Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: Kiko9595 on 29.11.2014, Saturday, 17:23:49
-
Поздрав дечки имам еден вуфер 10инчи ама незнам колку вати е и колку оми :-\ Дали има можност да се измери или провери некаде колку вати е ??? Тој си има кутија но сакам да направам друга по мерка... ете и слики доколку некој го препознае...
-
Па колку пати да повториме дека вака слики не се ставаат,директно на Форум,туку прво на некој хост за слики,па само линковите до Форумов!! Сликите се избришани,а ти Кико9595 да си ги прочиташ правилата!
За темата: ако си има фабричка кутија зошто ке правиш друга? Не свири ли басот во неа или... Колку оми е? Со шублер да го мериме? Земај инструмент во рака и на подрачје - оми/килооми измери си самиот.Да го препознаеме ,нема логика.Си има други методи како да мериш! Разгледај по Форум,во рубрика Звучници ,ке најдеш полно одговори.
-
Здраво Кико
во тек сум на изработка на кутија за вуфер 10 инчи активен
За скоро ке го објавам!!
почекај ;)
-
од 10 инча звучник до 10 унча звучник, може да биде 15W или 200W, а за параметри да не збориме. Дај параметри, или измери сам.
А ако сакаш кутија по мерка, само по Thielle-Small параметрите се дизајнира точна кутија.
http://en.wikipedia.org/wiki/Thiele/Small
-
Се извинувам за сликите..Не ми се верува дека звучната кутија е изработена по мерка на вуферот и не ми се свига изработката... За омите ќе проверам утре а за ватите како да ги пресметам/измерам?
-
Ватите ги мери само фабрика и лично не познавам начин за точно измерување на вати во домашни услови.
Споено мислење: 30.11.2014, Sunday, 00:29:44
И да видиме слики, од прилика за што се работи.
-
Slider MK малку ме изненадуваш што не сакаш да размислуваш.Во случајов не се работи за некоја магија,ами проста едноставна постапка: мери го омски звучникот и врзи го на некое појачалце кое е со јачина поголема од она што очекуваш да ја има звучникот.Попуштај јачина до праг на изобличување и мери го напонот кој ке се појави на краевите на звучникот.Ако не знаеш математика имаш на нет табели ,па ке видиш на која јачина ( во W) кој напон му одговара при импенданса од 4 или 8 оми.Не е ништо момплицирано мислам??
-
Да, тоа е добар начин за да мериш дали калемот излегува од магнетната пукнатина за одредената моќност. На пр: при 100хз да речеме може да изезе и само со 10вати од магнетната пукнатина, а на 1000хз може и на 1000вати да не дисторзира ама да изгори. Ама не е начин за мерење на моќноста.
http://www.doctorproaudio.com/doctor/temas/powerhandling.htm
To determine a speaker's power handling, one needs to subject it to a power test. This consists of feeding the speaker with a test signal, typically some kind of noise signal with controlled dynamics, for a given amount of time, normally ranging from 2 to 100 hours.
Значи звучникот треба да издржи одредена моќност за одреден временски период и да НЕ изгори. Така се мери моќност. На пример, тест за некој 8инча звучник, се пушта 2 часа да работи со розов шум, на 50 вати. Доколку го издржи тестот, се декларира како 50вати звучник. Доколку не издржи се прави повторно тест....
-
slidermc тоа ти што го предлагаш го има само во фабриките,а реално е доволно емпириски ,според напонот кој се јавува на краевите на звучникот да се оцени колку е јачината која може да ја издржи звучникот.Впрочем,овде не се работи за експериментирање илабораториско мерење,ами човекот отприлика да види дали звучникот реално има граница до 60 или 100W.
-
Јас не реков скроз точно да измерам колку вати е сакам да знам отприлика бидејки имам појачао 200 вати дали е соодветно занего или треба послабо или појако... Па темата ми беше дали има некаков начин да се измери ватажата на звучникот па да направам звучна кутија бидејќи таја што ја има не е басш нај нај изработена ( од секаде туши)... И ако може подетално објаснување бидејќи јас не се разбирам колку вас.. Мислам дека се разбираме еве и слики за што станува збор...
