Стандардната гониометрија или популарно * лов на лисица* е натпреварување во кое натпреварувачите со помош на приемник ( гониометар) ги пронаоѓаат скриените радио-станици ( лисици) на одреден простор.Значи освен знаење,треба трчање,спортски дух и приемник.Приемниците можат да бидат за КТ или УКТ ( 3,5 MHZ или 144 Mhz) а во поново време мислам започнаа и на 432 Mhz да се прават некои такмичења.
Обично се започнува со КТ опсегот 3,5 MHZ ,бидејќи и предавателите се поедноставни ( и поевтини). Еве шема и pcb за ова намена,ако некој се интересира.Начинот на барање е малку сложен и ако е некој заинтересиран ке го објасниме.Не е ништо тешко,а кога еднаш ке пробаш,веднаш ке ти стане јасно како работи овој уред!