Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: bicikle on 25.11.2019, Monday, 21:08:35
-
Предложете место и време, влез само со леткум.
-
Можи со мултиметар? Во Прилеп го заборавив леткумот... ;D
Иначе јас сум за негде да има и да касниме по нешто и да фрлиме по една ракија, ама оставам на тие што сте од Скопје да предложите места, не сум баш запознаен, гуштер сум уште...
-
Е, кај најдовте баш недела :-\. Ајде, нема везе...
Ако сте за кафанче, има едно кафанче, ДМ, во Дебар маало, кај Royal по Орце Николов, после генералштаб. Не е прескапо, а храната вкусна е ;). За ракијата, не знам :P :D.
-
сабота нека е, ориентационо пишав
и мезе барон кај скопјанка е ок
-
Ако е сабота, треба во 23:30 да сум во Капан Ан, организиравме едно евентче па мора да сум таму. Ако седниме од порано ок е.
-
Добро, ајде, нека е недела, 01.12.2019 ;).
bicikle, мислиш Мезе бар во Скопјанка? Евтино пиво и јадење кај што има :D? Ама не се пуши таму :-\. Ај, нема везе, ќе излегувам за цигара ;).
-
Ама не се пуши таму :-\. Ај, нема везе, ќе излегувам за цигара ;).
Ќе цугнеш од опремата на @bicikle. :)
btw ... Ми провинцијалци ќе чекамо инфо какој сте си поминасте и слике :D
Убава дружба нека ви е. :)
-
Може и во текот на вечерта да post-ираме некоја слика :). Ај, ќе дозволиме за специјални пригоди слики во attachment ;D ;D ;D.
-
Добро, ајде, нека е недела, 01.12.2019 ;).
bicikle, мислиш Мезе бар во Скопјанка? Евтино пиво и јадење кај што има :D? Ама не се пуши таму :-\. Ај, нема везе, ќе излегувам за цигара ;).
Надвор ќе седниме :)
Крема,join us :D
-
Ќе пичиме Rammstein, не се секирај ;D ;D ;D.
-
@bicikle
Радо би ве дружел, но за сега невозможна мисија.
@GigaWatt
Си ме погодил со Rammstein, сум им бил на концерт Live :D
-
Ех да имавме еден стадон достоен за Рамштајн... ::)
-
Не зезај, ќе треба да викаме противпожарни служби од цела држава ;D.
-
Пиротехника имат и за извоз. :)
-
Оризон од битола за утеха :)
-
Сега рековте недела или сабота, сабота ако се прибериме пред 11 ок ми е...
-
Па нели за недела е муабетов ???.
-
Грешка, бриши
-
Е што грешка ???. Сабота или недела ќе биде, дај кажете ???.
-
хах, не бе, постот беше грешка хехе, пишав нешто што сакав да го пишам во друга тема, ако ме разбра :)
-
Добро, нема везе ;).
Значи во недела, така? Не во сабота?
-
Мене ми е сеедно.
-
За мене недела е подобро, ако не е проблем за другите ;).
-
кое време ? и каде?
-
Може накај 9... за каде... кај планираме да одиме, во она кафанчето во Аеродром? Ако не пред него да се чекаме, а?
-
Кај и да одите убаво да си поминете, јас утре работам цел ден... ;)
-
Фала ;). Ај ако се ослободиш, врти ;).
-
Ја, ај порано, пон во 6 треба да стана
-
Е кога бе, кога се стемнува :P :D.
Јас можно е да не можам порано, затоа и пишав 9.
-
што има врска дали е темно ? :D
-
Најверојатно нема да можам пред 9 :-\.
-
Цел ден си зафатен? Претежно крај 10(22:00) куфер сум :)
-
Ако не другиот викен е продолжен, крај краева.
-
Мене не ми менува, направете договор и пишете, јас секако сум тука.
-
Да, имам некои обврски до кај 7, 8. Проблемот е што не знам дали ќе бидат до 7 или 8 :-\.
-
Епа ај другиот, раат ќе попиеме пиво ќе мезниме, таман и плата да ни пуштат xD
-
Ајде, нека биде така ;). Нареден викенд нека биде ;).
