Македонски форум за електроника

Останато => Алат => Topic started by: mihajlo on 04.02.2015, Wednesday, 15:46:43

Title: Помош оклоку безжична бушилица
Post by: mihajlo on 04.02.2015, Wednesday, 15:46:43
вака сега бушилицава работи на батерија од 1Ah ама батеријата е мртва а нова батерија е скапа и не сум сигурен во квалитетот сакам да ја поврзам бушилицата на напојување од компјутер како што читав 1AH=1A напојувањето можи да дај 6А на излез ама страв ми е ако закочи бушилицата да повлечи повеќе ампери и да ги изгорам намотките ако некој има пробано или воопшто знај дали воопшто е возможно благодарен ќе бидам на помошта.
Title: Одг: помош оклоку бзезжична бушлица
Post by: Toma on 04.02.2015, Wednesday, 16:35:22
Колку е декларираниот номинален напон на батеријата.
Title: Одг: помош оклоку бзезжична бушлица
Post by: Devil on 04.02.2015, Wednesday, 16:38:47
Во основа идеата што ја имаш е возможна, доколку напонот на моторот од бушилицата одговара со напонот од напојувањето кое го имаш.
Тоа 1Ah=1A е тотално погрешно :D
Тоа значи дека таа батерија дава 1А константно за времетраење од 1h без да се промени напонот на излез од батеријата, после тоа напонот почнува да паѓа, ова би било во идеален случај, е сега ако за 1h дава 1А, за пола час би давало 2A, за 15min би биле 4A и така натака

Title: Одг: помош оклоку бзезжична бушлица
Post by: mihajlo on 04.02.2015, Wednesday, 16:46:54
Хмм грешно сум разбрал во секој сличај ффала на одховорите иначе напонот на батеријата е 12 волти че пробам и че пишам овде за некој со ист проблем да знај
Title: Одг: помош оклоку бзезжична бушлица
Post by: Toma on 04.02.2015, Wednesday, 19:53:59
Нешто слично овде на линкот http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1715.msg94101#msg94101 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1715.msg94101#msg94101)
Title: Одг: помош оклоку бзезжична бушлица
Post by: bicikle on 04.02.2015, Wednesday, 22:37:31
Ако работуш со осет нема да изгори и да заглави на кратко, а за фи-12 бетон ке си земис друга бушилица  ;D во секој случај види колку вати е моторот, подели и пресметај колку струја влече номинално. Ако е испод 6А терај си нема да има проблем. Друга работа, ако е напојувањето смпс, не го користи за оваа цел.
Title: Одг: помош оклоку бзезжична бушлица
Post by: Bojan on 04.02.2015, Wednesday, 23:26:32
имам мерено колку струја влече безжична бормашина на акумулатор од 12V и неможев да домерам зашто унимерот до 10А ми мери и почнува да титка дека тече поголема струја..е унимерот почна да ми титка кога го оптоварив моторот така да повеќе од 10А влече струја така да не би ти препорачал на 6А напојување да го поврзеш. ако сакаш можеш да побараш по пазари батерии како што ти е бормашината и да ги смениш ако може батеријата да се растури. јас направив така со мојата бормашина и бајаги време држи батеријата ама неможе многу да стега...
Title: Одг: помош оклоку бзезжична бушлица
Post by: bicikle on 05.02.2015, Thursday, 01:08:19
Внатре во батеријата има помали батреинчиња може да смениш тие што се прегорени, и како заштита да ставки шкоти диоди... Од друга страна, можеш да комбинираш литиумски батерии како од лаптоп, нормално ако имаш расходовано 2-3 пара здрави.. сепак добро работи и на 9-12 волти. Полнач за акумулатори ако ти се мота низ дома ќе ти брка работа, имаат струјна заштита, така да и да повлече повеќе од 10А нема да му даде. А  тие мислам се некои 100-тина вати така да 10А се доволни. Како шти кажав не можеш со нив челик 12мм да бушиш или бетон...
Title: Одг: Помош оклоку безжична бушилица
Post by: GigaWatt on 05.02.2015, Thursday, 13:47:56
Јас лично не би врзал бушулица или шрафилица за SMPS од PC. Најдобро е ако оди преку некое линеарно трафо. Знам дека ова е скапа инвестиција (освен ако по дома не ви се наоѓа некое моќно трафо кое на излез дава од прилика 12V~... и понизок напон ќе заврши работа, може да поминете и со 9V~), но ќе си намалите на главоболки.

