Останато > Сè останато

Уред за собирање на пчелин отров

<< < (2/9) > >>

Devil:
според шемава колку што заприметив до кај 15V би можело да се приклучува, најдобро е на 12V

BorceBT:
Ме интересира како се прави мрежата (или плочката) на која пчелите ќе ги „фаќа струја“, дали може некој да објасни или да стави слика?

Devil:
јас колку што знам вака се прави, земаш рамка за пита ( од оние за мед рамките ) на неа негде ан средина ставаш стакло ( можеби не треба незнам ) и ставаш околу жица ( се мота ), но измеѓу да има простор да може да „заглави“ пчела која ќе го добие шокот е сега како што би одело сето ова ..?

него сите пчелари станавме ( добро јас имав, но сега немам повеќе :( )

didy:
Дали ке се прави зависи од нарачателот, проблем е откупот, кај нас во Македонија од фармацијата никој не е заинтересиран, а треба да се чува отровот на ниска температура и има рок на траење.
За шемата во основа тоа се два бистабилни мултивибратори каде првиот има функција на прекинувач и го напојува вториот. каде се регулира времето вклучени-исклучено, а вториот осцилира до 400 херци.
Потребно е стакло и рамка каде на нејзе се приклучува генератотот на струја.
потребно е едниот пол да биде на едната жица приклучен која се шнира во отвори од 1 см растојание, додека другиот пол на друга жица (не се никако споени) и таа се шнира исто на 1 см растојание, но помеѓу првата, или растојанието на жиците е 5 мм.
Напојувањето е 12волти.

Zdravkovski:
A ме интересира дали после посетата на овој склоп пчелата ќе умре или ќе продолжи да живее  ??? .
Оти ако умира најверојатно зианот е многу по голем од ќарот особено ако пчелите се твои нели ? А башка и на природата и се задава удар азтоа што сите ја знаеме улогата на пчелата во системот !

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version