Author Topic: Помош за бобина од автомобил  (Read 13143 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Помош за бобина од автомобил
« Opened on 25.12.2013, Wednesday, 15:42:34 (Edited 26.12.2013, Thursday, 01:49:05) »
Значи вака, немав пари да купам па во југословенска литература најдов како точно е градена бомбината. Тоа ми требаше затоа што ми требаше високонапонско трафо, а немаа, па сакав да намотам. И според тие шематски прикази намотав примар 10 намотки, и секундар околу 1500 намотки.
Толку за тоа, па сега дали можам да го драјвувам со полнач за акумулатор 12 волти 15 ампери со исклучен грец? Значи директен АС излез.
Го прашувам ова чисто за да се осигурам, за ништо друго... ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Kilovolt овие твои експерименти се еквивалентни на надрилекарствата на баба Рада. Ако е толку лесно да се направи бобината,ехе, досега фабриките ке затвореа! Не прави експерименти бидејки може да настрадаш! Литература се наоѓа,само во самоградба не сум сретнал некој да направил такво нешто!!

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
Гледам многу си напален по ова високонапонските уреди. Ако те интересира тоа толку многу зошто не прочиташ некоја литература прво па потоа да прашаш? знаеш дека намотките на бобината имаат заеднички извод за нула, и дека таа работи на пулсови, нешто како сплит трафо. Ако ја уклучиш на наизменична тоа ке стане трансформатор, а бидејки имаат заеднички извод а фазите ке се надвор од совпагање постои шаснса само да ти изгори жицата и ништо друго... и да си можел за 300-400 ден да земеш на старо бобина. И да не ја гледам поентата во играње со висок напон?? што е толку забавно да гледаш искри од кои можеш да загинеш??

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
@Unforgiven Секој има право да си прави она што сака, детето сака високонапонска техника, нека си се занимава, доколку тебе тоа не ти е забавно не мора да значи дека на сите не им е забавно :D

Немој да ме сфатиш погрешно, сакам да кажам дека ако сака нека се занимава, ако можеш помогни му, ако не, остави го ќе се најде некој друг кој ќе му одговори.

