Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: Z31GH on 09.09.2015, Wednesday, 09:12:30
-
Во оваа тема ќе ги најдете испитните прашања за полагање за радиоатерски испит.
Исто така тука е и правилникот за користење на радиофреквенциите ви радиоаматерската служба, како и пријава за испит.
Испитните прашања се во прилог 3 и прилог 4 во упатство и испитни прашања.
Податоците се превземени од страната на агенцијата за елекронски комуникации пред неколку години, не можев да најдам линк па ги праќам вака.
-
Имам длимеа поврзана со одговорите на две од прашањата за Р лиценца од фајлот „Upatstvo i ispitni prasanja.doc“?
Прилог 4 -> а) ТЕХНИЧКА СОДРЖИНА -> 45. Со кој од симболите се претставува отпорник (отпор)?
Како точен посочен одговор е б), но јас мислам дека точен одговор е в) (б) е осигурувач).
Прилог 4 -> а) ТЕХНИЧКА СОДРЖИНА -> 56. Каква е приближна должина на полубранов дипол за опсег 144 - 146 MHz?
Како посочен одговор е б) 1 m, но јас мислам дека точен одговор е в) 2 m (можеби сум грешка)
Дали некој друг може да даде мислиње?
Едитирано на 11.09.2015:
Благодарение на коментарите, согледавме каде ми е забуната за 56, не сум приметил дека станува збор за полубранов опсег. Сега ми е јасно дека б) 1 m е точен одговор.
-
Па има доста дубиози и тука,исто како во се што преведуваме и препишуваме. :D И јас се слагам дека симболот за отпорник е погрешен,а она за 144 мхз е точно - брановата должина е 2 м,а полубрановата е 1/2 односно 1 м.
-
@zlate, Да, се сеќавам на таа грешка, мислам има уште една или две мали грешки.
-
Одговорот за 56 е точен. 1 м е должината за полубранов дипол за 2 метра. За 45 си во право точен е одговорот под в. Јас кога полагав ги имав приметено грешните одговори и во тестот имав едно такво прашање. Го одговорив како што сметав дека треба да е точно, меѓутоа иако стопати се преиспитав и знам дека ми е точно одговорено, не ми го признаа одговорот. Не се пожалив бидејќи само тоа ми беше "погрешено". Проверката на тестот ја прават според овие одговори. Не е лошо пред да полагаш, еднаш да прошеташ до аек да си направиш муабет со одговорните.
-
Јас заприметив грешка само кај симболите, додека да 56 одговорот е точен. Добро вели xandox консултирај се. Јас за време на полагањето мислам имаше едно прашање слично, но мене ми го принзаја одговорот. Колку што се сеќавам го положив испитот за А-класа со 85% точни одговори, даваат и резултати.
-
И уште една работа. Гледам овие документи од почетокот на темава се од 2008 година. На форумов имам постирано линк со "Правилник за користење на радиофреквенции во аматерска служба" од 2014 година.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12687.0
Случајно овие од АЕК да не имаат изготвено и нови испитни прашања. ???
И тоа да прашаш ако одиш на консултации во АЕК. Јас не сум баш во тек со овие работи и еве ако нешто разберам ќе бидеш благовремено известен.
-
Фала ви за информациите. Планирам во наредиот период да одам до AEK и да видам што ќе кажат :), па се разбира ќе го споделам искуството.
-
Денес полагав испит за Р категорија, испитот се состоеше од 30 прашања, а прашањата беа извадени од „Upatstvo i ispitni prasanja.doc“ кој што е прикачен на форумот.
Поздрав
Z31ZST :)
-
Честито! Едно официјално добредојде во светот на радиотехниката ;)
73 de Z31GH
-
Здраво,
Има ли активни на форумов? Ја најдов темава барајки информации за полагање на радио аматерски испит, меѓутоа фајлот со прашањата "Upatstvo i ispitni prasanja.doc" вероватно е корумпиран и неможам да го отворам, т.е. само хиероглифи се појавуваат. Дали некој би сакал одново да ги закачи истите?
Благодарам,
-
Поздрав на сите. Имам неколку прашања.
Дали може некој да ме упати каде можаж да се распрашам во врската со полагање
за радиоаматерската лиценца?
Каде да најдам материјали за испит,ако може некој контакт?
-
Здраво, има активни радиоаматери на форумов кои би можеле да ти помогнат.
П.с. те молам користи кирилица понатаму во комуникацијата, а убаво би било и постот да го препишеш на кирилица