Македонски форум за електроника

Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: Danielco on 11.08.2017, Friday, 11:11:27

Title: Потребен PickIt 3 програматор
Post by: Danielco on 11.08.2017, Friday, 11:11:27
Здраво момци, како што гласи насловот, потребен ми е PickIt3 програматор, или било каков програматор кој ќе може да ја исчита содржината од PIC16F1704 и да ја запише во други два исти такви чипови.

Пожелно е да биде некој од Скопје, бидејќи услугава ми треба итно за денес, да не фрлам 4000 денари за PickIt 3, само за еден чип, меѓутоа како што ми гори под нозе, ако не најдам никој, ќе морам да го купам. :(

Логинг иако го продаваат, не сакаат или не се во можност да излезат во пресрет и да ми завршат работа, како и неколку други сервиси во кои се јавив.

Благодарам однапред.
Title: Одг: Потребен PickIt 3 програматор
Post by: Zan on 11.08.2017, Friday, 14:20:42
Немам PICkit3 програматор, само да напоменам дека PIC микроконтролерите се 99,9% заштитени, и доколку се работи за комерцијален уред, најверојатно нема да може да ја прочиташ содржината од PIC-от.
Title: Одг: Потребен PickIt 3 програматор
Post by: GigaWatt on 11.08.2017, Friday, 15:58:29
Може да се додаде како device во PicKit2.

Code: [Select]
http://www.microchip.com/forums/m841962.aspx
Ама најверојатно ќе треба време и тест проба (работи, не работи) за тоа.

Имам PicKit2, така да, можам да ти помогнам, но не денес, ако сакаш викендов (сабота или недела).

Освен тоа, како што спомна Zan, можно е целата мака да биде за џабе.

Еве, некој има споделено и модифициран PK2DeviceFile.dat фајл на github кој го содржи и PIC16F1704.

Code: [Select]
https://github.com/GBert/misc/tree/master/pickit2/pk2dft
Ако може да најдеш PicKit2 од некаде, може да пробаш сам да го исчиташ или испрограмираш со модифицираниот PK2DeviceFile.dat фајл. Има и едитор за овој фајл, ама треба микроконтролер по микроконтролер сам да ги додаваш на листата. Истото може и со SPI EEPROM-и да го правиш (имам рачно додадено два или три), ама гњавење е... особено ако не можеш да најдеш datasheet од EEPROM-от/SPI Flash-от, така да... се откажав и почнав да барам комерцијално решение. Искрено, немам време :S...
Title: Одг: Потребен PickIt 3 програматор
Post by: Danielco on 11.08.2017, Friday, 20:14:05
ОГРОМНА благодарност до MURO, завршивме работа за момент, исчитано преку PickIt3, и содржината впишана во другите чипови.
Благодарност и до Жан и до Гига за одговорите, фала ви дечки за интересот. ::)

Денес направив некаде околу 80 телефонски повици по секакви сервиси, од најреномирани до маалски, секој можен сервис и пријател што ми падна на памет беше побаран, и само тројца четворица саглам дечки ми дадоа одговори како вашите, дека е можно да е заклучен итн итн, другите само накратко незаинтересирано велеа не, а имаше и такви кои ме прашуваа што е тоа PIC микроконтролер, каков е тој чип..
Title: Одг: Потребен PickIt 3 програматор
Post by: GigaWatt on 12.08.2017, Saturday, 03:03:44
Благодарност и до Жан и до Гига за одговорите, фала ви дечки за интересот. ::)

Не ми е јасно смајлово на крајот... цинизам ???.

...а имаше и такви кои ме прашуваа што е тоа PIC микроконтролер, каков е тој чип..

Ако си прашувал сервисери од официјални сервиси, не би ме чудел овој одговор.

