Altec-и се, не може да се лоши
... иако се компјутерски, сепак, сигурно се многу добри
.
За волја на вистината ги однесов еднаш кај сервисер, но бидејќи не можеше да ги отвори, човекот одлучи да не ризикува и да ги оштети при отворање, поради што не ги поправи, па од тогаш не ми текнало да ги однесам кај друг сервисер.
Ако се со клапни или лепени, пиши им крст
. Не дека не може да се отворат, може, ама повеќе време ќе потроши на „адекватно“ отворање и затворање (читај „отворање без да се искрши ништо и затворање со силикон или некој друг лепак кој нема да го деформира звукот“) отколку на поправката
.
Но изминативе месец дена почна да заебава и контролата на звук, па така се случува понекогаш иако сум го намалил звукот на минимум, звучниците да даваат звук до максимум.
Проблеми со потенциометарот (запрашување или лош контакт). Ова можно е да се реши со контакт спреј, без да ги расклопуваш. Земи PRF 6-68 и прсни директно во шипчето на потенциометарот (извади го капачето) и потоа мрдај го лево/десно потенциометарот (volume up/volume down). Види дали со тоа ќе се реши проблемот
. PRF 6-68 го има во Loging.
Недостаток е тоа што, ова чистење со контакт спреј е само привремено. Ќе работи, но по некое време, пак ќе треба да го шприцнеш потенциометарот
.
Дали можете да ми препорачате некој сервис за звучници низ Скопјево или некој член на форумов кој врши поправка на звучници ?
Јас искрено, не знам... нека пишат останативе членови.
Порано сум земал вакви работи на поправка, но сега веќе... не. Почнав со други работи да се занимавам, одамна сум надвор од аудио светот. А и, искрен да бидам, ако навистина толку тешко се отвораат, само за рака ќе треба 1000, 1500 да фрлиш, плус ако треба некој дел да се смени, уште 200, 300, 400, 500... кога ќе видиш, 2000 ќе фрлиш на крајот... мислам дека не се исплати, колку и да се добри.
Мој личен совет: ако можеш или знаеш сам да си ги расклопиш, пробај да ги поправиш, ако не, фрлај во канта нема поента
.
Но, пак ќе пишам, нека пишат и другите членови, можно е да имаат други решенија или предлози за проблемот
.