Хаха ...а бе добра ти е кутијава само малку е скапа за квалитетот што го има. Кога би ја правел си кутии од моите цигари би ме чинела околу 3000 ден.
Е да, во право си
. Малку скапо за квалитетот кој го нудат кутиите
. Плус, овие кутииве од YORK и не се баш најцврсти, оние од Rodeo се подобри
. Ама тогаш пушев YORK, дур не сватив дека мноооогу смрдат
. Сите цигари смрдат, ама овие беа... убиство
.
А сега да собирам празни кутии, па да ги менувам :S... не знам, некако не ми се прави целата работа јово наново
. Освен тоа, сега секакви сликички има по кутииве
, некако не ми се допаѓаат
. Овие се собирани на времето, кога само текст имаше
. А инаку, уште неколку цели полни кутии од чевли имам со вакви кутии од цигари, така да, не ми е проблем и да ги менувам ако се оштетат
.
А зошто толку скапо да те чини
? Па и онака се фрлаат кутиите кога ќе се испушат
. Јас само почнав да ги чувам место да ги фрлам и за една година, имав еден куп кутии
.
Добро... не те фаќа мука кога гледаш колку си испушил?
Само за парите
. Инаку, се знае, како и секој пушач, пушењето е пред се задоволство
. Така да, не ми е криво за задоволството, криво ми е за парите... и за здравјето, се разбира, тоа е башка приказна
.
Хаха, ова мислам дека ти е единствената придобивка од цигарите...
Дефинитивно
. Па барем некаков е... односно јас така си се тешам
.
За оние кои не пушат, може да замолите некој кој пуши да ви ги чува кутиите, па потоа да си направите вакво нешто
. За оние кои не може да поднесат цигари, да знаете дека самите кутии не мирисаат... можеби малку, ама само ако ептен „упикате нос“ во кутијата
.