Author Topic: Дизајнирање на звучни кутии  (Read 4071 times)

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
А зошто да грешат ако немораат? Зошто во старт не направат кутија која ќе биде пристојно добра?
И зошто јас да давам нацрти за кутии со компоненти кои никој на форумов неможе да си ги дозволи? Коан е поентата во тоа?
Ете одговори ми на овие неколку прашања.

Металика, го прочитав твојот топик за двосистемска кутија. Сметам дека ја доби целокупната помош што ти е потребна.
Ако веќе си инсталирал WinIsd незнам што друго помош ти треба? Програмот ти кажува речиси се.
Направи неколку симулации, направи принтскрин и покажи ги. Да видиме што си добил и да те насочиме понатаму.
Како ќе научиш ако некој друг ти направи се?
Ете почни од таму па ќе те насочам што понатаму.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
зашто грешат ако немораат, право да ти кажам и пиштол на глава да ми ставиш незнам ама има и такви луѓе, не викам дека се правам како што треба зашто за повеќето работи сам се имам учено, па некој ако ми каже како треба правилно и со добро образложение за тоа ке го правам така, а зашто некој си тера по старо стварно незнам...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајнирање на звучни кутии
« Reply #17 on 28.11.2013, Thursday, 21:30:28 (Edited 28.11.2013, Thursday, 22:13:00) »
Марјан ,јас ти одговорив на сите поставени прашања и ти поставив и други.Ова е Форум.А Металика и она што си го прочитал - човекот прво нека собере пари нека се одлучи што и со кои драјвери ке прави,па потоа нека пресметува и прашува.На секој што барал нештому е одговорено -добро или лошо,кој како подразбира.И на прашањето - зошто мора да згреши ? Лесно ти е тебе ,на пример, ама на повеќето им  е тешко и до некој Симсоник да дојдат.И ќе пресметуваат параметри и цртаат кутии?Па очигледно е дека повеќето сакаат на готово некој да им сервира.Знам дека ова се празни муабети кои не водат никаде,ама сепак ова  не е само Форум на хај-фај вљубеници и* манијаци*,секакви не има.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Quote
а другите си молчат..
не дека си молчат туку повекето се плашат да напишат нешто, бидејки може да ги банираат ако на некој нешто не му одговара. инаку и јас побарав помош, иако си признавам не сум баш супер математика, ама барем можеше некој нешто да посочи што како, а единствено што јас добив беа навреди, критики дека драјверите не чинеле и демотивација.
Не Металика нема д биде баниран, мн молчат оти ко ќе видат за што е темата и кој дискутира во темата повеќе не ја ни отвораат, немам ништо против нека си дискутираат, немам ништо против ниту луѓето кој дискутираат, ама тоа го прават некултурно, јас не пишам оти мака ми е да се расправам, ептем некултурно се однесуваат во некои теми, мака ми е да им ги читам препукувањата, и најчесто тие теми завршуваат со заклучување. И тоа се така ќе се одвива се додека не се пристигне до некој ред.

Продолжете со дискусијата, ова накратко оти не дискутираат членовите на вакви теми
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
devil не знам за другите ама јас тоа го искусив самиот, ме баниравте буквално за ништо, бидејки дошло до неразбирање, на некој тоа не му одговарало и одма бан, па можевте да прашате ако не ја разбравте суштината на она што сум сакал да кажал. извинете за оф топикот.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Дизајнирање на звучни кутии
« Reply #20 on 29.11.2013, Friday, 02:07:09 (Edited 29.11.2013, Friday, 20:05:08) »
Жан, искрено незнам што би барал некој кој нема појма од електроника и глобално физика на форумов. И јас би сакал да поправам заби ама не сум стоматолог.

Некои имаат желба, ама не знаат од каде да почнат. Форумов го нуди тоа... до одредена мерка. Не може да замени стручна литература, но може да им помогне на оние кои сакаат да навлезат во електрониката и техниката по „безболно“ да го направат тоа ;).

Ама пак од друга страна некој кој незнае што е омажа, импеданса, децибели, ку фактор резонантна фреквенција и уште едно чудо работи, нема што да се обидува да прави звучници нити пак ќе разбере што пишува во книгата.

