Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: taurus on 24.05.2017, Wednesday, 00:02:21

Title: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: taurus on 24.05.2017, Wednesday, 00:02:21
Здраво на сите,

од скоро се зафатив да ставам дневни светла на мојот автомобил (рено лагуна), па ако некој има искуство со тоа или има намера да прави такво нешто убаво би било да размениме искуство.
Лед сијалиците ги намонтирав во жмигавците и сега за сега се напојуваат од позицијата, така да мора мануелно да ги вклучувам/исклучувам и светат заедно со позицијата. Следна фаза планирам да е автоматски да се палат со моторот.

Некој со сличен проект?
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: GigaWatt on 24.05.2017, Wednesday, 02:01:12
Може да ги направиш да се палат заедно со контакт ;). Така би требало да се олесни работата, да не мораш да додадаваш дополнителни прекинувачи и слични тракатанци ;). Не дека имам додадено дополнителни денски светла, така да, ова не е од искуство... чисто размислување на темата ;).
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: IGOR_MK. on 24.05.2017, Wednesday, 04:42:57
Кај мене ги пали борд компјутерот веднаш по стартување на моторот. (на контакт се палат пред да стартува моторот). :)
Има повеќе опции на програмирање (подесување).
Можда би можело и кај тебе да се направи исто доколку лагуната има таква опција. ;)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: taurus on 24.05.2017, Wednesday, 09:50:00
Мојата лагуна е меѓу последните без фабрички дневни светла >:(  Поради тоа и ги додавам.
Иаку опцијата за палење на контакт си стои во случај да не успеам да се пали со моторот ама гледам да избегнам палење на контакт поради тоа што има доста негативни страни (празнење на акумулатор, послабо верглање, итн.). Контролата планирам со ардуино да ја реализирам, само прво да стигнат од кина, па ќе видиме како ќе иде :)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: nsu on 24.05.2017, Wednesday, 11:27:23
Е добро да на контакт е наједноставно но ете има мали негативни страни од кога ќе запалиш пуштај. Е добро со ардуино веќе ќе е друго ако се разбираш убаво ќе е. ;D 8)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: GigaWatt on 24.05.2017, Wednesday, 14:51:44
А зошто да се зезаш со Arduino. Провери, можеби board компјутерот има опција за палење на дополнителни дневни светла, само што функцијата (практичната реализација, светлата) не е имплементирана.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: taurus on 24.05.2017, Wednesday, 15:28:36
немам опрема за да правам измени во програмата...
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: GigaWatt on 24.05.2017, Wednesday, 17:36:52
Не, не мислев на софтверски промени. Мислев да прочепкаш, можеби се активира некој таков излез за да активира некое реле или тиристор, за ги активира денските светла, но можеби не е имплементирано тоа.

Поентата ми е, можеби софтверот е ист, ама хардверски не е додадена во конекторите и каблите оваа опција... и светлата не се монтирани, се разбира.

Не се разбирам многу во софтвер за коли, ама производители на електрични уреди често знаат да прават вакви „мајмунлаци“. На пример, ринглата MODEL01 има сензор за тежина и се активира само ако има нешто ставено на ринглата (сигурносна мерка ;), случајно да не го оставиш пуштен), ама ринглата MODEL02 нема. Софтерот и во двете е ист, плочката е таа (мислам на новиве „интелигентни рингли“, со touch сензори, тантара пантара ::)), само што еднава има монтирано сензор и само ако сензорот преспои некој пин со маса или со Vcc, ринглата работи, ако не, дава некој си код на дисплејот или трепка, таму нешто light show, ова она ::)... е на другава не е монтиран сензорот, преспоен е тој пин на адекватното логичко ниво и толку, само си работи... и ова рингла без сензорот е поевтина од оваа со сензорот ::).
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомоби
Post by: taurus on 24.05.2017, Wednesday, 21:13:34
Те разбирам за што зборуваш. Во мојата кола тоа не е случај, во прашање е лагуна 2, а од лагуна 3 е почнато да се земаат во предвид и дневни светла и мислам дека првите серии на лагуна 3 (или можеби за меганите беше) имаа фарови во кои што имаше место за дневно светло, а не беше намонтирано и немаше инсталација, што е токму случајот за кој што зборуваш.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: batka on 25.05.2017, Thursday, 00:57:06
Мислам дека премногу кажавте и напишавте за банална работа- врзи ги на контактот или директно на осигурувачите,само провери  на кој треба ,односно на кој се добива напон по давањето на контактот, направи си нова инсталација и крај! Полесно -здравје. 8)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: bicikle on 25.05.2017, Thursday, 11:03:28
Yep, осигурач и евентуално реле се доволни а може да се додаде реле од контакт да прави паралелен спој на прекидачот за средни...
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: taurus on 25.05.2017, Thursday, 11:57:24
Да, основната функционалност може да се покрие со струја од контактот. Желбата ми е да се палат и гасат со моторот и да се инверзни со средните светла. Ако профункционира со ардуино лесно ќе може да се додадат и други ситни функционалност ама за тоа потоа :)

