Здрво Злате. Мило ми е што сакаш да постанеш радиоаматер. Со ова твое прашање ти веќе го напарве првиот чекор а тоа е желбата да се постане радиоаматер и да се навлезе во светот на радиотехниката.
Е сега имаш желба (што е најважно) оди во некој локален радио-клуб. Во радио-клубот ќе бидеш прифатен како рамноправен член и со твоето зачленување ти почнува и обуката. Со тоа ќе видиш и ќе имаш претстава со што всушност се занимаваат радиоаматерите.
Прашањата ги имам и доколку сакаш ќе ти ги дадам
Имаш две класи на испити P-(Novice) и A-(Advanced) P-класата е повеќе за почетници и тие смеат да работат само VHF (144-146 Мхз) i UHF (430-440 mhz) не сум баш сигурен дали смеат да работат на КТ ама знам дека се ограничени на минимални можности за КТ (1.6-30 Мхз). Со полагање на А-класа спаѓаш во највисоката категорија на радиоаматери со речиси неограничени можности и имаш право да работиш фреквенции со 250 Гхз.
Порано не можеше да се оди директно на А класа, мораше да се полага телеграфија и од ниска класа постепено полагаш за повисока, а телеграфијата мораше да ја знаеш како оче наш. Сега е измајмунисано све па можеш да полагаш за А класа без телеграфија и без искуство. Но зошто да не? Сепак и јас спаѓам во тие што не полагаа телеграфија
Испитните прашања можеш да ги добиеш и во радиоклубот, исто како што во автошколата што ги добиваш тестовите. Полагањето се врши во АЕК- Акенција за електронски комуникации во Скопје. Таму има пријатни луѓе и не пишуваат единици, убаво ќе бидеш примен таму, ќе се напиеш кафе и ќе добиеш испит за категоријата што ја одбра А или P. Кога ќе го положиш испитот ке треба да одбереш повикувачки знак кој што ке почнува со Z3. Ако полагаш P-класа ке мораш да одбереш трознак (мојот беше Z34GHY) a za A-класа двознак (мојот е Z31GH) или еднознак (сега по ново Z3(x) ) Дозволата ја добиваш за неколку дена по пошта. Испитот е бесплатен исто како и членството во радио-клубот, меѓутоа манипулативните трошоци за испитот, дипломата и дозволата се некаде 500 денари који што мораш да ги уплатиш на жиро сметка. Сега кога си веќе радиоаматер имаш право да работиш на радиостаница, клубска или можес да си купиш една или повеќе и да работиш и од дома.