Има некои членови, едноставно сака да си направи звучна кутија... не му е важно каква е, дали работи како што треба, по пресметки, формули, итн. Едноставно има слободно време и сака да си направи звучна кутија. И еве, на пример, не знае што е ни импеданса, ни фреквентна карактеристика, ни Q фактор, ништо не знае... ама ете, има желба. И не се ни интересира нешто многу да научи, едноставно ќеиф му е, ете така, сака да направи. Знаеш она како иде она, знам дека благо дебелее, ама ете, ми се јаде... едноставно ми се јаде и ќе одам да си купам. Така од прилика му доаѓа муабетот. Не секој сака да навлезе во науката, некој едноставно сака онака, од време на време да си ја практицира како аматер/хобист и ништо повеќе од тоа. И нема што да му се мешаме во неговите одлуки, он така сака и тоа е тоа, не сака да навлезе подлабоко во науката, едноставно не го интересира доволно, но сака да си ги проба практичните способности. Па голем дел и од хобистите електроничари не знаат баш најточно како работи определен уред, па сепак го прават. Зошто? Интересно им е ;). Хоби им е, не секој сака професионално да навлезе во определена наука. Тоа што ти и некои други луѓе професионално имаат навлезено во определени свери од техниката и електрониката, тоа е сосема друга работа. Ако сметаш дека можеш да помогнеш на некој ваков хобист, нема проблем, понуди свое решение ;). Ако членот сака, ќе го прифати, ако не сака, нема да го прифати, нема што јас да се лутам. Јас сум му посочил како јас мислам дека треба да направи, а тоа дали он тоа ќе го направи или не, тоа си е негова работа.

Тоа што незнаеш дај му на тој што знае да ти го направи.

Ова е веќе сосема друга работа. Тоа е сосема трет проблем со кој се соочуваме на работните места. Значи, да направиме дистинкција, на форумов сме доброволно и никој не не плаќа за ова. Кој сака пишува, дава одговори, отвора теми, презентира проекти, кој не сака, не мора. Форумот е отворен за сите, и за оние кои само читаат, и за оние кои активно учествуваат во него. Одлуката е на членовите, ние не можеме да им се мешаме во нивната одлука. Од кај да знам јас, можеби има определена група на членови кои немаат ниеден post, а имаат огромно знаење од определена област, но ете, сепак, поради некоја причина, одлучуваат да не post-ираат. Не можам јас да ги обвинам за тоа. Тоа е нивна одлука. Се разбира, јас би сакал да post-ираат почесто, ама не можам да ги натерам.

Во право си 100%. А за тоа што сите мислат дека се знаат, можеби има големо влијание и економската ситуација во нашата држава, но не навлегувам во тоа, сепак не е за овој форум.

Да, и јас мислам дека дел од причината за ова е економската ситуација. Знаете како викаат „сиромав човек, жив ѓавол“, за се ќе знае да се снајде, па технички гледано, од се по малку знае... е сега, проблемот е што тоа може на него да му изгледа како да знае многу.

Но, како да што пиша, да не навлегувам премногу, ова е сосема друга тема.

Од друга страна пак тоа што јас го работам и каде што ми лежи поголемиот дел од знаењето се разгласните системи. Домашни кутивчинја од 30-50-100 вати тотално не ми се интересни нит пак сум правел нешто слично веќе повеќе од 20 годни.

Епа, на форумов најголемиот дел од членовите се хобисти и ретко кој од нив има пари и време да прави PA кутии. Најчесто, прават кутиички со некои евтини звучници, 50-100W и тоа е тоа. Има и теми за PA, ама ретко кој пишува во нив од проста причина што... тие коштаат многу пари :S.

Нека згрешат,еднаш двапати и нека научат нешто.

И јас апсолутно се сложувам со ова, и јас најдобро имам учено од грешки. Од теорија, но и од грешки. Мораш да згрешиш за да научиш, тоа е процесот. Сите сме последица на нашето минато, поточно на нашите грешки ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Пак ќе повторам. Зошто да грешиш ако немора?
Најди ТС параметри, инсталирај WinIsd сподели ги резултатите со нас овде и ќе те опраиме.

Нели е полесно така?