Во секој случај фала за предлозите и изнесените мислења.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: bicikle on 25.05.2017, Thursday, 17:15:47
Дневните се легални? Како ќе знаеш дали работи моторот?
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: taurus on 25.05.2017, Thursday, 17:23:09
Фабрички дневни се легални, овие што ги ставам изгледаат добро и тешко некој да примети дека не се фабрички.
За детекција на моторот планирам да го мерам напонот во колата.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: nsu on 26.05.2017, Friday, 14:41:53
Мислев дека ја разбрав темава и не ја разбрав сакав во првиот пост да ти пишам само на контакт и терај штемај но некако не сватив викам ко да ми збори атомска физика и затоа од околу одев. Но ете во самиот центар сум погодил затоа и мислев на контакт ќе ти е најлесно тоа ќе го пишев. Но еве почекав и доста се прошири темава но добро ти имаш друга замисла сакаш многу повеќе со ардуиното да добиеш не тие се баш затоа затоа не си сакал преку тоа да одиш.Со среќа бо изработката. Ако направиш биди љубезен целата тема код се постирај за мене тоа е шпанско село но ме интересира да научам нешто ново.Јас терам увек за све по старо сме местеле со еден автоелектричар педесетина и нешто години на контакт уште на старо.Сепак за мене ардуинта и некој дигитални решенија се нешто ново колку пати си велам како е решено еј. ;D Баш интересна замисла имаш браво за иницијативата ако успееш и напрвиш се.Биди љубезен и на форумов сподели нешто
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: bicikle on 27.05.2017, Saturday, 16:03:14
Ќе те зеза, поготово зимно време...  по мое мислење...
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: taurus on 27.05.2017, Saturday, 16:28:14
Ќе те зеза, поготово зимно време...  по мое мислење...
Што би бил проблемот во зима?


Мислев дека ја разбрав темава и не ја разбрав сакав во првиот пост да ти пишам само на контакт и терај штемај но некако не сватив викам ко да ми збори атомска физика и затоа од околу одев. Но ете во самиот центар сум погодил затоа и мислев на контакт ќе ти е најлесно тоа ќе го пишев. Но еве почекав и доста се прошири темава но добро ти имаш друга замисла сакаш многу повеќе со ардуиното да добиеш не тие се баш затоа затоа не си сакал преку тоа да одиш.Со среќа бо изработката. Ако направиш биди љубезен целата тема код се постирај за мене тоа е шпанско село но ме интересира да научам нешто ново.Јас терам увек за све по старо сме местеле со еден автоелектричар педесетина и нешто години на контакт уште на старо.Сепак за мене ардуинта и некој дигитални решенија се нешто ново колку пати си велам како е решено еј. ;D Баш интересна замисла имаш браво за иницијативата ако успееш и напрвиш се.Биди љубезен и на форумов сподели нешто
Обавезно ќе споделам со вас ако проработи :)

Споено мислење: 27.05.2017, Saturday, 16:55:33
Еве како изгледаат вклучени заедно со позицијата:

