Author Topic: УКТ антени за самоградба  (Read 1654 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
УКТ антени за самоградба
« Opened on 14.12.2011, Wednesday, 08:48:16 »
Ке презентирам три антени кои сум ги изработил во самоградба и дале добри резултати пред се на 144 Мхз. На 1296 Мхз не сум работел и не ги знам постигнувањата .Првата антена е најлесна за градба - тоа е популарната  HB9SV ( според еден Швајцарец) која иако едноставна ,е добра усмерена антена ,лесна и пренослива.Со неа се работи лесно,лесно се подесува и со мали снаги се постигнуваат задоволувачки резултати.Две ал.цевки по 6мм ,една пречка од  25 см. тример и парче изолирана 2мм бакарна жица.Тоа е се.
Втората е намалена верзија на Квад антената.Изолатори во вид на буква Х (од дрво,пластика) и две парчиња 3мм лицнаста жица (сајла).Лесно расклопива антена,погодна за носење,отпорна на ветар,поголема добивка.
Третата е најспецифична,усмерена антена,како порачана за врски кои треба да се заштитени,хеликоидна ( спирална антена,која е малку специфична и бара стрпливост и прорачун за градење.Рефлектор од Ал.лим или мрежа.Нејзината конструкција е малку посложена и бара подолго штелување.Не се расклопува,но лесна е за пренос.
Многу е важен коаксијалниот кабел кај овие антени,неговото врзување итреба многу внимателност ако антените се расклопуваат за транспорт.