Не знаев како да му дадам наслов на темата и дали темава е воопшто за овде, но бидејќи изработеното е за новото линеарно појачало кое се изработува од радиоаматерите во клубот и секако е дел од електроника, сметам дека темава е ок да е тука. Во спротивно немам против да се премести.
Секој од нас има по некоја задача за тој уред, така да имам и јас, а тоа е изработка на капачиња или дугмиња за истиот, бидејќи во продавниците нема капачиња со димензии који ни одговараат.
Потребни беа две капачиња од 50x25мм и две со димензии 35x25mm со отвор од 6,3мм. Истите треба да се употребат за управување на уредот, односно за променливи кондензатори, преклопници итн.
Употребен е солиден полн алуминиум од најдобар квалитет.
Се носи на димензија од 50мм
На сите веќе ви се познати рапавите површини на капачињата на потенциометрите, тоа може многу лесно да се изработи.
Се избира шара на обработка на површината, има секакви, од прави до коси со разни чекори. Во овој случај избрав косо назабени валци.
Откако ќе се заврши оваа операција одиме на отсекување на парчето
Отсечени озгледа вака
Сепак вака сеуште не е готово и дури сега почнуваат финесите....
се дупи со бургија 6,5 (осовинките се 6,3)
Острите рабови треба да бидат оборени од причина да не дојде до повреди.
по бушењето се нарежува навој за највојни штифни кои се стегаат со имбус клуч.
Барем на едно треба да има покажувач на позиција (доколку треба да има и на другите ќе ги доработам)
Со ова работата е завршена.
Иста беше постапката и за останатите капачиња за новиот уред
Кога ќе биде уредот готов ќе направам една слика од него како исгледа со капачињата.
П.С. Некои слики и не се баш по редослед, гледав да има помалку слики колку да се прикаже само изработката