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Неколку други теми со веке познати драјвери (јас ги имам користено и им ги знам параметрите) им направив пресметка, и напишав на формуот, но тие форумџии ниту се пофалија дека ги напраиле ни дека не ги прават. Такада имаше доста добри понудени кутии, решенија но форумџиите не вратија со никакви одговори....

За во иднина ке ги замолам сите оние кои го сработиле проектот, на ваков или онаков начин да го споделат направеното со нас.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Со Гига тука некаде размислуваме и го наоѓам во право.
Зошто да грешиш,ако не мора ? Најдобро се учи на грешки,тоа е и научно докажано веќе не еднаш.Друго,кој е безгрешен? Ти  Марјане од прва направи супер кутии?Може за тебе биле супер,ама.... си нашол веројатно некоја грешка!Ако земеме и пример библиски: Кој не згрешил нека земе камен.... :D Не постои безгрешност.Секој греши,ама секоја грешка има толеранции.Е ,за Слидермк- си помислил зошто никој не се јавил на твојата тема??Има нешто,размисли и ти. 8)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Не на мојата тема, туку на неколкуте проекти кои им дадовме спремни димензии на кутиите.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дизајнирање на звучни кутии
« Reply #25 on 29.11.2013, Friday, 17:49:20 (Edited 29.11.2013, Friday, 20:13:02) »
Па тоа цело време и јас го зборувам- сакаат ваму,отвораат теми,а после-скапо е,немам звучник,ке видам.... тоа е Форумот!Сепак реков-ова не е специјализиран Форум за хај-фај и зв. кутии.А еве ке цитирам нешто од новиот бр,на Емирер бр 11/2013 :
Quote
Општеството отсекогаш било испресечено со различни поделби и граници, па не треба да нè чуди што во аудиотехниката постојат два одвоени света кои речиси никогаш не се допирааат меѓусебно. Во тие одвоени светови живеат две различни касти луѓе кои, повторно, не се мешаат меѓусебно, не разговараат меѓусебно и со потценување гледаат на "другите". Тоа се различните светови на hi-fi и професионалното аудио. Како и секогаш, тие навидум непремостливи разлики се вештачки и базирани на непознавањето на потребите и размислувањата на оној "другиот". Во последно време сè почесто се случува аудиофилите да ги откриваат предностите што ги нуди професионалната аудиотехника. Заслепени од hi-fi догмите, аудиофилите воопшто не сакаа да слушнат како звучат професионалните уреди. Но кога ќе ги слушнеа, тие никогаш веќе не се враќаа назад. Во некои ретки пригоди се случуваше специјализираните hi-fi списанија да тестираат по некој професионален уред, па дури и тие тогаш се чудеа како, на пример, професионалните активни (со вградени засилувачи) студиски мониторски звучници ги прегазуваат и дотолчуваат дури и двојно и тројно поскапите комбинации на највоспеаните езотерични примероци на hi-fi звучници и засилувачи.

Се слагам со написов и можеби и тоа е еден од факторите.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Кој не чул активни звучници со активни свртници, не знае што пропуштил. Прецизноста, чистотата и стерео ефектот им е ненадминлив.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Дизајнирање на звучни кутии
« Reply #27 on 29.11.2013, Friday, 17:58:06 (Edited 29.11.2013, Friday, 18:00:01) »
Ах, хај фај проив ПРО. Неисцрпна тема за залудни разговори  ;D.

Не се вика ова другово за џабе ПРО. Ама ако, треба некој и да заработи од тие каблите од 500 евра за метар должен кои чим ќе ги ставиш на звучниците одма системот магично ќе се трансформира и конечно ќе просвири како треба ;D. Со овие од 300 евра свиреше како позади завеса да си го ставил  ;D

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Има нешто многу поважно од кабелот - конекторите и предпојачалата. Ако тие се добро дизајнирани нема да осетиш никаква разлика меѓу 100 и 500Е кабли. Освен испразнет џеб т.е.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Оди кажи му го тоа на некој аудиофил. Ме убедува еден дека кога користи потенок кабел за струја на цд плејерот има подобри високи тонови. И он тоа го слушнал и ја сеа да не му вадам тука некои си стручни термини кога он со свои уши ја слушнал разликата.