Сум имал слична ситуација со котрола за пумпа за вода. На крајот излезе дека јас повеќе знам за конкретната контрола за пумпите од дечките кои сервисираат пумпи и се бафтаат со такви работи ::).
Title: Одг: Потребен PickIt 3 програматор
Post by: Zan on 12.08.2017, Saturday, 08:56:12
Многу ме интересира во каков уред беше PIC-от оставен така незаштитен?
Title: Одг: Потребен PickIt 3 програматор
Post by: Danielco on 12.08.2017, Saturday, 10:09:18
Не бе Гига, нема никаков цинизам, сакав кисче да стаам како знак на благодарност, ама викам овие ќе ме напраат хомос ;D ;D ;D без навреда, стварно не мислев ништо лошо, само вчера денот ми беше хаос, трчање натака навака, па и не можев да најдам некое одговарачко смајли, само сакав да ви се заблагодарам што улетавте со било каков одговор, сепак ги дадовте своите два центи и партиципиравте во помагањето.

Жан, навистина не сум во можност да кажам за каков апарат се работи, чисто заради доверба сервисер-клиент, се надевам дека нема да ми замерите, верувам дека и вие сте биле во слични ситуации, кога се работи за навистина скапи уреди, и кога секое споделување на информации би можело да му наштети на клиентот.

ПС Гига, уште чекам да отвориш тема стриктно само за споделување дампови ;)
Title: Одг: Потребен PickIt 3 програматор
Post by: Zan on 12.08.2017, Saturday, 16:06:40
Секако дека нема да ти замериме :)
Сега ми е уште почудно зашто велиш дека се работи за скап уред, а микроконтролерот не е заштитен.
Title: Одг: Потребен PickIt 3 програматор
Post by: GigaWatt on 12.08.2017, Saturday, 22:46:09
ПС Гига, уште чекам да отвориш тема стриктно само за споделување дампови ;)

Па те немаше на форумов... мислев дека си се откажал од тоа.

ОК, штом е така, нареден dump оди во посебна тема ;).

Инаку сите dump-ови што до сега сум ги направил од комерцијални уреди, може да ги најдете на elektrotanya. Пред се станува збор за лаптопи и матични плочи од десктопи, но има и од по некој телевизор ;).

Сега ми е уште почудно зашто велиш дека се работи за скап уред, а микроконтролерот не е заштитен.

Има и такви ситуации ;). Reverse psychology ;). Никој не би помислил дека на таков уред нема да му биде заштитен кодот, затоа не би го ни чепкал ;). Или пак, ретко кој би се нафатил да го сервисира, па си рекле, ај, што има везе дали е заштитен или не, и онака никој нема да го чепка.
Title: Одг: Потребен PickIt 3 програматор
Post by: bicikle on 12.08.2017, Saturday, 23:15:35
Да не пише некој "Аз сам долњен да проверам"  ;D
Title: Одг: Потребен PickIt 3 програматор
Post by: Danielco on 13.08.2017, Sunday, 00:23:06
Се откажав од цитирање, многу бре комплицирано ;D ;D ;D

Не бе Гига, грешка си, тука сум јас, прилично редовно си го ѕиркам форумчево, само не партиципирам многу, освен ако навистина сум сигурен дека можам да помогнам или пак да побарам помош.

Инаку не е само за мене таа тема, тоа би било корисно за цел форум и неговите посетители, работава е да се направи можеби посебен подфорум со повеќе категории, да речеме лаптопи, телевизори, тетриси итн итн, и да речеме во категорија лаптопи да има уште неколку категории со различни модели на лаптопи, Asus, Toshiba, HP итн итн, истото би било и за телевизори, t-con-и и за секаков тип на електронски уреди кои содржат електронски програмабилна меморија во нив.

Во насловот задолжително да стои на пример производител, модел и можеби нешто додатно како верзија на софтверот, за самиот пребарувач да може коректно и брзо да вади точни резултати при пребарување, а во самата тема да биде прикачен дампот, слика од плочата, основните нејзини компоненти, и по можност шема или boardview за неа, плус некоја забелешка во врска со конкретниот уред, како на пример овој чип е нестандарден и работи на 1.8V, исчитан е со тој и тој програматор, тестиран лично итн итн, нешто слично како на remontaud.net.
И што е најважно, сите фајлови да бидат прикачени на форумот, наместо по други сајтови на кои им застаруваат линковите, па се губат и слики и фајлови и темата на ништо не личи. Еве ти викаш дека сите твои дампови може да се најдат на elektrotanya, ок, како тоа би го знаел некој член од форумов, еве и јас сега првпат дознавам дека ги имаш таму закачено, и што дека знам, пак морам лично тебе да ти се обратам и да те прашам каде да најдам тоа и тоа ;D

