Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 10.10.2015, Saturday, 02:00:36

Title: Дали водите дневник на остварени радио врски ?
Post by: DX-er on 10.10.2015, Saturday, 02:00:36
Анкетава е анонимна а кој сака може и да пише.
Title: Одг: Дали водите дневник на остварени радио врски ?
Post by: Z31GH on 10.10.2015, Saturday, 10:27:48
Едно време водев дневник, но не гледав баш некоја потреба од тоа. Сега исто така, да, но само за кратки бранови. Инаку колку што знам има и електронски дневник, на компјутер си пишуваш со кого си остварил врски. Мојот прв радиоконтакт беше со радиоаматер од Шведска, кој многу се израдува кога му кажав дека ова ми е прв контакт. Инаку најдалечни радиоконтакти што ги имам остварено се Австралија и Јапонија. Така поважни радиоконтакти ги запишувам во дневникот, поготово ако се ептен далечни врски.
Title: Одг: Дали водите дневник на остварени радио врски ?
Post by: DX-er on 10.10.2015, Saturday, 21:10:20
Јас дури вчера прв пат прочитав дека мора да се води дневник, пред тоа не знаев, и истиот морало да се чува најмалце 2 години. Иначе одвреме навреме сум активен на R0, R6 и R7 не можам да ги користам од кај мене. На RU5 нема никој. Што ке пишам во тој дневник, дека сум разговарал со некој радиоаматер кој е на нулата ?
Title: Одг: Дали водите дневник на остварени радио врски ?
Post by: MilerovEfekt on 10.10.2015, Saturday, 21:38:18
Воглавно за локални врски не треба да се води дневник. За HF треба
Title: Одг: Дали водите дневник на остварени радио врски ?
Post by: Z3nesto on 26.10.2015, Monday, 19:07:36
Јас се уште го чувам мојот прв дневник во кој првата врска е од 1995 на репетитор (инаку работев и пред тоа на репетитор) со клубски знак. Репетиторските и симплексни врски активно ги пишував до 1998-1999. Тогаш имаше доста активност на R3 од Бугарија, R1 функционираше без проблем и таму имам доста YU8, YU1 и LZ контакти. Дури има еден SV од Солун кој се одважи да направи QSO преку R7 на англиски. ВО тоа време доаѓаа на R7 само за да сметаат.