Како алтернатива, може да се преправи да работи на Li-Ion батерии од стари лаптопи ;). Под услов да се исправни ќелиите ;).
Title: Одг: Помош оклоку безжична бушилица
Post by: LordZi on 05.02.2015, Thursday, 13:59:48
Кога сме веќе на тема преправка на Li-Ion батерии, сакам да ги сменам оригиналните NiCd (12V) со Li-Ion батерии од лаптоп кои се 3,6V една, ако се врзат три се добива 10.8V што е помалце од оригиналната батерија и бормашината би имала помала моќност, ако се врзат четири се добива 14.4V што е повеќе, не знам да не страда така моторот или регулацијата...
Има ли некој искуство со ова?
Title: Одг: Помош оклоку безжична бушилица
Post by: bicikle on 05.02.2015, Thursday, 17:43:19
литиумските батерии имаат 4.2в номинален напон, така да ќе добиеш 12.6 што е доволно блиски,тие 0,6 волти нема да направат никаков проблем. Бушилицата ќе работи сосема солидно и на 8,2 в т.е. да составиш батерија од 4 литиумски батерии така да што ќе врзиш 2 по 2 паралелно, што е  подбра опција. Нормално акоимаш простор може да врзиш и 3 пара. Секако ни-цд батериите бидејќи се сериски врзани ќе имаат поголема внатрешна оттпорност, што значи ќе имаш поголем пад на напон, па такапри оптоварување ќе имаш нешто помалце од 12в. Е сега за полнење на литиумската батерија ќе треба да направиш и соодветен полнач, односно ќе треба да направиш изводи од секои 2 паралелно врзани бтерии така што ќе има напон од 4в. Реков 4в затоа што литиумските батерии може лесно и брзо да се оштетат дури и на напон од 4,3в така да не ризикуваш. Како што кажав предhодно, а и Гига како што кажа смпс не доаѓа во предвид.
Еве како мислам посликовито
(http://postimg.cc/image/4iecx7zan/fd559314/)
Code: [Select]
http://postimg.cc/image/4iecx7zan/fd559314/
Title: Одг: Помош оклоку безжична бушилица
Post by: LordZi on 05.02.2015, Thursday, 19:13:49
Не се 4.2V туку 3.6V по ќелија (18650), си пишува на нив, иначе имам само 6, ако ги врзувам по 2 паралелно па после сериски најмногу може да добијам 10.8V.
Полнач ќе направам специјало за нив, со автоматика и се што треба... ;)
Title: Одг: Помош оклоку безжична бушилица
Post by: bicikle on 05.02.2015, Thursday, 22:35:28
од мобилен да не се.... ? ако не ти се брза за полнење, нема потреба од некои комплицирани полначи доволно е трафо и грец, битно е да не се преидува напонот...
Е сега ако се батериски, тие сепак се полни 4.2в, ама 3.6в се расположливи за напонот да биде стабилен, нели за кога е полна батеријата 4.2в по кратко време употреба ќе се симне на 4.1 па на 4.0 итн, зато амобилните се направени да работат на 3.6в за стабилна работа. Е сега ако ти се од мобилен има една зафрканција, бидејќи имаат струјно ограничување и тоа на само неколку стотина милиампери, така да тешко ќе иде работата, т.е. ќе се гасат. Ако се од лап топ, може да поднесат струја преку 10А, така да нема да има проблем никакаков.
ок, и да се 10,8В т.е. 3.6 по ќелија, нема да имаш некои спектакуларно ефекти, со тие 10-тина вати што ќе ги изгубиш нема да се осети многу во работа, т.е. скоро ич нема да осетиш во работа. Кога е под терет бушилицата мн побитно е колку изворот ќе даде струја него напон. а со литиумскиве по 2 паралелно нема да има никаков проблем, само битно е да направиш некоја заштита од препразнување т.е. шкоти диоди да ставиш помоќни, можеш да нјадеш во некое напајање атх расходно што ти е... исто и полначот мора да има напонска заштита.