Author Topic: Одржан IARU HF 2015 World Championship  (Read 2699 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одржан IARU HF 2015 World Championship
« Opened on 12.07.2015, Sunday, 15:45:45 (Edited 12.07.2015, Sunday, 20:52:30) »
Оваа година, исто како и минатата, се одржа IARU светско првенство на краткобранов опсег. Радиоаматерскиот сојуз кој го претставуваа сите радиоклубови, зеде учество на истиот, а ја претставуваше нашата држава. Натпреватот трае 24 часа. Сите радиоклубови го користеа истиот повикувачки знак Z30HQ
Овој пат бевме поорганизирани од минатата година, мислам во опрема.
Радиоклубот Z37CEF го имаше истиот тим, Z31RM, Z31WW, Z31GH, Z31TW, Z33PB. Бевме поделени на две групи, и тоа:

SSB комуникација. Тимот составен од Z33PB, Z31TW i Z31GH на опсег од 7 мегахерци, односно 40 метри бранова должина. Локација е радиоклубот во Битола.

CW комуникација. Тимот составен од Z31RM i Z31WW, и секако нашиот најмлад член кој наскоро ќе полага радиоаматерска класа, Андреј. Тимот работеше на 3,5 мегахерци или 80 метра бранова должина. Локација на овој тим е објектот на поранешното Радио Битола. Ова е одлична локација бидејќи има еден висок столб, околу 80-100 метри. (не знам точно колку)

Натпреварот почна во саботата по наше време во 14:00 часот.


Официјална QSL картичка



Маици од РСМ


Столбот на локација Радиоклуб Z37CEF Битола


Z31TW i Z33PB во акција



Од опрема имавме и два линеарни појачала, едното за резерва во случај едното да откажи
Dentron GLA1000b i Yaesu FL2000B



Антенски подесувач, во случај да има проблеми со антената, висок SWR или сл.

Се менувавме на неколку часа






Со групата од клубот на другата локација која рабореше телеграфија, односно локацијата на радио Битола, одржувавме редовна врска преку УКТ радиостаница


Оваа тема не би била целосна доколку не се претставени телеграфистите кои работеа на 80м бранова должина.
Тргнав на пат да ги посетам и нив со цел да направам слики и од таму (секако бев на пауза)


Ветераните во телеграфија, старите волци Z31RM i Z31WW



Тука со нив беше и најмладиот наш член и ентуизијаст Андреј


стариот предавател на радио Битола, околу 20 киловати снага АМ (исклучен)


Во случајов се користеше столбот кој има совршена висина и е на одлична локација


Користен беше самоделски линеарен засилувач од околу 2 киловати, изработен од Z31RM



поради подобро ладење страните беа извадени

За одржување на локална врска со локацијата радиоклуб Битола истите користеа УКТ радиостаница


мора да се напомене дека сите радиоклубови во Македонија беа поврзани преку интернет. Се користеше програма DX-log. Преку оваа програма можеше да се гледа кој со кого остварувал врска и на која бранова должина, броој на врски и така натаму. Секоја одржана врска мораше да се напише во програмата. Администратор на сервер беше Z32ID Штип.


Сите клубови работеа под ист знак, и сите имаа напорна работа во тие 24 часа, со други зборови до последна капка крв. Во текот на ноќта пропагациите беа многу подобри.



Толку за Битола, темата е отворена за коментари, а исто така и слики од други локации од другите градови.

P.S @Z3nesto доколку имаш информации и слики од други локации, постирај ги тука







Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Одржан IARU HF 2015 World Championship
« Reply #1 on 12.07.2015, Sunday, 21:22:53 »
Одлично изгледа ,макар што кај *стариве волци* не видов ни *пешак* ниту * електронец*,се изгледа оди на лап-топ. ;D :D
Имате добри услови во Битола и ентузијасти.Само напред,а многу би сакал да видам до каде се * мои Штипјани*,ги нема нешто. 8) ;)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Одржан IARU HF 2015 World Championship
« Reply #2 on 12.07.2015, Sunday, 23:02:05 »
Точно така батка, се користеше компјутер од причини што најголемиот број на натпреварувачи користат компјутер за натпревари. Електронец немаше, но десно од станицата има тастер за телеграфија, кој исто така се користеше. Користењето на компјутер како симулатор за телеграфија е дозволено.
Hams do it! With Frequency

