Слабеење на сигналот (влез --> излез) во опсегот во кој е дефинирано дека работи сплитерот (5 - 2450MHz).
И патем, не мислев дека треба да набави баш таков сплитер како на сликата, туку дека најдобро е да набави 3 way сплитер. Сликата ја најдов преку Google search, не го барав конкретно тој сплитер.
Инаку, и не е баш паметно да го набави баш тој сплитер од сликата бидејќи на едниот излез има power pass through, за уреди кои се напојуваат преку кабелската мрежа, така да, можно е при електрични атмосферски празнење да настрада баш тој уред кој е врзан за тој излез... во случај антената да е поставена на отворено. Не дека со некој сплитер кој нема ваков излез нема да настрадаат уредите, туку муабетот е дека во конкретната ситуација, подобро е сплитерот да нема таков излез.