HB9CV антената е многу популарна меѓу радиоаматерите. Нејзината уникатна конструкција ја прави достапна за HF, VHF, UHF. Дизајнирана и патентирана од швајцарскиот радиоаматер Rudolf Baumgartner кој со овој револуционерен пронајдок влезе во историјата на радиоаматеризмот.
Во принцип е двоелементна, но може да се изведе и со повеќе елементи. Оваа антена даде неочекувано високи резултати и нејзиното засилување е нешто подобра од просечна 3 елементна јаги антена. Со тоа добиваме компактна антена која е добра за секаков мод на работа, односно како фиксна или мобилна антена која растура се пред себе.
На секој радиоаматер задоволство му е сам да си изработи антена со минимални вложувања, па ете ќе се обидам една ваква антена да изработам.
2 ЕЛЕМЕНТИ HB9CV АНТЕНА ЗА 144 Mhz
Од книгата на Ротхамел
Отпадни месингани цевки
Без дребонг ништо не правиме, тој ќе ни помогне не само за обработка туку и за обележување на димензиите
Мора да се обележи строго права линија, а ова е најдобриот начин
Исто така е многу важно да се бележат растојаниата на елементите, кои мора да се на строго точно определени димензии.
Во случајот 251 милиметар
Откако ќе се бележи растојанието, се кернира (не можам да најдам македонски збор за овој термин) местото каде што треба да се отвора дупка. Тука имаме 2 дупки за двата елементи
се отвара дупка за двата елементи
Со ова носачот на елементите е готов
Дребонгот ќе го искористиме за чистење и полирање на носачот и елементите
Размислив да најдам начин како антената да биде монтирана на носач за антена, па забележав едно шестоаголно парче месинг и добив добра идеа.
Еве го готовиот дел кој исто така е многу битен
Добар дел од работата е завршена
Делот што го правев од шестоаголно парче месинг се набива во носачот на елементите
Гледав малку да усовршам нешто и дупката што ја отворив во набиеното парче во носачот сакам низ него да поминува антенски кабел кој што ќе ги поврзе елементите. Исто така ќе морам да дупнам дупка во рефлекторот на антената.
Добри 30% од антената се завршени
Антената сака уште многу многу работа која за жал морав да ја одложам поради други обврски, меѓутоа за брзо ќе ја завршам и секако ќе направам радиоврска за која што ќе направам клипче како за гп антената.
Доколку имате нешто да предложите, да прашате или да сугерирате слободно коментирајте