сепак на брзината ќе влијае и одалеченоста од операторот, пр. ти живееш до главна централа на телеком од каде што се дели цел нет за цела македонија, од неа земаш ти кабел до дома до кај тебе (500м кабел) ти ќе имаш брзина како што ја нудат тие по флаери и реклами (максимална брзина) јас во битола после ххх километри ќе имам само неколку мегабита брзина (2-3)
Затоа се ставаат таканаречени NTU-а, repeater-и и други уреди (искрено, за дел од нив и не ми текнува како им беше стручното име
), тие го „обновуваат“ и препраќаат сигналот кон централата, тоа е цела наука, пресметки има еден тон, од оддалеченост до колку корисници има на дестинацијата каде што тоа треба да се спроведе, до колку корисници би се приклучиле, колку би се проширила мрежата во наредните (на пример) 10 години... голем процент од телекомуникационата наука е во принцип статистика и предвидувачки алгоритми (алгорими за распределба на веројатност), не е баш просто
. Како и да е, има начин се да се постигне
.
Кабелските оператори (барем кај нас) немаат ни опрема ни кадар за да може да направат ваков зафат, да стават оптика или ја направат целата мрежа стабилна низ целата држава, поради тоа и не им се некоја голема конкуренција на Телеком. Во Македонија, само Телеком има такви способности, нитуедна друга компанија (можеби Телесмарт, ама они не се „бафтаат“ со вакви работи). Телеком имаа и доволно стручен кадар, и кадар со огромно искуство, како и многу опрема на располагање, која кабелските оператори ја немаат (а колку што имам чуено, не ни сакаат да ја набават, пред се поради тоа што немаат кадар кој ќе знае да ја подеси и да ја работи таа опрема, а и да најдат таков кадар, за парата која ја нудат никој нема да сака да се нафати на тоа :S).