Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 02.12.2011, Friday, 01:39:51

Title: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: DX-er on 02.12.2011, Friday, 01:39:51
Најпрво да кажам дека многу малку сум запознаен со различните модулации,

1. ме интересира која е причината поради што со една модулација се добива поголем домет од друга модулација.

2. Дали има разлика во домет од модулација до модулација на прав терен или пак со препреки? Но да го исклучиме влијанието на јоносверата, и сончевата активност. значи збориме за гратски или рурални средини.

3. Зошто некои антени се добри за една модулација а други за друга модулација?

Фала однапред
Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: batka on 02.12.2011, Friday, 08:57:05
Ке ти одговорам накратко:

1.Дометот не зависи од модулацијата. Дометот зависи од јачината на сигналот и силата на предавателот.
Погрешно се врзува домет со модулација.Драуга работа е чујноста и македонски кажано- разбирливоста на емисијата.Најчујна е телеграфијата бидејки се состои од долги и кратки сигнали кои меѓусебно се разликуваат,до степен и да се спојат! При големи брзини не се слуша : црта,точка - ами се слуша звучната слика на пример еден број или едно слово,а подобрите телеграфисти слушаат звучна слика на цела кратенка! Тоа се постигнува со добар тренинг и концентрација.
Втора работа е опсегот во кој се модулира сигналот :АМ,FM,SSB..Секоја модулација си има свои предности и мани,ама тоа е малку подолго за објаснување.
2.Модулацијата нема врска со препреките.Препреките се проблем на носечкиот сигнал.Модулацијата служи само да се модулира бранот ,кој понатаму има свои проблеми со препреки,јоносфера,фединг,слабеење,пропагација...Во град постојат повеке типови на сметњи,кои го намалуваат,дури и *покриваат* сигналот,така што дури и стартерите за неонки влијаат на работата на предавателите.Разни извори на енергија,сигнали од базните станици на мобилните,дури и самите мобилни го оматаат сообраќајот.Тоа го нема или барем е во помала мера подалеку од цивилизацијата и урбаните средини. ;D
3.Антените исто така немаат врска со модулацијата.Тие имаат врска со типот на сигналот кој го емитуваме,односно со тоа дали се наменети за КТ или УКТ,дали се широкопојасни,теснопојасни,усмерени или зрачат кружно итн.Антената најмногу зависи од местото каде е поставена ,од поставеноста на станиците меѓусебно и пред се од намената на самиот предавател.Има предаватели кои мора да зрачат кружно или се усмерува нивниот сигнал само во еден правец,Има антени кои се прават широкопојасни,па со нив се покрива широко подрачје на емитување,или се прави антена која зрачи само во одреден дел о опсегот,а бочно има големи * дупки*,односно губитоци.

Ти ја препорачувам книгата * Радио приручник за аматере и техничаре* од Др.Божо Метзгер,од каде можеш да прочиташ многу за овие работи.
Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: Z31GH on 02.12.2011, Friday, 15:46:54
@Batka
Се сложувам со горенаведеното, ама мислам дека до негде за модулацијата има врска антената. Репетиторските антени имаат најчесто вертикална поларизација, така што антената треба да виде вертикално поларизирана. Јас со мојата антена пробав еднаш да ја поставам така што поларизацијата е хотизонтална и немав никаков сигнал од репетиторот, така што  зависи и поларизацијата на антената за ФМ модулација. Ако работиш Simplex, point to point без репетитор тогаш нема врска поларизацијата. За ЅЅВ на 144 мегахерци антените се хоризонтално поларизирани
Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: ivica.s on 02.12.2011, Friday, 16:20:50

Поларизацијата на повеќето антени може да се смени со нивно вртење од хоризотална во вертикална насока и обратно така да поларизацијата не е пресудна и лесно се менува  ;D

Самата поларизација е всушност е замислена рамнина во која електромагнетниот бран патува кога ќе излезе од  антената. Таа може да биде вертикална, хоризонтална или кружна ако бранот патува во сите рамнини подеднакво.

За најдобар прием на сигналот  антените од предавателот и приемникот треба да се со иста поларизација, ама ова е важно само за високи фреквенции (над 50 MHz), за пониските фреквенции не е толку пресудно.  

