Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: roliver on 16.11.2020, Monday, 08:14:16
-
Имам клима, истата има WIFI модул, но кога измерив напон на УСБ излезе дека е 12,1 волти.
На кој наедноставен начин да го намалам 12 на 5 волти (мислев со коло 7805). Дали треба да има и ладилник на 7805 (ќе има само ВИФИ модул - за кои пишува максимум 300ma).
Или со зенерка 5в и еден отпорник 1К - ова ми изгледа како наједноставно
-
Филмој да не гледаш на климата ? :) 2,1w зенерка ќе ти треба, можда сепак 7805 со мало ладилниче.
Само зошто бо давало 12в, да не е нешто друго проблемот ?
-
Климата е нова, пред 2 дена монтирана. Има некој проблем најверојатно (како клима работи коректно) со УСБ т.е. вифи поддршката.
Нема да гледам филмови туку ќе ја контролирам од далечина преку мобилен. Чудно е како е стандарно УСБ, а има 12 волти и вифито нормално не работи.
-
За да намалиш од 12V на 5V при 300mA ќе ти треба пристоен ладилник за 7805.
-
Пробај да му дадеш товар дали ќе остане 12v или ќе падне на 5v!
-
При што треба да остане отпорникот, најверојатно некој 1-5к, ако е до тоа, ако не 7805
-
Сепак се работи за кинеска верзија која само го користи УСБ портот а работи на 12В. Broadlink BL1205-P WIFI modul. По се изгледа неработи модулот. Откако го растурив вифи модулот излезе дека сепак 12 волти му било работен напон. Штета што не работи ама тоа е кај нас, и општо за квалитетот на кинеските прозиводи. Видливо во модулот нема ништо спорно
-
Не ми е јасно зошто си го растурал ако е нова климата... однеси го модулот на сервис, ќе ти дадат нов модул.
-
Модулот е во пластично куќиште и лесно се растура (како усб стикце) нема никаква заштита ни лепенка ни ништо, а внатре има лепенка но таа не е воопшто оштетена. Ќе одам во продавницата каде е купена, ако нешто постигнам, чисто се сомневам...
-
Имаш основ да земеш нов, ганц нов е, однеси гаранциски лист. Треба да ти го заменат.
Ако не, може да направиш како што направи еден другар кога не сакаа да му ги вратат парите за еден лаптоп по една недела. Отиди во продавница, од кај и да си го купил, пробај таму да го замениш за нов, ако треба и карај се, ако ништо не постигнеш, почни да се шеташ низ продавница и разгледувај што гледаат муштерии. Кога ќе загледаат нешто, отиди таму као демек и ти си заинтересиран и почни да им збориш колку е тапа „тоа и тоа“, си земал и одма се расипало. По третиот или четвртиот муштерија, ти гарантирам, некој од продавницата ќе дојде и ќе ти рече да го разгледате проблемот што го имате со твојот уред ;). И јас така еднаш направив, функционира, никој не сака лоша реклама ;).
-
Климата ти е екстремно нова (3-4 дена), иди и ич не му ја мисли, ако почнат да ти мрчат кажи им дека си запознат со законот за потрошувачи и дека ги имаш сите права за да ти го заменат нефункционалниот дел од климата (и нека ти го повикат шефот на продавницата).
-
Тоа со шефот не функционира секогаш... сум го викал и сум се жалел, мува не го лазело.
Али ова што го наведов, 100% функционира... и најбрзо е. Додека отидам во агенција за заштита на потрошувачи, дур се жалам, тантара пантара, ехееее, гаранцијата може да ми истече :P :D.
Се разбира, само во случај да се дрски и да не сакаат да те услужат ;).
-
Конечно добиен нов модул и истиот работи како што треба. Главниот сервисер во МК сеуште тврдеше дека не сум знаел да го конфигурирам модулот - ама новиот модул проработи од „прва“. Скоро секогаш се исти сите сервисери, божем ние „обичните“ корисници не знаеме. Голема благодарност до продавачот (Прилеп) кој го изваде вифи модулот од експонат климата, а голем минус до главниот сервис во Скопје, кој еден месец не успеа да набави вифи модул од Хрватска иако е под гаранција.
Може клуч на темата.
-
Едно гајле помалку. :)
-
Со среќа да си ја користиш ;).
-
Благодарам