Author Topic: Чистење мотор од бормашина  (Read 858 times)

Offline krvavizmaj

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
  • Gender: Male
Чистење мотор од бормашина
« Opened on 25.03.2014, Tuesday, 12:06:16 »
Пред некој ден ми исчуре бормашината (Einhell батериска бормашина со мотор со четки). По интернет видов дека или некоја изолација во моторот е стопена или дека можда маст влегла во моторот па гори маста. Знае ли некој дали се наоѓа некаде некое средство за чистење?

На youtube има еден куп видеа каде што само моторот го ставаат во вода и го пуштаат да врти неколку минути. После тоа се суши, се подмачкуваат лежиштата и после работи нормално. Го правел ова некој и дали нема да се расипе моторот?

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Чистење мотор од бормашина
« Reply #1 on 25.03.2014, Tuesday, 16:58:38 (Edited 25.03.2014, Tuesday, 22:04:18) »
Може да зачади ако има влезено маст измеѓу четкиците и колекторот, но види жицата во која состојба е. Обавезно преподмачкај ги осовините со маст.  За да стигнеш до четкиците треба да го отвориш моторот.
Ова се четкиците



и делот кај што допираат е колектор. Исто така провери состојба на четкиците, може да се потрошени.
Ете и една анимација каде што се гледа четката(брушес) и колекторот(комутаторот)
Малце поневеројатно е да е синхрон мотор, бидејќи треба инвертор за него.