Македонски форум за електроника

Останато => Алат => Topic started by: LordZi on 17.03.2014, Monday, 11:00:05

Title: Регулатор за лемило на 230V
Post by: LordZi on 17.03.2014, Monday, 11:00:05
Овој регулатор е наменет за регулација на лемила кои работат на 230V, а немаат вградено термопар или некој друг сензор за температура. За разлика од повеќето слични регулации кои работат на принцип на димер, овде се користи отпорноста на греачот како сензор, т.е. зависноста на неговата отпорност од температурата, со што се добива многу подобра регулација на поставената температура. Исто така, за разлика од димерите, овој регулатор не предизвикува пречки бидејќи тиристорот вклучува само кога напонот е блиску до нулата.
Комплетниот текст (на хрватски) е закачен подоле, скенот не е баш најдобар кај делот со шемата, но останатиот дел со плочката и распоредот на деловите добро се гледа.