За моќност, искрено не сум сигурен, да не те излажам, за ова ќе треба со некој друг да се консултираш. За звучниците пишува дека можат да издржат синусна моќност од 35W, па по некоја логика би требало да бараш високотонец со синусна моќност од 35W, мада како што реков не ме земај за збор, не сум сигурен :S.
Еве како „одприлика“ треба да изгледа АФК-то на високотонецот. На сликата обележана е и долната гранична фреквенција (барем таа која јас би ја избрал за долна гранична фреквенција кога јас би ја правел свртницата). Кога ќе размислам подобро, не е лошо да се земе и малку повисока фреквенција за долна гранична фреквенција на филтерот (свртницата), за конкретната слика не е лошо да се земе горната гранична фреквенција да биде 6 или 7KHz, но во твојот случај таа вредност не би одговарала бидејќи не знам дали тој бас-среднотонец ќе може да репродуцира фреквенции до 6 или 7KHz :S.