И модулацијата нема врска со типот на антената, што на пример ако притиснеш копчето за емитување на микрофонот и ќутиш, со ова на пример емитуваш само носечки сигнал без никаква модулација.  ;)
Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: Z31GH on 02.12.2011, Friday, 16:35:38

За најдобар прием на сигналот  антените од предавателот и приемникот треба да се со иста поларизација, ама ова е важно само за високи фреквенции (над 50 MHz), за пониските фреквенции не е толку пресудно.

Затоа на 144 мхз не можев да фатам репетитор со хоризонтално поларизирана антена

Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: DX-er on 02.12.2011, Friday, 17:23:15
Фала на сите за објаснувањето, сега ми се поедноставија работите

Самата поларизација е всушност е замислена рамнина во која електромагнетниот бран патува кога ќе излезе од  антената. Таа може да биде вертикална, хоризонтална или кружна ако бранот патува во сите рамнини подеднакво.

Кај рачните радио станици каква е поларизацијата кога држиме право со антената нагоре, вертикална? Дали знае некој случајно кај мобилните телефони каква е поларизацијата? Јас мислам дека е кружна тамо
Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: batka on 02.12.2011, Friday, 17:59:21
@Batka
Се сложувам со горенаведеното, ама мислам дека до негде за модулацијата има врска антената. Репетиторските антени имаат најчесто вертикална поларизација, така што антената треба да виде вертикално поларизирана. Јас со мојата антена пробав еднаш да ја поставам така што поларизацијата е хотизонтална и немав никаков сигнал од репетиторот, така што  зависи и поларизацијата на антената за ФМ модулација. Ако работиш Simplex, point to point без репетитор тогаш нема врска поларизацијата. За ЅЅВ на 144 мегахерци антените се хоризонтално поларизирани

Поларизацијата нема никаква врска со модулацијата.Поларизацијата зависи највеке од опсегот на кој се работи а не од типот на модулацијата. Амплитудната модулација ,како најстар тип на пренос на говорни фреквенции,не е погодна за ФМ подрачје бидејки е *многу широка* и за работа со овој тип модулација имате проблем бидејки FМ/SSB приемниците имаат друг тип на демодулатори,филтри,пропусни опсези итд.
Тоа што репетиторите инаат антени со вертикална поларизација е што тие мораат да примаат подеднакво сигнали од сите правци.Ако се работи со усмерени антени тогаш би биле релејни станици  ;D
И кај мобилните (бидејки се во ултракратките подрачја) мора поларизацијата да биде вертикална,а зрачењето е кружно!
Тоа се два појмови.
Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: ivica.s on 02.12.2011, Friday, 20:47:15
Фала на сите за објаснувањето, сега ми се поедноставија работите

Самата поларизација е всушност е замислена рамнина во која електромагнетниот бран патува кога ќе излезе од  антената. Таа може да биде вертикална, хоризонтална или кружна ако бранот патува во сите рамнини подеднакво.

Кај рачните радио станици каква е поларизацијата кога држиме право со антената нагоре, вертикална? Дали знае некој случајно кај мобилните телефони каква е поларизацијата? Јас мислам дека е кружна тамо

DX-ер едно е насоченост на зрачење, а друго поларизација на антената. Ако мислиш дека мобилните зрачат приближно во сите правци подеднакво тогаш си во право.

Ако зрачат само во една насока тогаш би биле тотално непрактични, ако се завртиш на другата страна отиде сигналот.  ;D

Поларизација е нешто друго и сепак нема толку влијание кај мобилните оти сигналите од мобилните мрежи се прилично силни и било и како да завртен телефонот и било каква да е поларизацијата пак има сигнал. Поларизацијата е особено важна за  прием послаби сигнали ( DX-ing) и тоа на високи фреквенции. Во вакви случаи избирање на правилна поларизација може да ја зголеми јачината на сигналот и за 10 пати (10 dB) па и повеќе, без никакви антенски појачала само со преместување на антената од хоризонтална положба во вертикална или обратно.