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: Одржан IARU HF 2015 World Championship
« Reply #3 on 13.07.2015, Monday, 16:18:04 »
Конечно двата состанока и имањето доволно време за организација дадоа многу подобри резултати за разлика од претходните години.
Се докажа дека имаме потенцијал за повеке од 10000 QSO-a за тие 24 часа.
Од мој аспект, работата на 14MHz SSB ми пружа едно сосема друга искуство и задоволство на крајот на натпреварот.
Работевме со самоделски линеар, YAESU FT847 и антена JP2000 multibander, која што беше поставена една недела пред натпреварот и во текот на таа недела беа извршени корекции така што се докажа дека и дома изработена антена може да има SWR 1:1,1.
Да не ни откажеше линеарот на пола од натпреварот (успеавме само да констатираме дека лампите не добиваат аноден напон а немавме услови за поголемо сервисирање на лице место), убедени сме дека ќе ја поминевме посакуваната граница од 2000 врски. Ние завршивме со 1751. И тоа 1300 врски имавме некаде до 03 часот (по локално време) останатите 11 часа остваривме 450 за среќа американците ме слушаа и со 100 вати па поголем дел од тие 450 QSO-a беа со станици од Северна Америка а тоа се повеќе поени нормално. :)
Лани целокупниот скор беше околу 5.5 милиони годинава се очекува да биде над 8.5 милиони.
Еве дел од атмосферата на нашата локација (Моране - локацијата на Z35A). Работевме јас (Z33RW) и Z35W, потпомогнати малку од домаќинот Z35, а во посета дојде и Владо Z35M. Спремам една убава видео презентација од тие 24 часа, па ќе ја објавам и тука.




Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Одржан IARU HF 2015 World Championship
« Reply #4 on 15.07.2015, Wednesday, 13:12:42 »
Официјалните резултати на натпреварот
 

Многу подобро од минатата година каде имавме околу 5 милиони поени. Тргна напред работата, поорганизирани сме секоја година. За следната година најавен е уште подобар резултат, бидејќи некои неочекувани пропусти кои излегоа совреме ќе ги средиме и ќе ја дотераме опремата, како и отварање на повеќе локации.
Hams do it! With Frequency

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: Одржан IARU HF 2015 World Championship
« Reply #5 on 17.07.2015, Friday, 20:54:31 (Edited 18.07.2015, Saturday, 13:03:48) »
@Z31GH мала исправка :)

Ова се резултатите пред последната проверка


На линкот може да се погледнат пријавените резултати како и составот на екипите по локации
Code: [Select]
http://www.3830scores.com/showrumor.php?arg=O5a0z5fsvfvax

Offline vgc9dctx9c

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
  • Gender: Male
  • Oprem dobro
Одг: Одржан IARU HF 2015 World Championship
« Reply #6 on 19.07.2015, Sunday, 13:39:00 »
Code: [Select]
https://www.qrz.com/db/Z30HQ
Се згазив од смеа на сликата :)

Конте (велештрумф) нема знак?
Ofra Haza

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Одржан IARU HF 2015 World Championship
« Reply #7 on 19.07.2015, Sunday, 14:05:40 »
Добро е ми се допаѓа тоа што од година во година сте подобри. ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Одг: Одржан IARU HF 2015 World Championship
« Reply #8 on 19.07.2015, Sunday, 20:43:22 »
Code: [Select]
https://www.qrz.com/db/Z30HQ
Се згазив од смеа на сликата :)

Конте (велештрумф) нема знак?

Конте е Z32KW

Offline vgc9dctx9c

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
  • Gender: Male
  • Oprem dobro
Одг: Одржан IARU HF 2015 World Championship
« Reply #9 on 21.07.2015, Tuesday, 02:54:04 »
Не го наоѓам со тој знак...
Ofra Haza

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Одржан IARU HF 2015 World Championship
« Reply #10 on 03.08.2015, Monday, 21:34:44 »
Не го наоѓам со тој знак...

Тоа е затоа што на qrz.com треба да се регистрираш. Регистрирањето не е автоматски ако добиеш знак, туку доброволно. Конте се нема регистрирано на таа страна и затоа не можеш да го најдеш. И не е само тој, ги има доста, претежно постари радиоаматери кои не баратаат толку со компјутери.  :)
Hams do it! With Frequency