(http://i.imgur.com/v8gJ6Sa.jpg)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: pevac54 on 07.06.2017, Wednesday, 11:16:28
Паљење дневног светла можеш решити преко сензора за притисак уља. То сам видео на руском форуму
"авео клуб" пре пар година, али нисам урадио јер ми није требало пошто сам ставио јаке лед сијалице
као позициона светла (замена за халогене H-1. H-1 се обично користе за светла за маглу)) и сада њих користим као дневна светла. Иначе, овај руски систем ради тако да кад упалиш мотор и постигне радни пристисак пале се светла, а кад угасиш мотор она се аутоматски гасе.
везује се на буксне за давач притиска уља, и посебно се доводи напајање.

Ту би шему могао и батке да направи. У Србији може да се купи преко огласа.

Ја сам од тога одустао јер по тој њиховој шеми раде само дневна светла а не и задња позициона светла.


Споено мислење: [time]07 Јуни 2017, 10:25:04[/time]
Да ме погрешно не схватиш, јаку позицију користим као дневно светло, а не светло за маглу.
Ове лед сијалице имају хладњак - вентилатор, мада не знам шта ће им јер се не греју много.
Имам волтметар у колима и када раде ова светла не показује никакав пад напона акумулатора,
а мерено инструментом потрошња је минимална (око 7 вати).

Заустављала ме полиција више пута, што због прекорачења брзине, што због редовне контроле и
никада ми нису ставили примедбу на светла.

Споено мислење: [time]07 Јуни 2017, 12:39:22[/time]
Code: [Select]
http://fanzo.org/forum/download/file.php?id=11278&mode=view
Овде има шема и штампана плочица.

Споено мислење: [time]07 Јуни 2017, 12:46:31[/time]
Ово се везује на алтернатор. Преко релеја пали светло са задршком, када алтернатор постигне напон довољан да пуни акумулатор.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: GigaWatt on 07.06.2017, Wednesday, 14:32:03
Имам волтметар у колима и када раде ова светла не показује никакав пад напона акумулатора,
а мерено инструментом потрошња је минимална (око 7 вати).

Па не би ни требало да паѓа... ако на 7W потрошувачка паѓа напонот на акумулаторот, фрли го во ѓубре ;D.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: bicikle on 07.06.2017, Wednesday, 16:10:03
Зимно време ќе пуштиш греачи брисачи парно .  Ќе падне напонот на 12-13в а не на 14.4 и уредот ќе мисли дека аутото не работи. Тоа со уљето е ок .уште по добро ако можеш да мериш рпм, па над 500-600 да се палат.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: taurus on 07.06.2017, Wednesday, 16:42:06
Следна фаза планирам да мерам вртежи и да логирам колку работни часови остварува моторотот во даден опсег (пример <1000, 1000-1500, 1500-2000 итн.) само прво да го намонтирам, да пуштам инсталација и да видам како да се врзам со алтернаторот за вртежите.