Ако имаш дома стара телевизиска антена (јаги) приклучи ја на телевизорот и најди некој канал, ќе видиш дека со вртење на антената од хоризонтална во вертикална положба на некои канали ќе има значајни промени во квалитетот на сликата.
Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: Z31GH on 02.12.2011, Friday, 20:48:14

Кај рачните радио станици каква е поларизацијата кога држиме право со антената нагоре, вертикална? Дали знае некој случајно кај мобилните телефони каква е поларизацијата? Јас мислам дека е кружна тамо

рачунај го тоа како дипол свртен нагоре, сепак не го катапултираш бранот во облаци, еве едно објаснување каква е разликата меѓу хоризонтална и вертикална поларизација....

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/TVAerialVerticallorHorizontalMounting.gif)

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/images.jpg)

Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: DX-er on 02.12.2011, Friday, 20:57:47
имам тестирано со поларизациите и тоа на ФМ подрачје, се разбира со ФМ трансмитерче од тие што се за во кола, му залемив жица (антена) и се оддалечив на некој си 20m, бидејки на таа далечина сигналот беше добар само кога и антената за прием ке бше во иста поларизација со жичката на предавателчето. Значи или нагоре кренати (вертикална) или легнати (хоризонтално). Ако едната антена беше легната а другата исправена сигналот беше речиси 0. Кај сателитските антени поларизацијата овозможува една фрекфенција да ја користат 2 транспондери. Мене ме интересираше конкретно за мобилните телефони :)
Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: Urahara on 02.12.2011, Friday, 22:17:38
Најпрво да кажам дека многу малку сум запознаен со различните модулации,

1. ме интересира која е причината поради што со една модулација се добива поголем домет од друга модулација.

2. Дали има разлика во домет од модулација до модулација на прав терен или пак со препреки? Но да го исклучиме влијанието на јоносверата, и сончевата активност. значи збориме за гратски или рурални средини.

3. Зошто некои антени се добри за една модулација а други за друга модулација?

Фала однапред

1. Модулацијата нема допирна точка со дометот на каков и да е сигнал.

2. Види 1.

3. Поради ограничениот bandwith
Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: DX-er on 02.12.2011, Friday, 22:30:27
како мислиш поради ограничениот bandwith? Дали тоа е ширината на каналот на пр. 4KHz, 9KHz, 12KHz, 25KHz ? Доколку е тоа не разбирам каква врска има ширината на каналот со антената ако не е тоа пиши.
Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: batka on 03.12.2011, Saturday, 00:37:02
Малку е погрешен изразот -  bandwith . Типот на антената зависи за намената на самиот предавател,местоположбата и пред се што сакаме да покриеме со неа. Честопати дометот не е многу битен,колку концентрацијата на сигналот во определен опсег,во определен смер на зрачење или на определено подрачје на теренот. Затоа,изборот на модулацијата има улога околу што и каде треба да покриеме со сигналот.Антената и типот на модулацијата се зема во обзир спрема моќноста на предавателот кој го имаме .Во краен случај приемникот е одлучувачкиот фактор - неговата конструкција,филтрите кои ги поседува ,типот и можностите на меѓуфреквентниот степен.АМ бара најмалку,а SSB  најмногу технички можности од приемникот.Зборуваме за стандардните емисии.Секако кај SSTV, пакет радиото ,atv итд. постојат други критериуми,кој не се за занемарување при избор на антена.
Title: Одг: Ме интересира што е разликата од модулација до модулација
Post by: Urahara on 03.12.2011, Saturday, 01:53:09
како мислиш поради ограничениот bandwith? Дали тоа е ширината на каналот на пр. 4KHz, 9KHz, 12KHz, 25KHz ? Доколку е тоа не разбирам каква врска има ширината на каналот со антената ако не е тоа пиши.

Bandwidth* typo

Доколку антената има пропусна должина од под 1KHz тогаш таа не е соодветна за пренос на говор. Ова сега горе-долу не е важно оти никој не дизајнира антени со специфичен пропуст на одредена централна фрекфенција.

Така да може слободно да се каже дека сите антени се *универзални* за преност на каков било тип на емисија.

ПС: Овие информации ги има насекаде *расфрлано* по интернет, не би било лошо да се потрудеш малку по-детално да пробараш за радио-техника :)