Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: batka on 16.06.2011, Thursday, 16:57:32

Title: Претворувач за две неонки од 20W на 12 V
Post by: batka on 16.06.2011, Thursday, 16:57:32
Да не седиме така со еден пријател направивме една шема,всушност претворувач за две неонки по 20W на акумулатор од 12 V. Шемата е крајно едноставна,само кога го врзувате  третиот намот кон базата на транзисторот ,треба да го ставите почетокот на намотката.Ако во случај да не проработи од прва,сменете ги изводите на калемот во базата на тр.2N3055.Тој е мотан со 0,8 мм Cul,а другите два со 0,3 мм. неонките може да бидат и прегорени ,а пожелно е при спојувањето кратко да ги споите двете електроди на неонката на секоја страна и така да работите! Калемот е мотан на јадро од  ферит 1 см промер,од стар радио приемник.