За кондензаторите над табелата пишува дека се во mF,а за калемите важи правило : има три вида тела на кои се намотуваат калемите 1,2 и 3 и секое има свои димензии пр. калем бр 3 има тело со внатречен промер или дијаметар од 38 мм ,а висина на калемот( намотките )е 19 мм.Значи правиш или наоѓаш цилиндер( од дрво,картон,пластика ) со дијаметар 38 мм и висина 19 мм и моташ лак жица на него со потребниот број намотки и дијаметар на жицата.Спрема висината на телото и бројот на намотките лесно се определува во колку слоеви ке биде калемот.Помеѓу секој слој пожелно е да се стави макар самолеплива лента ( изолир трака) или се фиксира секој слој со лепак,лак,фластер итд. кој како сака и може.