Денес имавме Регионални смотри на КМТ на НТ-Велес во ООУ *Јордан Хаџи Константинов -Џинот * во Велес.Во секој случај досега најслаб одзив ,ама и најслаби натпреварувачи.По Електроника се натпреваруваа 5 учесника ( едно девојче).Двајца од натпреварувачите беа добри во практичниот дел и солидно го направија склопот(временско реле),додека во теоретскиот дел беа - катастрофа!!!! Девојчево имаше теоретски добро научен дел,ама беше слаба во практичнен дел ( 555-ката ја залеми обратно!!!!
.Се на се нервоза и дури ме изнервираа со приговор * зошто е овој прв,а јас втор?
*.Аргументација има,и тоа солидна,бидејки победникот имаше два точни одговори на теоретскиот дел повеке од второпласираниот!Се на се на сите заинтересирани им поделив неколку теоретски туторијали меѓу кои и овој што сега ке го поставам.Туторијалот е постар,работи во ДОС,не зазема место а е многу корисен,поготово за почетници.