Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: borisq10 on 25.06.2019, Tuesday, 06:43:10
-
Како што кажува самиот наслов, имам ппроблем со треперење на светлоно на ниски обороти.
Се работи за скутер Generic Xor 50, додека скутерот е во мирување на ниски обороти сите светна на самиот скутер треперат, од кога ке добие обороти сите светла се стабилизираат и си светат нормално.
Ме интересира до што може да е проблемот?
Се мислам дали е реглерот проблем. OEM реглер што го има е 98801B09F000 четри пински.
-
Во право си, смени го реглерот и би требало проблемот да исчезне.
-
И акумулаторот проверка.
-
Акомулаторот е во ред, пошто пред една недела го купив.
Зборев со еден пријател кој што има ист скутер, истото го прави и кај него, нај веројатно така се правени самите скутери.
Сеуште не сум го проверил реглерот но после од кога ке си одам од работа ке го проверам и мислам дека ке излезе дека е се во ред со него.
Како можам да го решам овој проблемот?
Некој ми велат да ставам кондензатор и диода.
-
Некој ми велат да ставам кондензатор и диода.
Да, би требало да се реши со голем кондензатор и диода ;). Пробај со 3300uF/35V, ако пак трепери, пробај со 6800uF/35V ;).
-
Gw 5+A троши сијалицата, рачунај 6-700рпм има во idle (лер-гас) скутерот, динамото е или на радилица или нека има х2 рпм од радилицата, значи 25hz max, значи сепам е подобро со некој 10.000 микро или 2х6800 уште поарно, а има и dc set up кај али, ама не сум загледал што цени се.
-
Мислиш DC Step Up/Down конвертори? Да, има и со тоа би требало трајно да се реши проблемот ;). Што и да му донесеш на влез, на излез да дава фиксна вредност од 12V ;). Е сега, има и еден проблем со тоа... ќе треба да е прилично моќен Step Up/Down конверторот бидејќи 5A по сијалица и не е баш така мала вредност и во тој случај, да, како што спомна, најверојатно е подобро да проба со 10.000uF или 2x6800uF. Можеби е добра опција да ги смени сите светилки со LED и така да проба со Step Up/Down конвертор бидејќи помалку струја ќе трошат, па не мора да фрла многу пари за моќен конвертор ;).
-
Многу ја раширивте работата, кондензатори, конвертори, лед-светла и сл., да требаше сите ќе ги ставаа... ;)
Проблемот се решава со ставање друг КВАЛИТЕТЕН реглер.
-
Во поновите ставаат, ледот е со башка стабилизатор. Квалитетен реглер е скап, дури и на старо, а и треба физички да пасува, кај некои го дува перката за да се лади. Може и динамото внатре да е така дизајнирано па џабе ќе мењаш реглер... Со кондензатори е најефтино.
-
Прашав неколку луѓе што го имаат истиот скутер, истото се дешава и кај нив. Инаку на скутерот имам секаде ставено лед светло, предните ми се H4, но немав H4 лед, имав H7 и ги наместив кекако. Друго решение ми е од самиот ракбуратор да ја појачам гаста да работи на поголеми обороти и тоа е тоа. Ми треба мн малку да ги показам оборотите и се си е ок. :)
А доколку има некое решение за ова да пробам. :)
-
Кондензатор ....
-
...Друго решение ми е од самиот ракбуратор карбуратор да ја појачам гаста да работи на поголеми обороти вртежи и тоа е тоа. Ми треба мн малку да ги показам покачам оборотите вртежите и се си е ок...
Според мене решение е да ги зголемиш минималните вртежи во минута и да си го решиш проблемот (кој во принцип и не е проблем...).
Патем треба да имаш упатство и инструмент кој ги мери rpm-1. И уште нешто, кога го користиш скутерот со најмал број на вртежи на мин ?!, скоро никогаш.
-
Према светлото ќе штелува. Не го користиш, ама на семафори во гужва си знае да појави разлика во потрошувачка....А и не пријатно е да ти трепка безвеза....
-
знае да појави разлика во потрошувачка....А и не пријатно е да ти трепка безвеза....
Колку во проценти би била зголемена потрошувачката на гориво?!
Па неме да трепка без веза ако е зголемен напонот преку минималниот број на вртежи!
-
Бензискиот агрегат е само 3-4 kW, па 200w би се осетиле, исто и 200 рпм+ би се осетиле, двотактните машини не се баш нај економични, да го возиш на пример во 7-8 попладне, нема да смени многу, ама рачунај во 4-5 во сета гужва кај што еден семафор го врвиш од 2 пати, гужва во сообраќај, чекаш во место предпоставувам дека сигурно ќе има разлика. На крај, треба да се проба секако ако испадне дека троши значајно може да се вратат обртаите.