јас не би рекол витални него паразитни капацитивности
Па се паразитски, ама во овој случај се витални за нормална и стабилна работа на колото, тоа ми беше зборот...
Е сега кај тебе ова со динамичкото штимање кога ја повлекуваш искрата од секундарот се појавуваат тие витални пикoфаради се појавува некоја капацитивност две електроди сваќаш едната е крофната на секундарот од теслиниот трансформатор а другата е некој метален објект или твојата рака
Епа тоа динамичко штимање многу е деликатно, кога имаш објекти блиску до она што го менуваат паразитниот капацитет, и го наштимаш за работа во такви услови, после кога ќе сакаш да го демонстрираш пред друга публика, пример на натпревар, искрата ќе биде многу помала и ќе треба повторно штимање...
Има еден интересен феномен во врска со ова. Да земеме еден идеално наштиман ТТ, значи примарната и секундарната резонантна фреквенција да се еднакви, тогаш имаме максимален трансфер на енергија и добиваме празнења (искри). Е сега нели тие искри се проводни, па доведуваат до создавање на некој капацитет додаден на паразитниот капацитет на секундарот. Колку се поголеми искрите, толку тој капацитет е поголем, и толку се намалува резонантната фреквенција на секундарот. Ако се намалува, значи нема да биде иста со онаа на примарот, и трансферот на енергија е помал, што доведува до помали искри. Ако се намалат, значи малку ќе се покачи фреквенцијата, и така оваа појава ќе спречи понатамошно растење на искрите, а ние можеме колку сакаме да ја зголемиме моќноста што влегува во колото. Тогаш се применува штимање на примарот некои 10-20% под фреквенцијата на секундарот, така што искрите ќе ја намалат фреквенцијата на секундарот и двете фреквенции ќе се синхронизираат (можеби не целосно ама доволно добро...).
Вели вака освен во високофреквентната техника што не се пожелни не се пожелни и тука паразитните капацитивности.
Зависи каде, во примарот не се пожелни, но во секундарното коло целосно се потпираме на паразитниот капацитет помеѓу намотките и паразитниот капацитет од помеќу торусот и околните заземјени проводници...
Зборот ми беше дека треба со калемот на секундарот да се стави уште еден помошен калем за да го нема тоа неможе да го нема скроз да се намалат знатно паразитните капацитивности.
Како мислиш поточно? Баш ме интересира...
П.С. За овој осцилаторов "A la Mazzilli"
, незнам зошто го немам видено во switching напојувања, инвертори и слични работи. Многу е прост, многу е ефикасен (MOSFET-ите греат ептен минимално), а е способен за многу големи моќности. Многу е добар пример ако е потребен инвертор да се направи, од 12 на 220, а уште подобро ако треба еднонасочен напон затоа што би можело и феритни трансформатори да драјвува многу ефикасно на многу големи фреквенции. Идеално е ама нигде не го гледам туку гледам еден куп компоненти за добивање на истиот ефект...
П.П.С. Дали на некому му дошла идеја да направи индукциски греач на ист начин коко што работи ТТ, само без секундар, туку примарот да се користи како работна намотка, јас мислам дека е изводливо затоа што многу луѓе кажуваат како метални објекти околу примарот им се загревале. Што викате?