Македонски форум за електроника

Останато => Алат => Topic started by: Hahahaha on 29.04.2014, Tuesday, 00:35:43

Title: Апарат за заварување
Post by: Hahahaha on 29.04.2014, Tuesday, 00:35:43
Незнам дали овде е местото за оваа тема, доколку не е нека се премести каде што припаѓа :) Денеска бев во Бриколаж да разгледам апарат за заварување, мене повеќе ме интересираат оние со транзистори и уште од дома излегов за нив, бидејќи се по практични и немора да му се прави количка за да го носиш некаде :) Имаше едно германско мало и многу практично кое ми фати око, моделот беше WMEm 190, но цените некако се многу големи, тој чинеше 28.000 денари, имаше и други модели но се двиежеа околу таа цена. Јас малку размислив и помислив дека можеби ќе биде поефтиноо да го направам сам. Сега сакам да прашам дали може да се направи и дали се исплари сето тоа? И секако ако некој има и сака да постави некоја шема да рзгледам. Благодарам однапред :)
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: bicikle on 29.04.2014, Tuesday, 01:08:28
Купи си поарно.. тешко хом мејд..
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: didy on 29.04.2014, Tuesday, 01:12:13
Code: [Select]
http://www.chudov.com/projects/Homemade-TIG-DC-to-AC-Inverter/Schematic/
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: KiloVolt on 29.04.2014, Tuesday, 10:19:08
Ако ти рекле со транзистори, изгледа со IGBT модули било... Еден чини над 10 000 значи ни домашната изработка не е ефтина, а сигурно нема да го доусовршиш колку фабричкото. Ако ти се исплаќа, добро...
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: Bojan on 29.04.2014, Tuesday, 15:13:34
што апарат ке ти биде тоа што ке треба со тркалца да го шеташ жити се...иначе исправувачите се бајаги скапи во споредба со обичните (со трансформатор) апарати за заварување...
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: Hahahaha on 29.04.2014, Tuesday, 17:15:15
Па јас не сакам таков што ќе се шета ма тркалца, јас сакам од малите, иначе за на тркалца мислев од оние што се со трансформатор. Сакам јас да направам транзисторско :)
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: Z31GH on 29.04.2014, Tuesday, 18:30:24
Често се расипувале таквите а и поправките се скапи. Не знам дали ќе се исплати сам да направиш, еден куп пари ќе биде тоа и не ти се гарантира дека ќе работи. Добриот стар класичен апарат за заварување не може да го замени ништо
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: Hahahaha on 29.04.2014, Tuesday, 20:15:16
Има две причини зашто не ми се допаѓаат:
1. Многу се гломазни и тешки
2. Не е убаво заварувањето со нив, навистина и јас не сум некој стручњак или па да се занимавам со заварување кујзнае колку, ама не ми се допаѓа некако и поради тоа што ако заваруваш нешто тенко го дупнува наместо да го завари

Па поради овие две причини сакав да направам таков инвертирачки со транзистори или пак да правам со боца и жица, од тие CO2 апаратите, тие се попрактични за примена, а баш видов дека се наоѓаат деловите по продавници, има рачката се продава вчера ја имаше во Бриколаж. Пасега ајде ако има некој и за овој тип на апарат за заварување да даде шема :) Вчера разгледував по интернет од што се составени тие инвертирачките, и воглавном се транзистори и на секој транзситор доаѓа по еден switch, што значи транзисторот ќе го купиш, ама другото нема да го најдеш, така да тоа ќе го ставам за понатаму, кога ќе ја проучам таа технологија на транзформатори :)
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: GigaWatt on 29.04.2014, Tuesday, 23:32:59
Добриот стар класичен апарат за заварување не може да го замени ништо

Апсолутна вистина. Не се разбира премногу во апарати за заварување, но една работа знам. Полупроводничките компоненти, во принцип, не се наменети да работат во мод на краток спој. Е сега некој може да презентира аргументи во стилот на „ама денешниве изведби на полупроводничкиве компоненти драстично се разликуваат од пред 10 или 20 години, поголема ефикасност имаат, поголеми струи може да издржуваат, ова она“, и да, се ова е вистина, но... ретко кој производител се придржува до, веќе излитените, инженерски норми: степен на сигурност од барем 3. Значи, ако апаратот е наменет да вари со јачина од, на пример (може и да тропнам нешто ;D, не се разбирам премногу ;D) 100A, да се стават полупроводнички компоненти кои може да издржат струја од барм 300A низ нив. За жал, ова веќе ретко каде се применува. Најчесто ситуацијата е следна: ако треба да вари со јачина на струја од 100A, ќе му ставиме полупроводнички компоненти кои може да издржат 120A или евентуално 150А.

