Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: nCounTr on 03.05.2010, Monday, 11:51:42
-
Ова се потребните шеми, програмот за микроконтролерот и програмот за компјутерот со кој ќе можете да пишете текст или што сакате на движечкиот дисплеј кој е составен од матрица од 7x35 диоди и е контролиран од еден PIC16F628A микроконтролер.
Фајловите се закачени подолу.
П.С. Ова го ископав од мојата архива за електроника која е цело DVD а ако ги сметаме и списанијата тогаш е 3 DVD-а.
-
Браво, супер проектче! Ако некој го направи чекаме видео клип.
-
Охохо, 1700 и кусур лед-диоди, кој знае дали имаат продавниците кај нас толку на лагер... :o ;D
-
Охохо, 1700 и кусур лед-диоди, кој знае дали имаат продавниците кај нас толку на лагер... :o ;D
ако начекаш само што набавиле ке имаат ако не тешко :)
-
плус едно 20-30 пошто не верувам дека сите ќе работаат :D
-
Добро па и вие немора сите 7 панели да ги правите може и со еден и со два да поминете :)
-
а бе ај ке ги купиш....но треба ли да ги лемиш тие диоди?? треба ли плочките што ке ги правиш да ги бушиш??? ептен е напната работа тоа....
-
не бе ќе купиш перформирана плоча и на неа, нема бушење супер е :D
-
Ако се земат лед на големо (во најлони) идат под 1 денар парче (договорете се со некоја продавница за електронски компоненти за вакви зафати :) )
-
не бе ќе купиш перформирана плоча и на неа, нема бушење супер е :D
ама пак треба да ги лемиш... :D
-
Јапонците измислија роботи за таа намена и користат SMD ЛЕД ама ние за жал уште лемиме :(
-
хахахаха у право си борче..ама па вака е поинтересно...
-
хахахаха у право си борче..ама па вака е поинтересно...
Не само што е интересно, ако си почетник во лемењето, кога ќе завршиш со проектот ќе станеш професионалец во лемење.
И сите женски ке трчат по тебе да ги лемиш :) :D
-
хахаха и тоа што викаш...
-
Здраво на сите доста интересно морам да признаам а дали овој LED Движечки Дисплеј го има ова некој направено :)
-
Сега ја гледам шемата и не гледам никаков начин како микроконтролерот ќе шалта помеѓу 7те плочки ? Се користи да мултиплексирање но како што гледам вака со оваа шема само една плочка од 7х35.
Случајно да не фали уште една шема ?

Ќе прегледам по двд-то и по интернетот да немам пропуштено нешто, па ќе пишам.
ЕДИТ: Моја грешка панелот бил вкупно со 245 диоди а не 7x7x35. Се извинувам за пропустот.