Author Topic: Каде можам да најдам вакви гумичиња (или што и да се)  (Read 3291 times)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Хаха ха   ;) ме изнасмеа пред спиење  алал да ти е , Дамар лак овие сликариве станале аудио инжињери а.
По интернетов  очигледно ќе најдеш многу глупости  , само ако ги бараш. :D

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Каде можам да најдам вакви гумичиња (или што и да се)
« Reply #31 on 26.01.2014, Sunday, 23:37:30 (Edited 26.01.2014, Sunday, 23:41:11) »
Погледајте на странскиве форуми. Има луѓе кој што имаат фабрики за звучници и многу големо знаење и опрема. Тие коментираат на овие теми и имаат многу докази и испитувања направено.

Споено мислење: 26.01.2014, Sunday, 23:41:11
Code: [Select]
http://www.speakerdesign.net/midrange_tweaks/insignia/insignia_woofer.htmlЕве еден преубав пример со детална анализа. Разгледајте му ја и страната има стварно добри звучници методи и идеи.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Каде можам да најдам вакви гумичиња (или што и да се)
« Reply #32 on 26.01.2014, Sunday, 23:49:30 (Edited 26.01.2014, Sunday, 23:53:50) »
Абе,батки,јапонциве нивните дрвени мембрани во саке ги натопуваат и се фалат најдобри биле! А,вие ,као  многу добри стручњаци што се сте пробале ( ко бајаги ) коментирате нешто што не сте виделе! И уште викате - не може! Мојот  совет е - пробај за да знаеш! Ако не знаете или ве страв да не згрешите бесплатно ке ви направам  еден пар басови- па мерите потоа и грамажа,килажа и сите други можни параметри.Ова постапка за која се смеете не е ниту нова ,ниту јас сум ја измислил и затоа ако не сте пробале не ја потценувајте ! Има луѓе што виделе,читале и пробале, сигурно не сум само јас запознаен со ваков метод на обработка на мембраните.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Не викам не се е можно во  македонија ќе треба да ги правиме мембраните од сушена кора од пиперка и да ги потопуваме во ракија  ;D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Кај нас е обично така - ако некој тука каже нешто ,смешно и чудно е ,а ако го прочитате тоа во некој странски весник или форум- е ,тоа е нешто!  ;D ;D

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Батка ти кажав пробано ми е, не е добро ама баш ич.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Каде можам да најдам вакви гумичиња (или што и да се)
« Reply #36 on 27.01.2014, Monday, 00:34:31 (Edited 27.01.2014, Monday, 00:37:08) »
Или си го немал  вистинскиот рецепт или не знаеш со четка да работиш  ;D ;D  Порано,скоро сите руски,бугарски и YU модели на звучници така сме ги обработувале ( и не само јас!). Ако изнесеш на дожд или снег некоја 10-12 -15  ,а да  не е премачкана ,влагата ке ја деформира и ке се скине,прегори или во најлош случај ке зачури. ;D ;D Затоа премачкувавме  мембрани.За пофини работи и поскапи звучници е токму тој раствор кој мириса на ацетон :D или алкохол ,и во него се наоѓа растворен колофониум и пчелин прополис.Тој се прави во помали количини и се троши за кратко време,со постојано протресување на шишенцето со растворот.(15 гр.колофониум и 5 гр. прополис на 50 гр 96% алкохол).Треба да стои 5-6 дена на топло  и светло место. ;) 8)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Мене ова повеке ми личи на рецепти за правење чајче против воспалени крајници :D :D :D Се шалам.

Имав ставено само околу местото кај се допираат калотата и мембраната, толку тенко колку да се покријат мали дупчиња на работ каде се залепени. Го намали СПЛ за 1 децибел, и Qts од 0.82 го качи на 0.89. Fs го спушти за 1 херц. Со друг збор-нов звучник, полош

Доколку се направи целата мембрана не можам ни да замислам што ке се случи со и онака тапа звучниците на кои би се извело сето ова.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Каде можам да најдам вакви гумичиња (или што и да се)
« Reply #38 on 27.01.2014, Monday, 00:51:11 (Edited 27.01.2014, Monday, 00:54:36) »
Со пипета ли ставаше? ;D ;D  Абе ајде не се потресувај толку батка! Си се стресол за втора децимала :D :D

Споено мислење: 27.01.2014, Monday, 00:54:36
Ако не ти се погоди за звучниците можеш да го употребиш за крајници!  Во секој случај можам да замисламколку ке ти се покачи Qtc на крајниците!! :D :D