Полупроводничките изведби можеби се полесни и по практични за транспорт, но јас барем, никогаш не би земал таков апарат за заварување. Се знае, краток спој дури и на долги интервали може да издржи само една компонента: класичен трансформатор ;).
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: Bojan on 30.04.2014, Wednesday, 02:24:48
Има две причини зашто не ми се допаѓаат:
1. Многу се гломазни и тешки
2. Не е убаво заварувањето со нив, навистина и јас не сум некој стручњак или па да се занимавам со заварување кујзнае колку, ама не ми се допаѓа некако и поради тоа што ако заваруваш нешто тенко го дупнува наместо да го завари

Па поради овие две причини сакав да направам таков инвертирачки со транзистори или пак да правам со боца и жица, од тие CO2 апаратите, тие се попрактични за примена, а баш видов дека се наоѓаат деловите по продавници, има рачката се продава вчера ја имаше во Бриколаж. Пасега ајде ако има некој и за овој тип на апарат за заварување да даде шема :)

1. Ако планираш да земаш апарат за заварување што може да заварува со 400А, да ке биде тежок и гломазен, ако земеш некој помал (мојот е 150А, заварувам со 80-90А и си тера си нема гајле) нема да ти требаат тркалца и такви работи.
2. со РЕЛ заварување што сакаш апарат користи пак ке скинеш лимче ако заваруваш некое, за тоа мајката е само ТИГ или ЦО2 (МИГ-МАГ)

и еве тема една за CO2 апарат правење...

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9290.0
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: bicikle on 30.04.2014, Wednesday, 10:05:08
до сега ми се нема случено рел да ми направидупка, малце пракса и тоа е тоа, ако ти прави дупки рел, се ќе ти прави дупки. Со рел се заварува над 1,5мм лим, т.е. од 2мм нагоре(може и 2мм). И цо2 прави дупки и тоа на 4мм лим ако ја претераш.. Добар миг/маг или тиг апарат се над 2000 евра, тешко да се изработи во домашни услови. За по дома се наоѓаат околу 200-500 евра, нови. За која намена ти се?
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: Hahahaha on 30.04.2014, Wednesday, 14:16:31
Дифинитивно одлучив да правам CO2 апарат за заварување. Ми треба за основни работи, работам електроника и сакам да си направам кутија некоја, па да не трчам по комшии натаму наваму сакам јас да си имам, што значи воглавном за заварување на лим, дебелина да биде 1.5 до 2 максимум, за одебело да заварувам можеби некогаш, ама не многу :)
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: Atanas on 30.04.2014, Wednesday, 22:00:06
Подобро да си купиш бидејќи да го правиш сам ќе те чини повеќе.
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: alex on 30.04.2014, Wednesday, 22:08:41
Подобро да си купиш бидејќи да го правиш сам ќе те чини повеќе.
Нешто плус да кажиш за да го поткрепиш твоето мислење? Нели сепак си „Стручњак“?
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: Z31GH on 01.05.2014, Thursday, 00:32:29
Гигават е во право. Полупроводничките елементи не се баш наменети да работата во мод на краток спој, а и дека класичниот трансформатор може да издржи краток спој.

2. Не е убаво заварувањето со нив, навистина и јас не сум некој стручњак или па да се занимавам со заварување кујзнае колку, ама не ми се допаѓа некако и поради тоа што ако заваруваш нешто тенко го дупнува наместо да го завари

Не се согласувам со тоа. Јас многу добро се снаоѓам со класичен апарат за заварување. На некој начин мојата дреарска струка ме науче и на овој занает. Кога обработувам кардан од тешки возила варот мора да е „тенковски„ а то значи дека треба варот длабоко да навлезе во материјалот, а и за око да има естетика, не да изгледа како плукано. За таква намена користам ротационен апарат за заварување кој е тежок 300 килограми.
Истото важи и за помалиот класичен апарат за заварување, имаш регулација на струјата. Тенките материјали, односно лимови од 2мм комотно без проблем можеш да  ги заваруваш. За тоа ти се потребни потенки електроди и мала струја која се регулира на самиот апарат.
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: bicikle on 04.05.2014, Sunday, 22:18:54
Подобро да си купиш бидејќи да го правиш сам ќе те чини повеќе.
Нешто плус да кажиш за да го поткрепиш твоето мислење? Нели сепак си „Стручњак“?
Ако не му веруваш бујрум напрај и пресметај.
Инаку тие почетник стучњак се само број на пораки.
Се исплаќа ако прајш од збираници  ;D

Споено мислење: 04.05.2014, Sunday, 22:29:41
За 1.5 -2мм (но не и потенки) побарај некој апарат обичен 15-60А ќе ти брка работа. Побарај на старо ефрини се, не се масирај. Тие лимови подобро да ги спојуваш со пунктирање, гледа некои со еден или два трансформатори од микропечки ги прат. Со нив може да споиш и лименка од сок.
Title: Одг: Апарат за заварување
Post by: stiffy on 05.05.2014, Monday, 02:13:33
Има две причини зашто не ми се допаѓаат:
1. Многу се гломазни и тешки
2. Не е убаво заварувањето со нив, навистина и јас не сум некој стручњак или па да се занимавам со заварување кујзнае колку, ама не ми се допаѓа некако и поради тоа што ако заваруваш нешто тенко го дупнува наместо да го завари

јас имам мал со електроди ама, незнам колку ампери, ама после 2рата електрода грее...ама е иста големина како тие со акомулатор...во секој случај брка работа.

со тек на време се учи, и јас не успевам но еден пријател со електроди направи така лични (естетски) и хирушки прецизни варови на материјал околу 2мм, се чудев :D

МОТИКА: Русин покажува како се прави импровизиран апарат за заварување за 15 минути (http://www.youtube.com/watch?v=xs8YnxiD4Js#ws)
еве ви наједноставен апарат за заварување, но ако погините не сум одговорен!  ;D