Инаку за напонот не очекувам толку да паѓа од парно и брисачи бидејќи сега мерев со светла и без светла и промената е помала од 0.1 волт, а греачите се палат пред стартување на моторот.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: nsu on 08.06.2017, Thursday, 09:11:19
Да така е значи сега акумулаторот ти е добар и нов ако е.  Плус уште а и летно време е 75 посто полн е ако не и 100 ако го полни алтернаторот нема врска.Но и мојот беше нов но зимоска на минус дваесет друго е кога го цедев еднаш 12,3 падна и на педесет посто ај дека е нов држеше 50 посто па падна и на 25 посто 12 волти на минус 22 но чим се затопли алтернаторот одма го доиспуни и сега ми е некаде 12,4 12.5 после полнењето втора година му е оваа едно зимо само година ипол фактички и сега цело време ми е 75 посто полн неможам пак да го задржам на 100 посто треба да го дополнам со полнач до 100 посто го направив тоа но  после еден месец работа на кола и допуна со алтернатор пак ќе си падне на 75 посто па на еден постар и до 50 посто 12,3 напонот.Овој исто сега моментално ми е 12.4.А сум имал акумулатор бре пет шест години ни дополнуван со полнач ни ништо колку зими прошол 12,6 стои 100 посто полн не мрда.Но сменив алтернатор полни нема гајле се тера исто неколку години но до 100 посто не исполнува половниот не е добар како стариот.Ништо не е како најстарото фабричкото.Но пак тера акумулаторот
 три години да речеме не повеќе како порано.А и акумулаторите не се тоа што беа.Добро најскапите се држат тука затоа се најскапи.Нормално откога ќе ја изгасиш колата наредното утро се мери напон при старт.Така најубаво знаеш на што си. И тоа е реалната слика.Не е страшно пали али друго е сега друго е зимно време.А убаво е да се контролира цело време напонот на акумулаторот да се трудиш да е 12.6 да е 100 посто секогаш или ајде 75 посто оти ако преку лето ти е 50 посто зимоска тешко него стресови мора алтернаторот после средно возење низ град барем 75 посто да го полни.Тоа е супер.Убаво е цело време да го контролираш и дополнуваш но ако алтернаторот го полни до 75 посто нема гајле.Треба да си го чистиш алтернаторот често имав запрљан контакт но одма го решив.Некогаш глупаво е но ако имаш можност и не те мрзи како мене да си го дополнуваш многу кратко на полнач акумулаторот да го освежуваш да се држи цело време додека сака он на 100 посто.Векот на траење му се продолжува.А ако ти го полни алтернатор до 50 посто 12,3 на ладен обавезно сакал нејќел ќе го дополнуваш после некое време реков зимно време нормално е до пола полн да остане но летно време треба да е по полн.Ако е под педесет треба да го одржаваш дополнуваш со полнач може ќе пали но зимоска чао само се уништува па и испод 50 ако тераш.Друго му е за работен век кога го старташ со 50 посто друго со 75 или 100. Најубаво 12.6 волти.Ах тие алтернатори преку глава ми се од правење веќе а и тестирање.Полека полека сите имаме половни автомобили добро веќе на возила што фаќаат дваеска од старост настанува генерално проблем де со алтернатор де запрљан контакт.Новите половнаци тераат.Ах тие алтернатори ми се повраќа  од нив или алансерине прости како зелка али и ги испитуваме професионално.Значи како допуна за темава пошто напоните ви се важни за правилно функционирање на склопот милуван и посакуван едно е сега летно време а друго е зимоска на минус 22 кога акумулаторот и онака не работи со полн капацитет 8) 8)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: Z31GH on 08.06.2017, Thursday, 12:23:19
Дечки, сепак не знам дали е тоа легално. Најдобро да прашате, оти имаше случаеви каде што полицијата им правеше проблем на некои возачи што додаваа светла. Исто така на регистрација на возилото. Еден си ја осветле предната маска па јаде казна, а друг исто така дека наместе јаки лед диоди на задната регистрација. Се секавам еден печалбар од америка мака мачеше со новиот автомобил увезен од америка. Трепкачите не беа жолти, туку бели со жолта сијалица, па мораше на нов автомобил да монтира жолта платика на трепкачите.
Кај новите автомобили фаровите се опкружени со диоди, но за тоа си има фабрички А-тест. Јас не би додавал ништо, оти може беља со законот да имаш, но ти си знаеш :)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: GigaWatt on 08.06.2017, Thursday, 13:43:49
Ех, ако сака може да те казни и зошто немаш боца за гаснење пожар или зошто медицинскиот кит ти е во багажник ::)... ако сакаат да те казнат, ќе те казнат.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: taurus on 08.06.2017, Thursday, 15:50:06
Додавањето сијалици не е легално ако не е направен А-тест, свесен сум за тоа.
Целта не ми е да е легално, секако нема да успеам (освен ако не ја сменам колата со понова), туку да ја вршат работата на дневни светла на начин како А-тестираните. Сега како што се токму тоа и го прават, не изгледаат нападно, не пречат на другите возачи, се познаваат на сончево време и од подалеку и до сега 4-5 пати сум поминал покрај полиција што запира низ град и воопшто не ме запреле.

