Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: Z3nesto on 15.02.2016, Monday, 15:53:03

Title: Пропагација на КБ
Post by: Z3nesto on 15.02.2016, Monday, 15:53:03
Ајде малку едукација за простирање на кратките бранови :)

Ham Radio Tutorial - HF Radio Wave Propogation
 (http://www.youtube.com/watch?v=YgmvPWRYw3I#ws)
Title: Одг: Пропагација на КБ
Post by: batka on 17.02.2016, Wednesday, 19:15:41
Ова е само врв на сантата ,има уште мнооогу што да се каже. 8) За оние понеупатените да кажам дека користењето и познавањето на пропагациите е од исклучително значење за операторот,за успехот на неговата  работа, ама и за поттикнување на конструкторската работа пред се во врска со антените, од примената на разни типови,конструкции , до изработка на антенски системи ,столбови ,посебни методи на пратење на метеорските, атмосферските и климатските карактеристики на подрачјето каде е стациониран  PPS-от. Долга и широка за пишување работа,кој има време.
Title: Одг: Пропагација на КБ
Post by: Z3nesto on 17.02.2016, Wednesday, 22:58:34
Како и секогаш @batka е многу во право :) Ова е само врв на сантата, но го сметам за добар почеток.
Во однос на другото што го искоментира батка, викендов на брзина исеков дипол за 21MHz (охрабрен од еден постар радиоаматер) и го пуштив на тераса. Меѓу одработените 15тина QSOa влегоа 3-4ца Американци како од шала.
Претходно имав неколку обиди за диполи за 21 и 28Mhz меѓутоа завршија неславно, со исклучок на еден кој „легна“ за 24MHz.
Title: Одг: Пропагација на КБ
Post by: batka on 18.02.2016, Thursday, 19:56:56
Пропагацијата е цела наука и навистина треба многу експериментирање .Е,сега треба и материјални средства и простор и кавги со комшии да правиш....Со покојниот Крајчев кога направивме еден Quad за 21 Мхз милиција ни дојде бидејки не пријавиле,личела на шпионска антена.Посебна приказна што за секоја сенка на ТВ то ти си крив. 8) ??? Со среќа нека ти  е!