Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: LordZi on 08.08.2019, Thursday, 14:11:03

Title: Трепкач со реле
Post by: LordZi on 08.08.2019, Thursday, 14:11:03
Еве една едноставна конструкција од минатиот век, на повеќето добро позната, но е интересна за почетници. Со менување на вредноста на електролитот може да се менува брзината на трепкање.
Иначе, автоматчето за жмигавци кај некои модели Zastava 101 (не знам за другите возила на Zastava), работи на овој принцип... :)

(https://i.postimg.cc/SswR16YF/trepkac-rele.jpg)
Title: Re: Трепкач со реле
Post by: Mkdsime on 09.08.2019, Friday, 14:01:17
Супер ќе си поставам жмигавци на велосипедот. :)
Title: Re: Трепкач со реле
Post by: bicikle on 09.08.2019, Friday, 14:36:38
ех, друго време дојде, сега реле не иди во предвид, прво од економски разлози, па после од електрични и на крај ради квалитет-полупроводник ќе трае 10х подолго, немаш никакво оджавање како чистење на контаткти, помалце струја трошат итн итн. Сепак добро е да се знае. Дури и на загадувањето се мисли, помалце загадува полупроводникот од  релето т.е. додека се произведе.
Е сега релето е далеку по робустно, краток спој ќе преживее со шмирглање на контактите, а полу проводникот тешко.
Title: Re: Трепкач со реле
Post by: GigaWatt on 09.08.2019, Friday, 18:27:20
Супер ќе си поставам жмигавци на велосипедот. :)

Леееејјј... колку ќе штракааааа ;D ;D ;D.

Конструкцијата е наменета за почетници ;), луѓе кои тек навлегуваат во светот на електрониката и техниката (пред се деца) ;). Не би те проценил за таков ;).
Title: Re: Трепкач со реле
Post by: LordZi on 10.08.2019, Saturday, 00:11:52
Леееејјј... колку ќе штракааааа ;D ;D ;D.

Затоа го ставале во Z101, пошто имаш и звучна индикација... 8)