@KiloVolt
појди на некој отпад со стари автомобили и извади си неколку бомбини мислам дека ќе се договорите со газдата на отпадот за мали пари да ги добиеш :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Помош за бобина од автомобил
« Reply #4 on 25.12.2013, Wednesday, 20:15:15 (Edited 25.12.2013, Wednesday, 22:02:17) »
Кило Волт како прво не е бобина како што си напишал на насловов ти туку бомбина.Прво бомбината е високонапонски трансформатор значи имаш една дебела намотка со дебелина од 3 милиметри отприлика намотана е на феритно јадро околу дваесетина навивки и под нејзе има втора намотка која е намотана со жица од 0,3 милиметри до 0,5 милиметри со околу од 3000 до 5000 навивки и сега едниот крај од дебелата намотка тоест примарот е споен со едниот крај од тенката намотка тоест секундарот.И кај сите автомобилски бомбини во точката каде што се споени примарот и секундарот имаме и маса тоест овој дел допира и на шасијата така што и шасијата има напон значи внимавај.Е сега кога на едниот крај на бомбината тоест на примарот ќе се доведе плус масата го затвара струјното коло и околу дебелата примарна намотка имаме јако електромагнетно поле и сега по дејство на ова магнетно поле и секундарната намотка е магнетизирана и во тој момент платината или електронското палење го исклучува примарниот напон и бидејќи нели секундарот е магнетизиран се индуцира висока емс  тоест висок напон во волти околу 15 илјади а мала струја.Тој феномен го викаат само индукција или авто индукција и затоа бомбината е еден вид авто трансформатор.Потоа платината или електронското палење пак го вклучува примарниот напон и пак го исклучува и процесот се повторува ете тоа е принципот на работа.Е сега значи високиот индуциран напон се носи нели на врвот на бомбината а маса е пак куќиштето значи тоа е опасно и да не те лажел ѓаволот да ја поврзуваш на 220 волти оти ако допреш маса пријатно со здравје 8) 8),таа се поврзува на 12 волти тоест примарот е поврзан на 12 волти каде што пишува B+ значи плусот се поврзува тука а минусот е на маса тоест шасија.И ти треба драјвер за да ја користиш.А тој драјверот со димерот и кондензаторот заборави го ко демек ја поврзуваш на 220 волти бомбината и димерот го обара напонот и фактички фреквенцијата на градската мрежа 50 херци ја драјвува бомбината го уклучува и исклучува примарниот напон тоа е глупост.Тоа е опасно сум пробал грее бомбината и имам прегорено две слушај паталец :D 8) 8).Затоа поедноставен драјвер со НЕ555 или пуш пулл транзистори и секако еднонасочна струја 12 волти.Внимавај и полека со таа твоја високонапонска техника. ;) ;) 8) 8).
Quote
Толку за тоа, па сега дали можам да го драјвувам со полнач за акумулатор 12 волти 15 ампери со исклучен грец? Значи директен АС излез.
Го прашувам ова чисто за да се осигурам, за ништо друго...
.Чекај сега те сватив али тоа е малку ризично јас со димлер го оборив напонот од 220 волти на 40 волти и ми загреа бомбината у секунда и прегоре одма, а ти вака користејки трафо имаш напон од дванаесет волти за твоја информација сум го пробал и тоа и проработе и почна да ми грее после триесет секунди и втората од моите три бомбини ми изгоре.Немој никако 50 херци е многу висока фреквенција за бомбините направи си едноставно драјверче не користи ја градската мрежа не е безбедно истово како тебе го имам направено ми прегоре автомобилската бомбина.Јас ти викам немој,на 50 херци.Од искуство ти кажувам земи си едноставно драјверче.Ги има многу на форумов.Чекај а ти си купи ли бомбина или не.Инаку ти тоа што го кажуваш со 50 херци никако не го прави сум пробал.Немој ќе ја прегориш бомбината 8) 8).И плус на местото каде што пробав инсталацијата беше со бушони и беше слаба.Леле кога ја драјвував со димлер ми се запали бомбината осигурачот црн стопен што да ти кажувам.А исто ми прегоре бомбината и кога ја драјвував на 12 волти трафо.Еден инжинер истово го испитуваше и ми рече 50 херци многу е и после си направив со пуш пулл транзистори драјвер и со НЕ555 исто друг драјвер и бомбината си работи и ден денес искри дава коа ќе правам краток спој меѓу масата и високонапонскиот позитивен дел,мерак за очи.Пази што правиш послушај ме. 8) 8) 8).Никако 50 херци немој.Оваа цела техника е ризична треба големо познавање да имаш а не само така 8) 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Малку офф!!!
nsu дали овој цитат ти кажува нешто ?!

Quote
Кого го интересира нека напише на Google долу напишаните зборови за пребарување

бомбина- About 49,500 results (0.26 seconds) Најголемиот дел од резултатите се однесува на  сајтови со Кирилско писмо и има неколку слики од бомбина

бобина- About 1,230,000 results (0.44 seconds) Најголемиот дел од резултатите се однесува на  сајтови со Кирилско писмо и има многу повеќе слики од бомбина

bombina- About 6,450,000 results (0.50 seconds) Најголемиот дел од резултатите се однесува на  сајтови со Латиничко писмо и не најдов ниедна слики од бомбина

bobina- About 29,000,000 results (0.22 seconds) Најголемиот дел од резултатите се однесува на  сајтови со Латиничко писмо и најдов премногу слики слики од бомбина

