Author Topic: TESLA Memorial VHF Contest 2015  (Read 1690 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
TESLA Memorial VHF Contest 2015
« Opened on 08.07.2015, Wednesday, 09:42:55 »
Минатата Сабота на 4.07.1015 се одржа меморијалниот УКТ натпревар посветен на Никола Тесла. Многу земји од регионот учествуваа на истиот. Прилепскиот радиоклуб Z37FEF кој го носи името на Никола Тесла зеде исто така учество на натпреварот. Пријатно бев изненаден кога добив покана од истиот и со задоволство ја прифатив. Локацијата каде што учествувавме беше на Мусица, Крушевско, една од највисоките коти на Крушево која што е една прекрасна локација за одржување на врски.
Веќе имате заприметено дека на секоја моја тема постирам слики, можеби ќе рече некој дека се однесувам како на фејсбук, но верувајте во случајов една слика кажува 1000 зборови. Овој натпревар, односно прилепчани покажаа голем интерес за натпреварот и ова беше едно големо искуство за мене. Покрај натпреварот имаше и дружење и забава.

Мусица е некаде околу 1600 Метри надморска висина

Поглед кон Прилеп низ артилериски двоглед


Антените беа спаковани на делови и прво што работевме беше составување на антените





Истите беа фазирани да работат како една антена, со тоа се добива поголемо засилување


Подготвување на ротаторот за антената




Антената е крената


Имавме мал проблем. Едно од главните јажиња се скина и малку требаше антената да падне, но навреме реагиравме. антената ја слеговме, го закрпивме јажето и ја кренавме пак, сега антената беше добро поставена и затегната.

Без државното знаме ништо не правиме, едно од главните елементи :)






Откако беше се поставено, извршивме тестирање на опремата




Подготовка за првиот одмор, кафе пауза :)


Кога почна да заладува работата ја продолживме во шаторот (ЈНА)




Заборавив да напоменам дека како напојувања користевме агрегати и резервни акумулатори



Се работеше цела ноќ




Од опрема имавме:
ICOM IC706 mkII со напојување од 13.8 волти преку агрегат
Линеарен засилувач од 50 вати
Позиционер за антена
Две јаги антени 9 елементи, фазирани
столб околу 8 метра
ротатор за антена
два агрегати
акумулатори

Направивме околу 50 врски, најчесто со соседните земји, односно малку подалеку, ако ги земеме земјуте што не се граничат со Македонија, но претежно со балканските земји. За разлика од КТ каде што може да се работи со најдалечните земји, УКТ се работи претежно на далечина од околу 1000 километри.
Натпреварот траеше 24 часа. Резултатот не е лош. За следниот ваков натпревар ќе биде спремен еден линеарен засилувач од околу 200 вати, бидејќи имаше подалечни земји што ние можевме да ги слушнеме, но тие нас не можеа.
Овој натпревар за мене беше прв од ваков вид, бидејќи досега не сум камповал вака на овој начин уште од времето кога служев војска. Сепак беше интересно и во иднина ќе учествувам на сите вакви натпревари, било КТ или УКТ.



Hams do it! With Frequency

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Одг: TESLA Memorial VHF Contest 2015
« Reply #1 on 08.07.2015, Wednesday, 13:34:32 »
Прекрасно !

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: TESLA Memorial VHF Contest 2015
« Reply #2 on 08.07.2015, Wednesday, 13:56:53 »
Многу добра работа!! Жалам што не сум некои 10-15 години помлад за вакви *контести*. 8) Иначе,за оние кои се интересираат за антената да напоменам дека ова е т.н. *slot* антена- две Yagi антени ,една над друга , со заеднички *дипол* или *slot* елемент.Иначе,овој тип на антени имаат големо појачување а се означуваат како *slot* антена *10 над 10* со што се означува број на елементите во една Yagi антена,односно збирот на елементите на  двете антени ( вкупно 20).Ова антена бара што повисоко поставување во однос на земјата.Со добар ротатор знае чуда да прави. ;D

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: TESLA Memorial VHF Contest 2015
« Reply #3 on 08.07.2015, Wednesday, 20:09:42 (Edited 10.07.2015, Friday, 12:09:58) »
Баш само што читав во слободно време сега за оваа антена за овој тип и од ротхамел книгата и од божо стварно правеле чуда со ротатор плус и добра пропагација
Многу добра работа!! Жалам што не сум некои 10-15 години помлад за вакви *контести*. 8) Иначе,за оние кои се интересираат за антената да напоменам дека ова е т.н. *slot* антена- две Yagi антени ,една над друга , со заеднички *дипол* или *slot* елемент.Иначе,овој тип на антени имаат големо појачување а се означуваат како *slot* антена *10 над 10* со што се означува број на елементите во една Yagi антена,односно збирот на елементите на  двете антени ( вкупно 20).Ова антена бара што повисоко поставување во однос на земјата.Со добар ротатор знае чуда да прави. ;D
А значи така убаво објаснето.Z31GH прекрасни слики како доловуваат посебно тие вечерните во овие топли денови а ладничко беше на Мусица горе сто посто навечер нели ;) ;D.Али браво државното знаме го доловува моментот плус да се знае.Во секој случај и во чест на Никола Тесла прекрасно на 10 јули се родил ова е месец негов гледам само објавуваат нешто за него кој визионер и смартфоните ги превидол. 8) 8)

Code: [Select]
http://www.blic.rs/Riznica/Istorije/573516/RECI-GENIJA-Nikola-Tesla-najavio-pametne-telefone-pre-gotovo-100-godina?ref=fb1
Code: [Select]
http://puls24.mk/zanimlivosti/zanimlivosti/go-znael-ova-pred-90-godini-tesla-rekol-deka-lugeto
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: TESLA Memorial VHF Contest 2015
« Reply #4 on 08.07.2015, Wednesday, 21:35:08 (Edited 08.07.2015, Wednesday, 21:38:35) »
@nsu
горе навистина беше ладно навечер, јас само кошула носев, но за среќа еден од радиоаматерите горе имаше две палта подебели, па едно добив јас, инаку ќе замрзнев. Да, вака фазирани две антени работат многу подобро отколку една, бидејќи засулувањето е два пати поголемо.

@batka
Без разлика на годините, ние таму отидовме со два џипа. Воопшто не ми беше тешко.
Hams do it! With Frequency