Author Topic: Радио гонометар za 3,5 Мхз (Лисичар)  (Read 3705 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
          Во оваа тема ќе претставам еден мој проект кој го изведувам потполно самостојно, освен се разбира плочката која ја нарачав од LordZi. Се работи за лисичар за 3,5 мегахерци, односно за 80 метра бранова должина. Повеќето лисичари што ги користат радиоклубовите се многу стари, скоро 40 години, чија технологија е веќе застарена, но сепак добри се и не смеам да ги потценам бидејќи два пати со стар лисичар освоив место, во 2013 трето, а оваа година второ место на меѓународниот натпревар во ARDF одржан во Катланово.
          Овој спорт ми дава инспирација да направам сопствен лисичар, понов тип а и лисичар кој нема да иома потреба да го враќам назад во клубот. Пребарувајќи на интернет најдов бројни шеми имав големи главоболки за каков да донесам одлука. Многу од нив беа како „за почетници„ и немаа некоја посебна осетливост кога „лисицата„ се наоѓа доста далеку. За среќа најдов една страна од германски радиоаматер кој преставе радио гонометар како што вели и самиот со висока осетливост и одличен за натпревари кој не е само за почетници, туку и за понапредни. Тоа беше доволно да ме убеди за да се обидам да направам сопствен уред за натамошни натпревари.
          Линкот е тука

Code: [Select]
http://www.dl4cu.isa-geek.net/ardf.html    Кликнете лево на ARDF RX 80m

          Добро го владеам германскиот јазик и не ми беше воопшто тешко да ја разберам целата процедура околу изградбата. Толку е убаво објаснето и дадена е дури и плочката и секој дел е прикажан каде треба да се залеми.
          Во алфа ги најдов сите делови за некои 300 денари, освен фамозниот TCA440 кој го нема никаде, а го најдов случајно во едни стари елементи што сум ги чувал со години. Всушност тоа интегрално коло е срцето на овој приемник бидејќи такви се користат во сите АМ приемници и е многу докажано за овие намени.
          Изработката беше лесна, иако со години не сум фатил леткум во рака го составив за неполни два часа како што е сега.
          Еве неколку слики од изработката....














          Со ова плочката е довршена. Останатите дупчиња на плочката се за поврзување на жици, со који би се поврзала батерија од девет волти, како и дупчиња каде што ќе биде поврзана антената која ќе има два калеми. Исто така треба да се поврзат потенциометар за гласност и променлив кондензатор на кој што ќе се подесува фреквенцијата. Овие наведени елементи ќе се поврзат на плочката само кога ќе се избере кутија, бидејќи тие ќе бидат монтирани на кутијата.

         Имам тука и две прашања за кое се надевам дека ќе можам да добијам совет од вас што се разбирате многу добро во радиотехника. Значи....Дали е подобро метална или пластична кутија? Во постарите лисичари антената, односно феритното јадро намотано со намотки е во метална кутија, а имам видено и лисичари кој се во пластична кутија. Според мене подобра би била пластична кутија, меѓутоа на ова мое мислење некои радиоаматери се противат и велат метална е подобра.
          Толку околу кутијата. Другото прашање е......Дали има начин да се изработи уште едно помошно коло, односно индикатор на сигнал кое ќе служи за попрецизно наоѓање на лисицата. Тоа би работело на принцип колку повеќе си во правец и се доближуваш до лисицата, толку стрелката да оди во максимум.



          Ваков индикатор имам видено на лисичар за 144 мегахерци, но не знам дали е можно да се направи нешто да може и за 3,5 мегахерци да послужи, но за оваа фреквенција немам видео лисичар со индикатор.
          Пред да го довршам лисичарот би сакал да ме посоветувате нешто околу овие две прашања, за да знам како да продолжам
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тоа што го бараш е S метар.Да ја видам шемата на ТСА 440 па ке ти кажам.Стави ја електронската шема да ја видиме.Кутијата може да биде и пластична,со тоа да по потреба ја обложиш со станиол одвнатре.Ако употребиш феритна антена гледај да виде поголем -подолг ферит,полесно е за пребарување.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Радио гонометар za 3,5 Мхз (Лисичар)
« Reply #2 on 22.11.2014, Saturday, 00:20:49 (Edited 22.11.2014, Saturday, 00:26:37) »
Batka, шемата ја има во линкот, лесно ќе ја најдеш. Феритна антена ќе има, да. Според конструкторот на овј лисичар феритната прачка треба да е околи 14 цм, имам ферит кој е токму толку
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Радио гонометар za 3,5 Мхз (Лисичар)
« Reply #3 on 22.11.2014, Saturday, 00:30:32 (Edited 22.11.2014, Saturday, 02:23:47) »
добро,ама полесно и побргу ке беше ако ја имаше шемата ;D.Еве,на пин 10 на ИК,кој е врзан со пин 3 ,одспој го и врзи кон маса инструмент 100-200 микро ампери и ке го решиш проблемот.Ако е сигналот прејак може да ставиш тример сериски до 500 оми.

Споено мислење: [time]22 Ноември 2014, 00:42:23[/time]
На оригиналната шема вака би било:


Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Да батка, сосема си во право. Причината што го кодирав линкот лежи во тоа што ми се случе дапоставам шема од интернет на мојот photobucket и која ја имам претставено на форум. По некое време приметив дека шемата не е на форум и празен е линкот од photobucket. Веројатно на некој начин преку google search случајно и самиот автор ја најде и реагирал на тоа. Како и да е, затоа ја кодирав страната.