Ставот со казнување ми е ист како на гигават, ако решиле да те казнат ќе најдат зошто :)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: bicikle on 08.06.2017, Thursday, 17:01:59
@nsu ни колата не е како што била кога била нова, затоа ни акумулаторот не е.
Точно дека ако сакаат да те репнат ќе те репнат, ама не мора да им даваш причина да сакаат баш тебе да те репнат. Инаку ако не е помината на хомологација колата може и да ти ја одземат ( трајно ) и плус 500 еу. казна. Јбг...
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: nsu on 08.06.2017, Thursday, 19:01:21
bicikle токму така се слагам затоа и споделив искуство и мислење ништо не е трајно.Абе со казниве се те молам ако сака да те казни ќе те казни.Абе сум му напукал LED диоди во светлото внатре во кабина во средина 300 мили ампера струја ми влече али кога ќе го пуштам трешти и за тоа ако сакаат ќе ти пишат казна дечко а трешти како елка а. Абе што таман булевариве ги направија неможеш 90 на раат да возиш  8) ;D Миле Паника кога беше пијан ви текнува  ;D ;D ;D
Code: [Select]
https://www.youtube.com/watch?v=kEVjHlx1V18
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: Z31GH on 08.06.2017, Thursday, 22:39:43
За светла во кабина не верувам дека прават проблем, но да, ако сака да те казни, ќе те казни, па уште и неатестирани дневни светла, ако ги заприметат, готов си.
Што се однесува до нашата сообраќајна полиција, се согласувам со она „ако сака да те казни, ќе те казни„, најповеќе казнуваат за ненамерни прекршоци, нешто кое што може да прогледаат низ прсти, нешто што и не загрозило некого, тука најповеќе рокаат.
А полицијата во Швајцарија е навистина пријател и заштитник на народот.  Таму направив ненамерен сообраќаен прекршок и полицијата ме запре и ме праша дали знам зошто ме запрела. Претпоставив за што се работи и му кажав. Полицаецот ги прегледа моите исправи, ме искара (се осеќав како маково зрно) и ми рече да пазам малку повеќе, ми ги врати исправите и ми посака среќен пат. Не бев казнет, а за истото овде ќе ме опнеа 300-500 евра сигурно.
Поука:
Доколку полицаецот само те искара за сторен ненамерен прекршок, ќе се осетиш засрамен и ќе внимаваш малку повеќе следниот пат.
Доколку за ненамерен прекршок бидеш казнет со драконска казна, тоа нема да смени ништо.

Кога се наоѓам во ситуација во сообраќајот каде што навистина треба да се пази, одма се сеќавам на швајцарскиот полицаец и внимавам многу повеќе.

Полицијата треба да е пријател и заштитник на народот, а не џелат.

Извинете малку оффтопик е мојот коментар, но ете морав и ова да го споделам
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: nsu on 08.06.2017, Thursday, 23:09:47
Така е секој си има по некоја дешавка која ја памти 8)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: GigaWatt on 09.06.2017, Friday, 02:29:30
@Z31GH: Не е поентата да те опомене. Тоа порано го правеа почесто и помалку сообраќајки имаше (ако ви текнува). Арно ама, од МВР, ако ви текнува, се бунеа, малку казнувале ::), па нели (ова се беше неофицијално) им воведоа квота за казни. Ако не ја исполни квотата, ги репнуваа по плата.

Ова и не беше баш така одамна... 2007, 2008, така нешто. Од тогаш па наваму работите отидоа во надолна линија ::). Се зголеми бројот на сообраќајки, казни и што уште не... демек бројот на казни не бил според европски стандард, сме требале да казнуваме повеќе ::). Па и платата не ни е европска, па што не ни го дигнаа стандардот ::). Па уште кога го воведоа она да може со полни 16 години да полагаш за кола... држ ме мајко ::). Тоа им беше тотален промашај. 16 години дете да полага :o. Јас знам каков бев на 16 години... и тогаш да ми дадеа да полагам, немаше да сакам... ама совесен бев и знаев колку ми е зелена тиквата. Не секој тинејџер знае да ја направи таа проценка.