http://i1283.photobucket.com/albums/a543/Bass105/20141129_171824_zps01485fb2.jpg
http://i1283.photobucket.com/albums/a543/Bass105/20141129_171859_zps37251f75.jpg
http://i1283.photobucket.com/albums/a543/Bass105/20141129_171843_zps9ae663b9.jpg
-
Батка,пред било што да поставиш како тема за прашување,прво преслушај се што сакаш! Велиш дека : *Јас не реков скроз точно да измерам колку вати е сакам да знам отприлика бидејки имам појачао 200 вати дали е соодветно занего или треба послабо или појако... Па темата ми беше дали има некаков начин да се измери ватажата на звучникот па да направам звучна кутија *!?? Е,сега сакаш-не сакаш,ама прашањето треба да е поставено во друга насока-имаш звучник,не знаеш колку е јак,а сакаш да направиш сабвуфер кутија со него и тој да свири на 200W појачувач! Тоа би требало поентата да биде .Ако си претрчал малку по Форумов ке најдеш повеќе постови,теми за вакви вуфери со 10 инчни басови. Бидејќи ништо друго не ти значи ништо,направи ја доброи прецизно дрвенаријата,извади ги оние сунгери од под звучникот и стави жива гума под него.Стегни го добро со штрафови .Место свртница прво директно вклучи го на појачувачот и пушти да свири,па ке видиш отприлика каде е со јачината.Свртници имаш во неколку теми,земи малку мотај жица,експериментирај и кажи што добиваш,па ако има проблем да го решаваме.Значи ,според мене побарај теми во Звучници и читај.Ако не чекај го колегата ,тој ке ти предложи сигурно формули,пресмети,па сметај.
-
И вака и така ова ке изгори :D Koda е маркава?
-
И вака и така ова ке изгори :D Koda е маркава?
Незнам која марка е брачед ми го имаше и му го зедов ама незнам колку вати е... Неможам ни на нет да го најдам да прочитав спецификации :)
-
Има ли издув на магнетот позади?
-
Види погоре сликите.. На долната страна од магнетот има дупка со решетка би требало да е тоа
-
Јас реално би му дал околу 80W РМС, можда 100W музичка сила. Би можел да го возиш со тоа 200 вати појачало, само да не претеруваш.
-
Утре ќе гo тестирам па ќе видам што ќе направам... Сега имам друго прашање ако е надвор од темата слободно избришете го.. На радиото што се излезите за вуфер ( марка - pioneer deh-1500r ) за поврзување на вуферот требаат ли некакви додатоци (свртница,скретница) или само излезите од радиото во појачувачот па во вуферот?
-
Доколку од излезот има само ниски фреквенции-басови, тогаш тоа е филтриран излез и можеш како таков директно на појачалото да го врзеш. Ако свири цел спектар, ке треба да му направиш активен филтер за вуфер.
-
Еве ти димензии и изглед на вуфер со 10 инчи бас.Овој твојот го имам некаде во подрум .Тој е 120W бас од средно-долна класа,би се рекло дека е во ред за ова намена.Кутијата е од 30 литри ,од 20 мм иверка или медијапан.За финишот нема да спориме.Рефлекс отворот е 76 мм.Работи ја кутијава по димензии и нема да имаш промашување.За напојувањето на басот имаш повеќе можности ,ама оние 200W кои ги спомна ке завршат работа,ако знаеш да работиш со нив.Внатре дампирај ја кутијата со пресувана стива или некој друг материјал.За почеток на бас рефлексот не ставај ништо.И со среќа ,ако се одлучиш за ова кутија.
-
Штотуку го пробував за жал нема филтрација свири како и останатите звучници ќе ми треба и филтер за ниски тонови така? Батка ти благодарам за звучната кутија и за ватажата на вуферот, да се потсмири малку времето сигурно ќе ја направам :)
Доколку имате добар и испроба едноставен филтер за тој вуфер пратете шема поздрав..
-
Пребарај во темата аудио, има повеке такви теми за филтри за субвуфер. Мој совет, оваков бас многу лошо ке работи во бас рефлекс кутија. Моја препорака е да направиш барем 50 литри компресиона кутија, убаво наполнета со лио.
-
Без многу филозофирање,бидејќи знам дека ако знаеше што каде и како да пресметуваш ти ќе си пресметаше и немаше да прашаш на Форумов.Затоа,ако сакаш со пасивен филтер да поминеш,еве ти шема.Како кондензатор земи по два електролита со работен напон барем 63-100V и тоа започни 2х470 ,2х330,2х220.... па што ке те бендиса од звукот.За вредноста на калемот од 2,6 мН имаш во табелата податоци.Направи си тело,набави жица и мотај.
-
Чим се работи за вуфер, најдобро е да си направиш активен филтер. Еве еден испробан, барем 10тина пати. Наместен е да ги скрати фрекбенциите над 88Хз, и свири бајаги длабоко а лесен за изработка. ИК може да биде ТЛ072.
(http://i44.photobucket.com/albums/f8/slidermc/Wooferfilter88Hz_zps90277409.jpg?t=1417466466)
-
slider оваа твојава шема може да се измени малце за да може да се штелува граничната фрекфенција, или е фиксирано 88хз ?
-
Може. Наместо оние 2 отпорника од 18к, може да се стават отпорници од 10к а со нив редно да се врзе дупли потенциометар од 22к, со тоа ке се менува резната фр. Од 50Хз до 130Хз