Македонски форум за електроника
Останато => Алат => Topic started by: maci on 17.04.2012, Tuesday, 14:02:35
-
каде има убави штрафцигери со квалитетно врвче.да не биде со малку запнување да се зезне врвот.
дали да барам униор или има и некој други марки?
ако може да ми наведете продавница.
барам крстач со средна големина,пример:идеално да влага во глава на кнауф штраф за гипс картон.
-
Такви квалитетни алати скоро и да нема веќе :S. Јас имам некои си Delta дома, пријател ми ги зема како подарок, купени се од Електрометал (или Електроелемент, не ми текнува сега како поточно се вика), околу 200 денари е еден. Магнетизирани врвови имаат, но има и без магнетизирани врвови. Челични се, не се некоја легура, така да, прилично добро ми се имаат покажано ;). Единствени квалитетни штрафцигери кои ги имам дома се тие, сите останати се направени од некои легури, но барем сега за сега, за некои поситни работи, си ја вршат работата ;).
Мислам дека во принцип, се што е над 200 или 300 денари (за еден штрафцигер), би требало да биде квалитетно ;).
-
Според мене униор ти се најдобри... Ги има во меркур (барем јас таму сум ги видел) има еден куп големини, слободно можеш да си одбереш, околу 250 до 300 денари е парче
-
Според мене униор ти се најдобри... Ги има во меркур (барем јас таму сум ги видел) има еден куп големини, слободно можеш да си одбереш, околу 250 до 300 денари е парче
голем избор има и во хубо маркет.
-
http://www.euromasterbg.com/index.php?l=mk&p=11&id=29
Gadget
http://www.euromasterbg.com/index.php?p=5&cat=130&id=1304
-
Имаш повеќе типови и тоа почнувајќи од:
1.ТopMaster - Ефтин алат, за дома ке ти брка работа, зависи сеа за што ке го користиш (Еуротулс)
2.Mastech - Го има во Меркур, солиден квалитет, барем со гедорите кои сум работел (Меркур)
3.ExTools - Се наоѓа по дуќаниве, незнам што квалитет е, као наводно е Ок...
4.Unior - Како некоја златна средина, а и зависно која програма ке ја одбереш. Има и ср*ње и добро...
5.Bahco - Одличен алат, проверен квалитет.
6.Beta - Одличен алат, проверен квалитет.
7.Knipex - Одличен алат, проверен квалитет.
Има уште, али во моментов не ми текнува.
-
најдов KITO една марка,добри ли се?
-
најдов KITO една марка,добри ли се?
Ги имаше еднаш спомнато член на форумов (мислам дека беше Zdravkovski), би требало да се добри, он ги фалеше ;).
-
Искрено не сум ги видел и не сум чул..
Ако ти е за стално и ако ти е за еден иди купи си од Хубо или Меркур Униор од повисока класа...Имаш со плави пластични рачки, тие се како најниска програма, имаш од црните, сосема солидни, и од плаво светло и плаво темна комбинација на рачката, гума пластика, тие се најдобрите од Униор...Јас имам цел комплет таков алат и не се лоши...Одлични се...
-
Можам да ти посочам некои марки сите се добри ;D ;D ;D а каде можеш да најдеш,ќе прашаш по продавнициве.
HAZET
GEDORE
UNIOR
USAG
BETA
-
јас имам 2 штрафцигeри на UNIOR не сум баш задоволен :)
-
Не се ко некогаш, но пак има некој квалитет подобар ;D , колку пари толку музика :D