GigaWatt имам барано програми за AX.25 протоколот ама шипки... нема ништо и изгледа само за линукс има
Па ако нема пари во тоа, Microsoft не го прави
, што очекуваш, комерцијален оперативен систем е
.
Нема везе, и онака тој протокол е скоро праисторија
. А нема ни многу сродни точки со AX.25, освен големината на пакетите и размената на контролните сигнали. AX.25 го има завземено и прво и трето ниво од OSI моделот, така да, тоа веќе не е на база на X.25 чија намена била да функционира само на Data Link Layer
.
Не имаше со Пееро по весниците,дури и тогашна * Експрес Политика* пишуваше за случајот.Ете ѕтакви беа радио-аматерите порано,ама сега децава не сакаат да го учат*занаетот*
Не коментирам многу за ова, само ќе речам дека порано луѓето беа помалку себични, а сега, само ако сакаш да преживееш, мораш да бидеш себичен. Такво е времето, не се виновни луѓето, луѓето се изгореле и не сакаат пак да се изгорат (позајмиле на некој, помогнале на некој, па кога нив им требало пари и помош, тие на кои им помогнале никаде ги нема). Истото важи и за децата, гледаат што нивните родители прават и они истото го прават. Плус, кога ќе видат дека скоро буквално се може да се купи со пари (што не беше случајот порано, а и да беше, сумите беа мноооогу поголеми), гледаат да си поминат лесно и си куваат се што порано нормално се стекнуваше со мака и труд. Кажете ми, зар навистина мислите дека младината ќе има пожртвуван и хуман карактер ако буквално се се врти околу парите и материјалното благо
?