Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: batka on 21.12.2011, Wednesday, 20:18:47

Title: Етика и запознавање со радио врска
Post by: batka on 21.12.2011, Wednesday, 20:18:47
Етиката во радио-аматерските комуникации завзема врвно место.Бидејки кај нас ,на македонски нема објавено ваква литература еве ја на српски.Доколку некој сака,има време и доблест нека се јави кај авторите и побара дозвола да ја преведе на македонски.Мислам дека вреди некој од помладиве да се помачи! :D Читајте со внимание сите оние кои не знаете или сакате да знаете како се одржува радио-аматерска врска и како треба да се однесува прав радиоаматер на бандовите.Ова е класика.
Title: Одг: Етика и запознавање со радио врска
Post by: GigaWatt on 21.12.2011, Wednesday, 21:35:58
Не лошо некој вакво нешто да напише на Македонски ;). Мене оваа област не ме интересира толку многу, па затоа не би се помачил, ама има луѓе кои ги интересира ;).
Title: Одг: Етика и запознавање со радио врска
Post by: DX-er on 21.12.2011, Wednesday, 22:18:53
Не лошо некој вакво нешто да напише на Македонски ;)
немој! ке умри некое магаре :-[

проблемот е во тоа, нема македонска литература, и секој ке ти речи еве ти српска, хрватска, босанска, словенска, англиска па дури и руска па чукај си ја главата. Подруго е кога е на Македонски и не се замараш ич туку само читаш и памтиш :)
Title: Одг: Етика и запознавање со радио врска
Post by: GigaWatt on 21.12.2011, Wednesday, 22:53:01
А најтрагично е тоа што оние кои треба да пишуваат, не го прават тоа ::), тоа пред се се професорите, универзитетски и средношколски.
Title: Одг: Етика и запознавање со радио врска
Post by: batka on 22.12.2011, Thursday, 16:28:20
Абе какви професори,наставници.Ете ,кој сака нека седне(кој има време сега за распуст),место да скита и да зјае по кафиќите,нека го среди,ќе го лекторираме кај вистински лектор-колектор и ке стои на Форумов! На колегивеке им се обратиме да дадат дозвола за * излез* во јавноста и се надевам некој ке не благословува! Навистина текстот,макар на српски е добра подлога за работа на младите радио-оператори.
Title: Одг: Етика и запознавање со радио врска
Post by: DX-er on 22.12.2011, Thursday, 23:15:15
Професоре не се лути одма :) Добро, ова ипак треба да го напише некој елоквентен и да го продава а со тоа да прави пари а децата да учат од македонски книги, и волкот сит, и овците на број.
Title: Одг: Етика и запознавање со радио врска
Post by: batka on 22.12.2011, Thursday, 23:55:15
Абе не се работи за продавање.Еве може да се најде на Интернет,ама убаво би било да биде на македонски! Зошто да не!? И сега само постариве да ве учат?? Па некој помлад заинтересиран нека направи нешто,не мора стариве професори да бидат! Народна Техника обележи 65 години од постоење,а ние немаме на македонски такво нешто.Е сега е време на малдите,тир да се покажат! :D :D :D
Title: Одг: Етика и запознавање со радио врска
Post by: GigaWatt on 23.12.2011, Friday, 13:15:54
Епа еве, понудата е отворена, јас на некои други работи работам (исто така некои преводи, во иднина можеби ќе имам повеќе време да работам на нив), така да, јас со тоа сум зафатен. Ама има млади кои се слободни, еве им шанса ;).
Title: Одг: Етика и запознавање со радио врска
Post by: z32cc on 11.05.2012, Friday, 21:15:59
Не мора овој кодекс да го пишуваат кој знае какви стручни лица, Доволно е да се активираат сите  поискусни радиоаматери од Z3 (Р.Македонија) и да се издоговориме секој да направи по еден дел.
сето тоа да биде дел од програмата и до крајот на годината кодексот ќе биде изготвен и верувајте
стручно обработен.
Title: Одг: Етика и запознавање со радио врска
Post by: DX-er on 11.05.2012, Friday, 21:26:38
Најпрво треба да се направат напори да се овозможи купување на радиостаници од Македонија. Бидејки во моментот во државава нема каде да се купат радиостаници па затоа и некои радиоаматери кои положиле испит се без станици, други пак не се ни нафаќаат ниту да полагаат. Оставете го кодектот, куќата се гради од темел. Прво треба да се организира сојузот или не знам кој орган и да овозможи да се купуваат станици тука во Македонија, а не да се иде по Софија или Солун специјално за станици. Секако и да се продава тука цените треба да бидат како тие во Солун и Софија, а не напумпани по 100% типично како за кај нас.
Ако има кај да се купат станици кај нас, и ако има доволно ентузијасти, кодексот не е проблем толку.
Title: Одг: Етика и запознавање со радио врска
Post by: batka on 11.05.2012, Friday, 23:04:07
Не мора овој кодекс да го пишуваат кој знае какви стручни лица, Доволно е да се активираат сите  поискусни радиоаматери од Z3 (Р.Македонија) и да се издоговориме секој да направи по еден дел.
сето тоа да биде дел од програмата и до крајот на годината кодексот ќе биде изготвен и верувајте
стручно обработен.

Нема потреба ни од стручни ,ни од некои други лица.Ние сме супер-нација ,составена само од стручњаци и знаеме се да свртиме наопаку  ;D .Овој погоре даден кодекс има меѓународна тежина.Значи напишан е одамна како повелба по која треба да се однесуваат и да работат радио-аматерите.Ако добро ја прочитате оригиналната,но и српскиот превод,ке видите дека ги содржи сите потребни елементи по кои треба да се владее секој кој тежи да биде радио-аматер!!.Треба само да се преведе на македонски и да се лекторира.А потоа да се седне и да се прочита...Авторите бараат само некој да се јави и побара слободно да ја преведе.Тие се дури горди на тоа на колку јазици и во колку земји е преведено ова четиво.Тоа ти е космополитизам и така треба да се владееме,ако сакаме да не признаваат и комуницираат со нас.

Проблемот кој го спомнува Дх-ер е со друга тежина и природа.Проблемот со набавка на станици е работа на Сојузот.Тој треба да се избори кај државата сите кои ке добијат лиценца да добијат и некаков попуст,ваучер или да се ослободат од царината за да поедностави и поевтини набавката.Дотаму изгледа ке попричекаме...