогни

3 - 100%...Претходно дури и вoдителката на Fine Living (сега го нема тој канал) ми изгледаше доволно грдо со куси пантолони како води емисија Flea Market Flip...

P.S.
- Од операторот ми рекоа: - Дечко, кажи им да си проверат во сервис, еве гледаш!?
- Од сервисот ми рекоа: Дечко, ок е ТВ... Нешто често ова со Телекабел вака...

Фала за тоа „дечко“ за човек од 51 година. Тогаш посакав елбети, ЕУ да влезе кај нас, а не ние кај неа...

LordZi:
Ко ќе се споме пикселизација („коцки“) на сликата прво нешто што ми паѓа на памет, освен слаб сигнал од операторот, е лош контакт негде во низот на антенскиот кабел - сплитер, конектор, самиот кабел, ова го кажувам пошто сум го јадел тој стап и јас... :P
Така да, јас би проверил и тоа.

bumbar:

--- Quote from: LordZi on 08.02.2021, Monday, 16:14:20 ---Ко ќе се споме пикселизација („коцки“) на сликата прво нешто што ми паѓа на памет, освен слаб сигнал од операторот, е лош контакт негде во низот на антенскиот кабел - сплитер, конектор, самиот кабел, ова го кажувам пошто сум го јадел тој стап и јас... :P
Така да, јас би проверил и тоа.

--- End quote ---
Ќе му сменам утре кабел - од сплитерот до ТВ...Ај да видиме...

ЛордЗи - Кај тебе се оправи сигналот откако смени кабли?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version