Што се однесува до твојот предлог, мислам дека е одличен, но бидејќи не сум некој професионалец, не ми е јасно дали ова може да се изведе на истата плочка, односно на истото интегрално коло да се додаде, или треба да се направи уште една мала плочка со уште еден TCA440  кое ќе биде независно, а само ќе биде поврзана на истата антена и така ќе го мери сигналот?
Hams do it! With Frequency

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Може и на оваа шема, одспој ги пиновите и од пин 10 залеми како што ти кажа батка, а пин 3 остави го како што си е сега
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Мислам дека погрешно разбрав. Значи само на два пинови ќе оди тој с-метар? Гледајќи ја шемата на батка гледам дека сите пинови се зафатени, мислев дека и останатите елементи ќе треба да се додадат, затоа прашав дали треба посебна плочка со друго интегрално коло.
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Радио гонометар za 3,5 Мхз (Лисичар)
« Reply #7 on 22.11.2014, Saturday, 17:39:29 (Edited 24.11.2014, Monday, 00:39:28) »
Може и на оваа шема, одспој ги пиновите и од пин 10 залеми како што ти кажа батка, а пин 3 остави го како што си е сега

E,тоа е тоа; само одспој го пин 10 од плочката и на него сериски кон маса спој тример и инструмент.Според дата-шитот за ИК на пин 10 треба да добиеш Ѕ- сигнал.

Споено мислење: [time]22 Ноември 2014, 18:00:21[/time]
Еве како би било на шемата:


Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Е, одлично. се работело само за два пина, сега сватив. Благодарам многу. Само уште кутија да најдам и конечно ќе биде готов и ќе може да се испроба.
Благодарам многу девил и батка  ;)
Hams do it! With Frequency

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Е, па @Z31GH ајде и овде честито :) и уште една браво

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Си ветив дека ова нема да биде недовршен проект како што имам 2-3 на форумов. Денес моето слободно време го посветив токму на него. Минатата недела барав куќиште, но никако да најдам некое кое би ми одговарало. Во алфа и логинг неможев да најдам некое кое ќе ми се бендиса, или се преголеми или премали, ако се мали нема место за батерија, ако се големи, тешки се. Пребарував во мојте стари работи и случајно открив еден мал прегорен конвертер од 24 на 12v. Извадив се од него и исфрлив.



имав и бакелитна плочка која ја обработив за да ги поставам командите





место за ѕ-метар


овој држач е од еден стар лисичар кој го добив од Z3nesto, според мене идеална комбинација кое ќе оди со куќиштето, а има и отвор за батерија од 9 волти.



Вака изгледа склопено. тука се двата потенциометри за фреквенција и јачина на звук. Ова коло дава можност фреквенцијата да се подесува со потенциометар, а не со променлив кондензатор. Тоа е заради варикап диодата која во комбинација со потенциометарот ја менува фреквенцијата.
Тука имаме и еден црвен тастер. Тој служи да се намали осетливоста на лисичарот кога сме во непосредна близина на лисицата. Тоа значи дека ако сме на едно 10-15 метри во близина на лисицата, ќе добиеме многу јак сигнал и ѕ-метарот ќе е на максимум. Тогаш било каде да се вртиме сигналот ќе е ист. Со притискање на тастерот осетливоста ќе се сведе на минимум и како се доближуваме до лисицата, ќе расте и лесно ќе ја пронајдеме. Тоа е многу практична и потребна работа. Исто така на плочката е и буксна за случалки.

На 14 сантиметри долго феритно јадро се намотуваат напотките за антената.


Припрема за куќиштето на антената



Сега останува да се направи најзезнатата работа. За антената мора да се направи метален рефлектор на кое ќе се монтира куќиштето за антената. Тоа е најпотребно кога ќе се употребува црвениот тастер, за строго определување на правецот кога насекаде околу нас ќе имаме најјак сигнал. Тоа ќе треба овие дена да размислам како ќе го решам. Инаку кога ќе е готов вака треба да изгледа
Hams do it! With Frequency

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
А го испроба онака колку да провериш како работи и дали воопшто работи, ме интересира делот со S метарот дали работи :D

инаку супер го среди, тоа ти е кога имаш потребен алат знаење а и фат во работите
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Devil, фала за коментарот. Само што завршив со намотувањето на антената. Не е уште ништо поврзано и не е испробано. На плочката има два потенциометри кој не се надворешните, а има и два променливи кондензатори кој ќе треба да се подесат за опсегот од 3,5 мегахерци за лов на лисици. Ми треба лисица за тоа, а неа ќе треба да ја земам од клубот. Делот со ѕ-метарот ќе биде како што предложивте. Ако е се во ред овие дена се ќе биде завршено и планирам да направам едно видео како демонстрација кое ќе го постирам тука.
Hams do it! With Frequency

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Одлично.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
За Z31GH воопшто не се сомневам дека ќе направи вакво нешто! Дури мерак да те фати ,со колку ентузијазам,ама и знаење ги изработува механичките работи.За мене правењето кутии,кутивчиња и слични работи представува понекогаш мачење,пред се зошто или немаш соодветен алат,време,материјал.Ама човеков знае од ништо да направи нешто.Навистина добра работа.За калемот да ти споменам дека оној поголемиот да го фиксираш(залепиш) за телото,а помалиот остави го слободен бидејќи со негово приближување/оддалечување се подесува и осетливоста! Ако имаш проблеми,ќе свратиш во Велес. ;) :)