Правила нема! Прво- треба по можност да слушнете готова,направена кутија.Така најдобро ке оцените дали вреди да се мачите да ја правите! Ова кутија е направена низ Македонија барем десетина пати,колку јас знам,а можеби и повеќе.Значи ,проверена конструкција.Многу зависи и какви басови ке ставите. Поквалитетните басови се *потврди*,отсечни,осетливоста е голема- над 95 дб и повеке.Две 15-ки поставени под определен агол го шират звукот .Кутијата е конструирана да се пренесува лесно со вградените тркалца,така што и сам човек полесно ке се справи со транспортот.Значи,ова е бас-хорна,со соодветно димензиониран канал кој се шири кон излезот на кутијата. Овакутија може да биде основата на еден озбилен систем за озвучување.Треба да се дополни со еден или два пара средно-високотонски кутии,најдобро 10 или 12 инчни среднотонци и високотонци (хорни или соодветни твитери).Сето тоа поврзано со соодветен појачувач ,или систем на активна свртница и соодветен број засилувачи.Во секој случај ова е конструкција која по тежина и квалитет спаѓа веке во некоја профи-класа.