-
Сабота?
-
Ај, може, зошто да не ;).
Само немојте толку рано... 9 па нагоре ;).
-
Сабота подруг е муабетот :)
-
ОК ;).
-
А може и денес, утре слободни сме секако ? Али за кога и да е пишете време и место.
-
Денес не можам, утре не можам, можам само во недела :-\.
-
Ко си се запнал недела па недела...
:D
-
2 недели се договарате, тешки луѓе сте за договарање собиранки, да беше некој проект муабетот ќе беше друг. ;D
Мала зафрканција. ;D ;D
-
Ах бе, си реков ај сабота не мора да си одам Прилеп, недела ќе си одам... Арно викаш атанас, никако да се погодело хахахах, ај следен викенд тогаш, по можност сабота, а и петок/недела одговара.
-
Нареден викенд, сега за сега, слободен сум :).
Пак ќе кажам, недела сум слободен, сабота не... ако се предомислите, пишете ;).
-
Датум, место и време кажете и таму сум. :)
-
Вечерва нема да можам, за утре... ќе пишам утре.
-
Мн сумлјив стана во задње :) (се зезам малу)
-
Не го пуштат од дома. :D
-
Оправдано тогаш.
-
Ко не се договоривме досега, тешко...
-
Другата недела со предновогодишно расположение.
-
Мн сумлјив стана во задње :) (се зезам малу)
Абе човеков сее одамна сумљив, само кој разбрал, разбрал, кој не, нек си збере ак'ло и да моо мисље шо понтака. (са зафркав'м малко).
-
Збиранката е за сите членови или за веќе запознаен круг на луѓе :)
-
Јас немам против било кој член на форумов што има желба да се појави, не верувам ни другите да имаат...
-
Не го пуштат од дома. :D
Не е дека не ме пуштаат... со малово имаме проблеми, не можам да излезам... го боли мешето (грчеви, ама многу има) и морам по дома да помагам. Плус и жена ми има проблеми со желудникот, па морам јас да го чувам сега :-\.
Вечерва не можев, утре нема да можам, кумот и кумата ќе доаѓаат на повојница... не знам што да ви кажам... терајте работа без мене, тоа е тоа :-\.
Збиранката е за сите членови или за веќе запознаен круг на луѓе :)
Па да, се знаеме сите кои рекоа дека ќе доаѓаат (јас, bicikle и KiloVolt), ама не е ограничена збиранкава само на луѓе кои се познаваат :). И порано сме се собирале, па сме се запознавале на лице место :) (по nick се претставувавме, LOL :D, така е кога прво се запознаваш online па потоа IRL ;D).
-
Гига,
само "joke" беше моето мислење, знам дека си имаш обврски по дома.
Му посакувам што побрзо опоравување на малото.
Инаку и јас би дошол на збиранка, но далеку ми е СК. :(
-
Можно е некој стомачен вирус да има закачено и она и оно и да си прават „на ти го, дај ми го“ наназад недела, две :-\... не знам... ќе видиме... ако не се опраи работата до крајот на викендов, во понеделник на педијатар го носиме, тоа е тоа :-\.
Јасно ми е дека ти е далеку, ама повеќето сме во во Скопје и затоа и таму се собираме сега.
-
Се зезав, знам дека ти е компликовано сега за искачање, зато се натегаме. Ништо страшно.
Патем кај сите новороденчиња се случува таа појава, ништо страшно, сепак си сака тинтрање. Побрзо да се опорави, и нема да ти е на одмет да се консултираш со нутриционист за исхрана, претежно од зеленчук, зрнеста храна и не знам уште што се дешаваат такви работи. (кај доилката се лачело не знам ти што преку млекото) Ако пие вода (т.е. млеко со вода) пробај со превриена. Тоа од мое искуство, во случај да не ти дотеткнала некоја работа во моментот, сепак ти најубо си знаеш :)
-
Не го доиме, жена ми нема многу млеко (имаше нешто ситно, ама и тоа секна). На адаптирано е (купечко)... евентуално да е од адаптираното млеко... не знам :-\.