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Quote
Ако не ти се погоди за звучниците можеш да го употребиш за крајници!  Во секој случај можам да замисламколку ке ти се покачи Qtc на крајниците!! Cheesy Cheesy
Хахаххах, сега стварно си ме насмеал :D

Сега сериозното.
Со таа децимала сакам да кажам колку едноставно и лесно изгледа тоа премачкување, и како да нема никакви ефекти на параметрите, но со толку мала количина тоа е огромна разлика! Пази, во ТС параметрите разлика во Qts се мери во децимали мој почитуван батка.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
темата отиде малце подалеку, али добро е да се дискутира.
Пво за темата, прашање до батка: каде може да се најде таа " Guma_u_rolni.jpg " и ако имаш работено колку см е дебела?
инаку имам вкрутувано оштетени звучници(за среќа не се овие толку оштетени) со обичен лак за коса (тоа беше пред некои 10-15 години кога многу работи беа научна фантастика), па дури и амортизерот беше крпен со силикон, парчиња од мембрани беа заменувани со парчиња од хамер... и пак свиреа, секако сите параметри беа веќе одамна отидени.. Точно дека не го даваа пригиналниот звук.
Исто така имам „стегано„ звучници со лак за паркет, што дава +10% тежина, а 200% крутост без некои драстични промени во звукот.Секако нема потреба нов јбл или рцф да премачкуваш со ништо, али некој стар звучник што амортизерите, спајдерите(долните амортизер) му се секако отидени, нема ништо да изгубиш ако го премачкаш. Да на нов звучник ќе изгубиш, ама на некој еи-ниш не верувам. Исто имам пробувано и со стиропор и бензин да ги мачкам, но ги криви мембраните. Рака на срце не сум ги мачкал со дрвофикс, но не верувам дека е многу поразлично. Друга работа, гледам денешниве басови се све од 2-3мм материјал(имрегрирна хартија најверојатно, некои и армирани се) па секако ќе упие многу повеќе (лепак лак сеедно) од тие нишките на пример кои имаат мембрани со дебелина од лист на тетратка и најверојатно се полураспаднати :)
Во конкретниов случај станува збор за тсс звучници, кои не се со некој си квалитет, па затоа сакам да ставам по 2 во кутија да не давам мн пари за кутии.... Изработени се од импрегрирана хартија со мрежеста структура вкрутени со некој премаз налик на пластика, т.е. лицето им е како пластика, а опачината хартиена.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па некој го даде одговорот -вакви ролни се продаваат за изолација,како подлога за ламинат,потоа кога се става термо или звучна изолација.Го  има во стоваришта за изолационен,градежен материјал на метро.Мислам дека метар квадратен од пола сантим беше 80 денари.Друго,дрвофикс се употребуваше одамна за премаз ,секакона постари звучници ,макар некои го предлагаа и за новите ( постари) звучници .Модерниве технологии донесоа кевлар (поскапи)и  пластика ( поевтини) звучници.Но,факт е дека иако некои сметаат дека со тоа се менува втората децимала на нивните параметри,други пак велат дека звукот се подобрува-мембраната  се движи попрецизно,басот е стегнат,добива  јачина.Но иако ефтини ,звучници поретко се купуваат,кутии поретко се градат.Уште и ако ги исплашите со формули, параметри, мерења... ќе идат и во првата продавница ке си купат некои 2.1 траскалчиња да им свират на компјутерот и тука е крајот.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Се е за респект во однос на експерименти но не ја гледам поентата во однос на изгубено време кое сигурно ќе го има многу, кога крајната цел е да направиме звучник и да слушаме музика. Ако се работи за некои стари звучници  па сака некој да си поигра во ред но добивките едноставно се несигурни  односно повеќе губиш одколку што добиваш . факт е дека губиш осетливост  и Qts со било кој премаз а тие се едни од најважните параметри , не ја гледам поентата . А тоа дека сум воодушевен од глупости по странски форуми Батка  па и не сум баш има луѓе кои немаат што да прават а имаат доволно време пари и мерна опрема  па си се занимаваат со експерименти . Јас лично не би премачкувал ништо па дури и да се работи за евтин бас .

Offline TimElektronik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
Интересна тема.
Три страни за ништо....
Велосипед ај после дојди кај мене да ти даам ја тебе диктони за кутиите.Имам и дрвофиx ако лепиш столици.....

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Очигледно прв пат си на Форум?? 8)