Author Topic: Помош при правење на звучна кутија  (Read 4238 times)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Јас реално би му дал околу 80W РМС, можда 100W музичка сила. Би можел да го возиш со тоа 200 вати појачало, само да не претеруваш.

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Утре ќе гo тестирам па ќе видам што ќе направам... Сега имам друго прашање ако е надвор од темата слободно избришете го.. На радиото што се излезите за вуфер ( марка - pioneer deh-1500r ) за поврзување на вуферот требаат ли некакви додатоци (свртница,скретница) или само излезите од радиото во појачувачот па во вуферот?
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Доколку од излезот има само ниски фреквенции-басови, тогаш тоа е филтриран излез и можеш како таков директно на појачалото да го врзеш. Ако свири цел спектар, ке треба да му направиш активен филтер за вуфер.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве ти димензии и изглед на вуфер со 10 инчи бас.Овој твојот го имам некаде во подрум .Тој е 120W бас од средно-долна класа,би се рекло дека е во ред за ова намена.Кутијата е од 30 литри ,од 20 мм иверка или медијапан.За финишот нема да спориме.Рефлекс отворот е 76 мм.Работи ја кутијава по димензии и нема да имаш промашување.За напојувањето на басот имаш повеќе можности ,ама оние 200W кои ги спомна ке завршат работа,ако знаеш да работиш со нив.Внатре дампирај ја кутијата со пресувана стива или некој друг материјал.За почеток на бас рефлексот не ставај ништо.И со среќа ,ако се одлучиш за ова кутија.

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Одг: Помош при правење на звучна кутија
« Reply #19 on 01.12.2014, Monday, 17:45:49 (Edited 01.12.2014, Monday, 17:48:57) »
Штотуку го пробував за жал нема филтрација свири како и останатите звучници ќе ми треба и филтер за ниски тонови така? Батка ти благодарам за звучната кутија и за ватажата на вуферот, да се потсмири малку времето сигурно ќе ја направам  :)
Доколку имате добар и испроба едноставен филтер за тој вуфер пратете шема поздрав..
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Пребарај во темата аудио, има повеке такви теми за филтри за субвуфер. Мој совет, оваков бас многу лошо ке работи во бас рефлекс кутија. Моја препорака е да направиш барем 50 литри компресиона кутија, убаво наполнета со лио.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Помош при правење на звучна кутија
« Reply #21 on 01.12.2014, Monday, 19:40:31 (Edited 01.12.2014, Monday, 20:07:17) »
Без многу филозофирање,бидејќи знам дека ако знаеше што каде и како да пресметуваш ти ќе си пресметаше и немаше да прашаш на  Форумов.Затоа,ако сакаш со пасивен филтер да поминеш,еве ти шема.Како кондензатор земи по два електролита со работен напон барем 63-100V и тоа започни 2х470 ,2х330,2х220.... па што ке те бендиса од звукот.За вредноста на калемот од 2,6 мН имаш во табелата податоци.Направи си тело,набави жица и мотај.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Чим се работи за вуфер, најдобро е да си направиш активен филтер. Еве еден испробан, барем 10тина пати. Наместен е да ги скрати фрекбенциите над 88Хз, и свири бајаги длабоко а лесен за изработка. ИК може да биде ТЛ072.


Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
slider оваа твојава шема може да се измени малце за да може да се штелува граничната фрекфенција, или е фиксирано 88хз ?

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Помош при правење на звучна кутија
« Reply #24 on 01.12.2014, Monday, 22:43:33 (Edited 01.12.2014, Monday, 22:46:18) »
Може. Наместо оние 2 отпорника од 18к, може да се стават отпорници од 10к а со нив редно да се врзе дупли потенциометар од 22к, со тоа ке се менува резната фр. Од 50Хз до 130Хз