Мислам дека и секој член на форумов кој е поактивен и кој навистина има потреба од електроника, или едноставно си сака домашни работи или е ентузијаст, не би му било проблем да донира пример 500-1000 денари кои би се инвестирале во инфраструктурата на форумов, за да се овозможи горенаведеното. Јас прв би донирал :)

Знам дека е малку комплицирано, меѓутоа мислам дека би било добро да живне форумчево уште повеќе. На крајот од краиштата, зошто би барале фајлови и шеми по странски сајтови, кога овде може да се оформи една убава Македонска заедница каде што си се разбираме што зборуваме и во секое време може да си помагаме меѓусебно.

Исто така, забележав дека администрацијата е премногу толерантна према некои членови кои само тропаат глупости и редат километражни неразбирливи постови од кои болат очи уште од првата реченица. Уште и отвараат драматични теми у стилот последен поздрав, проштално писмо, ќе помисли некој отиде човеков да се фрла од зграда, само решил прво да се прости од соработниците, гревота, ај парастос да му направиме...
Доколку после првата опомена не се промени однесувањето на членот, пермабан и ајт создравје, пестицидни мислења, теми и луѓе ниеден професионалец не ги толерира, па не гледам причина зошто на форумов полн со маргинирализирани професионалци би било поинаку. ;)
Title: Одг: Потребен PickIt 3 програматор
Post by: GigaWatt on 13.08.2017, Sunday, 11:38:21
За тоерантни... да толерантни сме бидејќи форумов не требаше да биде само место за професионалци, туку и за аматери, луѓе кои навлегуваат во електрониката, итн. Практично, за сите кои не се разбираат многу во електроника, но имаат желба да научат. Се разбира, тие луѓе најчесто претходно не биле членови на ниеден форум, па не ги знаат ни „форумските правила на игра“, така да, затоа и сме толерантни. Се надеваме дека со време членот ќе свати кој е форумскиот бон-тон, но... понекогаш, членовите завршуваат со перманентен бан... тоа е тоа, не биднува од секое дрвце шупелка ;).

Околу професионалците и нивната активност... чест на исклучоци, ги има, не дека ги нема, но навистина ретки се. Да не спомнувам nick-ови, си знаат кои се ;)... а и да не се почувствуваат другите членови на форумот помалку вредни ;). Сите кои се помалку или повеќе активни, си помагаме едни на други... на еден или друг начин ;). Би сакал да има повеќе активни професионалци, но... што е, тука е. Знам многу луѓе кои професионално се навлезени во една или во друга област од електрониката, некои ми се колеги, некои бивши колеги, некои пријатели... но, да бидам искрен, голем дел од нив или воопшто не се активни на никаква online заедница, или се активни на Балканскиве (Ex YU) форуми. Зошто... не знам. Секој од нив барем два пати го имам покането да биде активен на овој наш форум... или имаат пишано по еден post, или само се зачлениле или не се ни зачлениле. Ова е ситуација со сите на кои ги имам лично покането. Ако ги прашам, најчесто имаат два изговори, или „немам време за тие работи“ или „па немате членови кои се разбираат во тоа и тоа, за што да пишувам кога ретко кој ќе разбере“. Па ако сите така размислуваме, да, нема да има ниеден професионалец на форумов (како што пишав, чест на исклучоци).

Околу темите и поделбите на подсекции... форумов не е само за сервисирање на електрични уреди, така да, кога тоа би се извело, би требало целосно да се редизајнира концептот на форумов. И тоа е опција, но не сега... сега за сега, имаме проблеми со скриптата и нејзината застареност, багови, итн., тоа е приоритет. Да се среди тоа и околу се останато може да се дискутира ;).