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10278.msg88102#msg88102
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
А јас сум бил во зааблуда досега во сите книги сум читал и секаде бомбина пишувало тоа изгледа дека сите ми се на српски.Се извинувам чим е правилно бобина незнаев дека на македонски е така се си мислев бомбина. :D ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Помош за бобина од автомобил
« Reply #7 on 25.12.2013, Wednesday, 21:07:21 (Edited 25.12.2013, Wednesday, 21:20:24) »
Moe мислење  е  дека не треба да се охрабруваат  млади * научници* кои освен добра воља, напаленост  и  премалку теориско и практично знаење се зафаќаат со проблематични теми,во кои постои голем степен на ризик да предизвикаат штета за себе ,за околината и имотот. Овие * експерименти* со кои Киловолт се занимава можат да бидат ризични за неговото здравје и живот.Колегава добро кажа - премногу лесно ,наивно и пред се без некоја теоретска припрема покушава да направи уред кој ке дава висок напон.Сум гледал како струја убива луге,мајстори на занаетот,со долг стаж  и опремени со заштитна опрема,која или не ја употребиле или го превиделе фактот дека и покрај искуството ,мерките за претпазливост и заштита при работа не ги испочитувале!! Затоа,личномислам дека Киловолт МОРА теоретски да се образува,да види ,прочита и стекне некое знаење,а потоа да врши некои експерименти и прави уреди! Овде се работи за ЕЛЕМЕНТАРНО НЕПОЗНАВАЊЕ на принципите на работа,елементите и процесите  на добивање висок напон.Затоа мислам дека постирање на  вакви теми ,во кој е содржан ризик опасен по живот,а и на околината и имотот, е бесмислен.Еден кикс и слободно ке бидеш *испечен* или ке гледаш како ти гори инсталацијата во ѕидот! Размисли малку,најдобронамерно!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
земи една бобина 50-100 денари е на бувљакон(ако работи) или по одпадиве.. прво нема да најдеш индустриска смола, или каран што ли е... второ не е трафо него е бобина, не може туку така да работи, работи на пикови, т.е. на правоаголен напон или на пулс а не на дц синусоинда..

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Помош за бобина од автомобил
« Reply #9 on 25.12.2013, Wednesday, 22:08:54 (Edited 25.12.2013, Wednesday, 22:34:04) »
Бомбината работи на пилест напон го викаат тригер нели таков се користи и кај тиристорите за побудување а и тиристорот работи на еднонасочен напон.Инаку и јас претходно во мојот погорен пост објаснив како работи што се е точно.
Quote
не може туку така да работи, работи на пикови, т.е. на правоаголен напон или на пулс а не на дц синусоинда..
.Каква ДЦ синусоида кој спомна тоа јас не реков такво нешто ???.Инаку ова спаѓа во една гранка на електрониката која се вика импулсна електроника.Така е во право сте има пикови брановиот облик е пилести. ;) ;D.Кога е позитивниот дел тоест кога расте пилестиот напон тогаш имаме и присуство на примарна струја кога драјверот ќе ја исклучи примарната струја може и тиристор како драјвер да се користи почнува да се индуцира секундарен напон и тој секундарен напон се носи на потрошувач и тој го обара напонот дури и го изобличува обликот на сигналот.И така се исцртува негативниот дел од пилестиот импулс ако гледаме на осцилоскоп ова е и потоа пак имаме позитивно се уклучува примарниот напон и се си оди така.Секако овој облик е ако имаме и потрошувач на секундарот тоа е свекичката кај автомобилите идеално за тоа нели,имам видено како мерат па дури и јас сум измерил во еден автоелектричарски сервис па затоа кажувам.А не некој го користат ова за мачење на луѓе свашта 8) 8) 8).А кој знае на Киловолт што ќе му е.Во секој случај и за добри нешта има примена :D 8).Внимателно сепак и пак ќе речам никако 50 херци киловолт не се лажи со драјверче пробај ако ти е мерак.Но првин купи си бомбина ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Помош за бобина од автомобил
« Reply #10 on 25.12.2013, Wednesday, 22:45:50 (Edited 25.12.2013, Wednesday, 22:52:44) »
појди на некој отпад со стари автомобили и извади си неколку бомбини мислам дека ќе се договорите со газдата на отпадот за мали пари да ги добиеш :D

Во Прилеп нема таков отпад, ако имаше, ќе одев секој ден, верувај ми, сум разгледал еден куп опции... ;)

да не те лажел ѓаволот да ја поврзуваш на 220 волти оти ако допреш маса пријатно со здравје 8)

Не мислев на 220, имам уплав од градска мрежа. Туку на излезот на полначот за акумулатори, да го исклучам грецот и да добијам 12 В 15 А 50 херци АС. инаку, ако е 50 херци многу, тогаш колку се 400 херци најчесто користени со НЕ555 драјверот?