Најсе, отидов и јас на страна од темата.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: bicikle on 09.06.2017, Friday, 11:13:40
Дур ти пишува казна за банална работа како неносење на каиш, лопата или кношка за поени, 5 души ќе поминат на црвено ќе испотепаат ни лриви ни должни, него нејсе. Не знам колку ти е во сеќавање гига, ама и шред 2008 имаше некоја стимулација на пишување казни, нешто како процент...
Он топик:
Кај дизелките има жица оставено плус на алтернаторот за обртометар, а кај бензинците се зема согналот од бобина. Е сега новите аута се со засевни бобини, засевен сигнал и засевем фидбек на секој цилиндер, па ако врзиш паралелно уште нешто може да јави грешка. Во тој случај уредот ќе го врзиш на еку-то, што е далеку по сложена опција...
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: taurus on 09.06.2017, Friday, 12:55:03
Дизел е кај мене и колку што најдов на интернет алтернаторот има контакт кој што дава пулсеви ама не е врзан со ECUто и не е баш пристапен без демонтажа на некои делови... Од тие причини првично одам со напон, па кога ќе имам повеќе време ќе го врзам со алтернатор.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: GigaWatt on 09.06.2017, Friday, 15:16:40
Дур ти пишува казна за банална работа како неносење на каиш, лопата или кношка за поени, 5 души ќе поминат на црвено ќе испотепаат ни лриви ни должни, него нејсе. Не знам колку ти е во сеќавање гига, ама и шред 2008 имаше некоја стимулација на пишување казни, нешто како процент...

@Z31GH: Не е поентата да те опомене. Тоа порано го правеа почесто и помалку сообраќајки имаше (ако ви текнува). Арно ама, од МВР, ако ви текнува, се бунеа, малку казнувале ::), па нели (ова се беше неофицијално) им воведоа квота за казни. Ако не ја исполни квотата, ги репнуваа по плата.

Ова и не беше баш така одамна... 2007, 2008, така нешто. Од тогаш па наваму работите отидоа во надолна линија ::). Се зголеми бројот на сообраќајки, казни и што уште не... демек бројот на казни не бил според европски стандард, сме требале да казнуваме повеќе ::). Па и платата не ни е европска, па што не ни го дигнаа стандардот ::).
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: nsu on 09.06.2017, Friday, 16:11:40
Така е и затоа многу помали сигнали има лесно е за бензинците само од бонбина пилести импулси и готово неколку отпорници само во старите аналогни обртометри.Али кај дизел често ако ти се зезне давачот кај алтернаторот па и затоа се поскапи обртометрите за дизел моторите специјална електроника бараат малце посложени се кој отворил од дизел и бензинец приметил разликата е евидентна  ;D 8)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: bicikle on 12.06.2017, Monday, 22:42:00
Не се зезина туку-така давачот, односно ако се зезне ќе почне алтернаторот и да не полни, секако ќе мораш да го сервисираш... На реглерот е поврзан мислам.
Гига, и самиот пораст на населението статистички делува на сообраќајки итн. Како и да е, верувај не сакаш да ја раздлабочиме темава со сообраќајот  :)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: nsu on 12.06.2017, Monday, 22:57:38
Не се зезина туку-така давачот, односно ако се зезне ќе почне алтернаторот и да не полни, секако ќе мораш да го сервисираш... На реглерот е поврзан мислам.
Гига, и самиот пораст на населението статистички делува на сообраќајки итн. Како и да е, верувај не сакаш да ја раздлабочиме темава со сообраќајот  :)
На реглерот токму така факт закон точен ;D ;D ;D. Ех дедоми положил 1952 18506 број на возачка дозвола таткоми 1980 77440 значи за неполни 30 години колкава разлика јас положив 2015 во август уште два месеца две години 383697 број на возачка дозвола другар помал некој месец од мене 405000 сега многу повеќе ги има значи веќе ми рекоа и 500000 стигнале добро некој од тие 500000 возачи се и починати како дедоми пред некоја година некој од порано но многу возачи не има тоест луѓе со возачки дозволи колку се од нив возачи којзнае.Другарка положи а кола немаат сестрами исто не ми се вози стресно е.Друг вели трошок е но тоа е друга тема сега но сега е тренд.Те исмеваат онака ако си четврта година и не полагаш за кола како изрод ги гледаа таквите во мој клас сите полагаа освен двајца а едниот сега дури полага а другиов од кога се вработи.По автобуси само за тоа зборат а и ние сме збореле како полагале(сме полагале) како паднале(сме паднале) е тоа е кога си четврта година муабетот.А тато вели јас сам си заработив за дозвола е така е најубаво но ова за друга тема 8) 8) 8)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: batka on 12.06.2017, Monday, 23:43:25
Отидовте многу во офф топик и престанете со сите возачки и дедовци, ами држите  се до темата!
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: batka on 13.06.2017, Tuesday, 00:34:44
Sir Yes Sir