-
Да, може да е, пробај различни фирми. И водата иако е филтрирана/флаширана пробај извриј ја. Млекото стриктно по упатство. Дур му се разбие дигестивниот систем како што треба, после на ревра ќе го префрлиш, ќе нема гајле :)
-
Гасови кај новороденче
https://www.google.com/search?q=%D0%B3%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B8+%D0%BA%D0%B0%D1%98+%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%87%D0%B5&oq=%D0%B3%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B8&aqs=chrome.5.69i57j0l7.17788j0j1&sourceid=chrome&ie=UTF-8
Колку мене ми е познато една од важните работи кои треба да се практикуваат, е тоа да после доење (хранење) детето треба да се подигне во раце исправено со главата горе на рамената од мајката и со благи удари по грбот да се почека да ждригне да излезат гасовите што детето ги примило при хранењето.
-
Да да, и тоа. Треба све да натокмиш за да биде во ред.
Јас темп. на водата некогаш немаше да ја поддесам ко го мешав млекото па имав проблеми. Оти нели треба да зоврие, да се олади малце да се измеша па да се прилагоди за цицање. Си пише на упатсвтвото, за секое разлино е, дали млеко, дали каша, дали ребро :)
После ќе речат немало рамноправност....
(Фемина фекалии да јаде :) )
-
Да, може да е, пробај различни фирми. И водата иако е филтрирана/флаширана пробај извриј ја.
Да, филтрирана е и плус вриена ;).
Млекото стриктно по упатство.
Да, и ова се почитува ;).
Колку мене ми е познато една од важните работи кои треба да се практикуваат, е тоа да после доење (хранење) детето треба да се подигне во раце исправено со главата горе на рамената од мајката и со благи удари по грбот да се почека да ждригне да излезат гасовите што детето ги примило при хранењето.
Да, и ова се практикува по секој оброк.
Мада ова нашево е специфично, сака да играш на музика со него ;D. Така му се смируваат грчевите и само така ждригнува. Ако не го направиш ова, нема да ждригне... ќе го легнеш да спие, ќе заспие и по половина час ќе почне да плаче и тогаш ќе ждригне ::) :D. Ако само го дункаш, јок, нејќе ;D. Сите комбинации се пробани, само ако е вертикално исправено и ако играш во ритам на некоја музика, само така му се смируваат грчевите и така ждригнува :-\ :D.
Се ова е пробано... и пробиотици му даваме и Colief капки против грчеви... едноставно си има повеќе грчеви од она што би имало секое друго новороденче, тоа е тоа... има такви деца, ни рече педијатарот, едноставно имаат малку поосетлив дигестивен систем, тоа е тоа... кога ќе му се оформи дигестивниот систем како што треба и ќе почне да вари лактоза, ќе има помалку болки ;).
Оти нели треба да зоврие, да се олади малце да се измеша па да се прилагоди за цицање.
Ја вриеме, ама ја чуваме во тегла зовриена, затворена, па кога треба, сипаме од неа ;).
-
Може да имам заборавено ама мислам дека прашакот треба да се стави во жешка вода како делумно би се распаднал односно сварил. А не мора да значи.
Секој со табиетот, така и децава, секое си има финта ,дур му ја научиш, па после ќе пркне, нема да биде толку осетливо, ќе нема проблем, а и да има ќе може да ти каже, вака мнооогу е тешко да му погодиш што му е, што го боли, што сака...
Онда од пробиотик, мене доктурот ми препорача сааб, и еспомисан. Не секогаш беа ефикасни, ама консултирај се со матичниот, претежно помагаат.
-
Може да имам заборавено ама мислам дека прашакот треба да се стави во жешка вода како делумно би се распаднал односно сварил. А не мора да значи.
Не бе, баш го читавме упатството, не пишува жешка, пишува топла ???. Се разбира, претходно зовриената вода, потоа малку ја загреваме, за да не биде ладна ;).
А и мислам дека не смее во жешка бидејќи има некои субстанции потребни на бебето во млекото, се распаѓаат на висока температура... вака читав некаде online, ова го немаше во упатството.