Quote
имаш една дебела намотка со дебелина од 3 милиметри отприлика намотана е на феритно јадро околу дваесетина навивки и под нејзе има втора намотка која е намотана со жица од 0,3 милиметри до 0,5 милиметри со околу од 3000 до 5000 навивки и сега едниот крај од дебелата намотка тоест примарот е споен со едниот крај од тенката намотка тоест секундарот

Се зедов во предвид, нели пишав дека читав литература и запознаен сум со градбата?

Quote
земи една бобина 50-100 денари е на бувљакон

Камо да имаше бувљак во Прилеп...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Помош за бобина од автомобил
« Reply #11 on 25.12.2013, Wednesday, 22:52:53 (Edited 25.12.2013, Wednesday, 23:35:38) »
Па сигурно имаш некој автомеханичар или некој сервис кај што растураат стари коли па замоли ги ако не им треба бомбина нека ти дадат една еве од југо и од фиќо некоја побарај си.Поевтино глеј да си поминеш ценкај се.Па ако работиш со електроника како се снаоѓаш за електронски компоненти одлемуваш а ;D ;D.Браво за волјата.
Quote
тогаш колку се 400 херци најчесто користени со НЕ555 драјверот?
.Јас истото прашање му го поставив на еден стручнак и тој ми рече не е ист синусоидалниот напон 50 херци со некој астабилен мултивибратор направен со НЕ555 кој осцилира отприлика на 400 херци па и над зависи од градбата.Ми објаснуваше нешто синусоидата е нели простопериодичен сигнал ова нешо друго било не го сватив добро али знај јас ова го прашував бидејќи и јас како тебе летово поврзував бомбини и две прегорев никако 50 херци, од градска мрежа.И јас мислев дека може на градската мрежа но не сватив пак зошто не работи одма грее ми објаснуваа дека не може со синусоида. 8).Ете сега знаеш што треба да правиш и каде да пазиш внимателно.Сепак јас ти викам немој на 50 херци но јас неможам да те сопрам.Но јас да сум на твое место не би ја уклучил на 50 херци. ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Гледам дека од Прилеп си. Има еден стар чичко продава стари работи обично во пазарни денови, на ќошот кај што се гради новата катна гаража кај пазарот. Јас кај него најдов бомбина одамна и не е лошо да провериш да не има пак.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Помош за бобина од автомобил
« Reply #13 on 26.12.2013, Thursday, 01:13:48 (Edited 26.12.2013, Thursday, 10:17:43) »
Инаку „бобина“ доаѓа од Англиски "bobbin", што би требало да значи макара, според ова:
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/BobbinСпоред ова, дефинитивно е бобина а не бомбина (мада и бомбина не е лош термин пошто асоцира на бомба, односно експлозијата што се случува во цилиндрите  ;D ;D ;D)

Споено мислење: [time]26 Декември 2013, 00:29:49[/time]
Инаку не е проблем фреквенцијата туку обликот на напонот.
Бобината работи и на поголеми фреквенции од 50 Хз. На пример, 4 тактен мотор со 4 цилиндри при 5000 обртаи има фреквецнија на импулсите од 166 Хз.
8 цилиндричен мотор при истите обртаи има фреквенција на импулсите од 333 хз.

Ама тоа се кратки импулси, не е наизменична (синусоидална) струја.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Одг: Помош за бобина од автомобил
« Reply #14 on 26.12.2013, Thursday, 04:01:49 (Edited 26.12.2013, Thursday, 07:16:46) »
ac синусоида мислев, згрешка су напрајл :) не мора да се триаголници, и на пулс ќе работи, така работи кога е на кола нели ? on-off прави платината и си цепи :)
и кај драјверот со не555 има пауза-оптеретување, кај синусоидата практично немаш, кај синусоидата имаш фазно поместување на напон-струја, кај пулсното напојување мислам дека струјата е најмала на почетокот, а на крај достигнува максимум. Ете каков е сигналот на



па после имаш резонантна фрекфенција, минимална фрекфенција која моше бобината да ја поднесе и други параметри... во секој случај со најпбичен пвм драјвер ќе можеш д аја контролираш бобината, а за најдобри ефекти треба да поддесиш оптимална фрекфенција и однос пулс-пауза.