Мислам дека треба една недела да паузираш од Форумов. Ако и понатаму продолжиш со глупости трајно ке бидеш баниран, па ти размисли си.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: bicikle on 13.06.2017, Tuesday, 04:12:55
Тоа ми беше зборот батка, да не се дебатира за сообраќај пошто е скроз друга
 " политика ", али ако се крши законот со ваков тип на светла да се нагласи. Сепак од едукативен аспект проектов е во ред.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: batka on 13.06.2017, Tuesday, 14:13:46
Не се зезина туку-така давачот, односно ако се зезне ќе почне алтернаторот и да не полни, секако ќе мораш да го сервисираш... На реглерот е поврзан мислам.
Гига, и самиот пораст на населението статистички делува на сообраќајки итн. Како и да е, верувај не сакаш да ја раздлабочиме темава со сообраќајот  :)
На реглерот токму така факт закон точен ;D ;D ;D. Ех дедоми положил 1952 18506 број на возачка дозвола таткоми 1980 77440 значи за неполни 30 години колкава разлика јас положив 2015 во август уште два месеца две години 383697 број на возачка дозвола другар помал некој месец од мене 405000 сега многу повеќе ги има значи веќе ми рекоа и 500000 стигнале добро некој од тие 500000 возачи се и починати како дедоми пред некоја година некој од порано но многу возачи не има тоест луѓе со возачки дозволи колку се од нив возачи којзнае.Другарка положи а кола немаат сестрами исто не ми се вози стресно е.Друг вели трошок е но тоа е друга тема сега но сега е тренд.Те исмеваат онака ако си четврта година и не полагаш за кола како изрод ги гледаа таквите во мој клас сите полагаа освен двајца а едниот сега дури полага а другиов од кога се вработи.По автобуси само за тоа зборат а и ние сме збореле како полагале(сме полагале) како паднале(сме паднале) е тоа е кога си четврта година муабетот.А тато вели јас сам си заработив за дозвола е така е најубаво но ова за друга тема 8) 8) 8)


Овој пост горе не ни мислам да го читам, бидејќи започнува со 1952 кога некој дедо положил возачки..... Ако под тоа се рачуна*сообраќај*.. 8) Нема ни Е од едукација.... само *спам*.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: taurus on 13.06.2017, Tuesday, 14:28:40
Истражував малку за легалноста на додавање светла на возило и го најдов следново:

Извадоци од ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
Сл. Весник на Р. Македонија, бр.169од 30.09.2015година
Quote
Член 92
(1)  Возилата  не  смеат  на  предната  страна  да  имаат  светлосни,  светлосно - сигнални или
рефлектирачки уреди или материи што даваат светло со црвена боја, а на задната страна - уреди или материи што даваат светло со бела боја.

***

(4)  Мандатен  платен  налог  со  глоба  во износ  од  25  евра  во  денарска противвредност  во мандатна  постапка  ќе  му  се  издаде,  односно  ќе  му  се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Според членов не е забрането додавање на светла кои имаат соодветна боја.
Ми текнува дека камиониве ги украсуваат со светла во разни бои (освен црвена) од напред и шетаат низ цела европа без проблем....

Еве и за дневни светла:
Quote
Член 86
(1) Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.
Дефиниција за соборени светла во законов не најдов ама логично би било додадените светла да не може да се сметаат за соборени, што значи користењето на додадените како соборени е незаконски и е на сопствен ризик.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: GigaWatt on 13.06.2017, Tuesday, 17:55:14
Види на pravo.org.mk да не има дополнувања и измени на законот. Доколку има, можно е во некоја од нив да е додефинирано што се соборени светла.

А не е лошо и да си имаш копии црно на бело од деловите од овој закон и неговите дополнувања во кола. Може да те репнат бидејќи ни самите не ги знаат законите ::)... или бидејќи така им текнало и играат на карта на неинформираност на граѓаните.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: nsu on 13.06.2017, Tuesday, 20:36:40
Ех Гига мислиш ќе се спасиш копии ако си носиш 8)
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: munja on 13.06.2017, Tuesday, 23:03:38
Најчесто нашата полиција додадените дневни светла на браник ги рачуна како магленики и пишва казни за пуштени магленки несоодветно.Па сега ти оди докакажи им дека тоа се дневни светла .
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: nsu on 14.06.2017, Wednesday, 00:42:53
Така точно е ајде де оди објасни после магла нема а ти струја трошиш шефе а ова не троши струја не бе денски се  некоја логика нивна.Оф леле тоа е имам некои обврски со електроникава незнам а треба и да пазам што пишувам.Еве гледам нов пасус да се корегирам.Оти веќе сум за отстрел
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: GigaWatt on 14.06.2017, Wednesday, 01:51:18
Најчесто нашата полиција додадените дневни светла на браник ги рачуна како магленики и пишва казни за пуштени магленки несоодветно.Па сега ти оди докакажи им дека тоа се дневни светла .

Ако носиш копија од закон во кој експлицитно е дефинирано дека тоа што всушност го имаш намонтирано не се маглинки, може и да не добиеш. Не викам да се расправаш, едноставно да потенцираш, со факти (со папирите во рака :D), дека тоа не се маглинки и дека најпрописно ти се поставени, како што е дефинирано во законот.

Проблемот е што во нашите закони има мал милион недоречености ::). Тоа е вистинскиот проблем. Ама па има има и друга финта која често ја користат правиците: ако не е забрането, дозволено е ;). Може и така да се извадиш ;).
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: bicikle on 14.06.2017, Wednesday, 03:09:46
Кога веќе почнавме.. тој документ се вика а-тест...
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: GigaWatt on 14.06.2017, Wednesday, 03:48:46
Ако во законот е експлицитно дефинирано дека треба да имаш А-Тест за тоа, да, тогаш тоа е А-Тест. Ако не е... значи не е забрането да возиш и така.
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: nsu on 14.06.2017, Wednesday, 09:39:00
Па колку што читав од она на taurus со регулативите нетреба атест ваљда баждар и за тоа нема да земаат кој знае.Абе треба како мене стара каросерија сицеви из рата си возите old timer ни диоди ни ништо внатре тоа е најдобро решение за проблематикава јас мислам
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: GigaWatt on 14.06.2017, Wednesday, 09:54:03
Најдобро решение е да имаме средена држава, закони и законодавен систем... ама пуста желба ::).
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: nsu on 24.06.2017, Saturday, 19:02:03
Taurus го гледам активен е на форумов и сега беше којзнае што направи со проектот до кај е што има порачано што чека да му стигне. Мада и жешко е не се работи  ;D 8) 8) ;D
Title: Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
Post by: taurus on 27.06.2017, Tuesday, 12:26:30
Да, на сонцево ич не ми се пика под хауба за жици да пуштам :D Колото иначе е направено на протоборд, програмата напишана, за монтажа треба да дотестирам,  да нацртам плочка и некоја мала кутија што тоа би го собрала. Во моментот кога се ќе е проверено и документирано, одма објавувам, без гајле ;)