Онда од пробиотик, мене доктурот ми препорача сааб, и еспомисан. Не секогаш беа ефикасни, ама консултирај се со матичниот, претежно помагаат.
Нас ни кажа педијатарот дека треба да го ротираме пробиотикот бидејќи сите пробиотици се всушност корисни (за дигестивниот систем) бактерии кои, ако се намножат (а може да се намножат, ако континуирано користиш само еден пробиотик), ќе направат други проблеми. Претходно користивме Ваја, а сега Био Гаја, па пак ќе заротираме некој друг.
А Еспомисанот не е пробиотик, тоа е лактин, ензим потребен за разложување на лактозата во млекото. Кај новороденчињата не се лачи овој ензим (подоцна да, ама првите неколку месеци, не... до кај максимум 6 месеци, варира од новороденче до новороденче), па затоа и имаат грчеви, бидејќи не може да се довари лактозата во млекото (се вари и без тој ензим, ама многу поспоро и дел од лактозата останува несварена и поминува низ тенко и дебело црево и тогаш прави проблеми, т.е. грчеви). Истото е и Колиеф, само што е од друг производител. Имало и некој Сабсимлекс, ама го немало кај нас, само во Бугарија го имало.
-
мили мамички.. овај татички малку офф топик заминавме со темата :D
Се зафркавам, во секој случај убаво да си помините ако не се имате собрано веќе, јас ќе ве дружам наредна прилика обавезно :D
-
Не бе, баш го читавме упатството, не пишува жешка, пишува топла ???.
Епа да де, зависи од млекото и зависи колку степени ја сметш за топла, колку за жешка :)
да, еспомисанот е башка, но ми го препорача педијатарот и му го давам на бебето. Не навлегов подетално за што е, битно помагаше :)
Девил, не се немаме уште собрано.
@Steff_92 муабетот е за в кафана, и некој пто го чита постов може да дојде, не ве канам за на слава :)
-
мили мамички.. овај татички малку офф топик заминавме со темата :D
Немој ти така, мука си иаме ;D ;D ;D.
(шала ;))
Епа да де, зависи од млекото и зависи колку степени ја сметш за топла, колку за жешка :)
Да ти е топло на рака, да не е жешко на рака... јас така го сваќам... нешто потопла од онаа што би ја пиело бебето ;).
@Steff_92 муабетот е за в кафана, и некој пто го чита постов може да дојде, не ве канам за на слава :)
За во кафанЧЕ... во биртија, немам намера да влагам :P :D.
-
Ти вела ја си се препичил во задње... :)
20 ден е ракија в коперација т.е. биртија.
-
"Друштвото го оправдува местото"
-
Не мислев на такви биртии, мислев на оние скапине, со певаљки со шминка која тежи колку нив ;).
-
Се зеза, не ми мењат многу кај сме :)
-
...штета што не ве запознав „у живо“...доцна ги видов пораките на форумов...
-
Ништо не си пропуштил, немаше збиранка.
-
...Тогаш - доаѓам на следната средба....
Да ми беше готова „реновацијата“ на бараката - ќе ве викнев кај мене ама пусто овдека можам полесно да договорам состанок со мојот автономен нервен систем отколку со добар мајстор...
-
Ех да бевме кичево и скара ќе свртевме :)
Со лесно со мајсторите :)
Гига, како си неделава?
-
Дечки, терајте без мене, не знам како ќе биде со малово. Сега мирно е... сега за сега... што не значи дека вака ќе остане работата вечерва, може по нареден пат кога ќе јаде, пак да има проблеми... што значи дека ќе главам до 7, 8 сабајле (малку жена ми да поспие, па после она да превземе).
Договорете се како ви одговара, пишете тука, ако дојдам, дојдам, ако не, здравје, друг пат :).
-
Епа ај како нај заглавен пиши предлог , па ко ќе пркне ќе го земиш и него , здравје за 5 години :)
-
Не сваќаш. Буквално од час до час се планира со него, не знаеш каква ќе биде ситуацијата :-\. Мислам дека му најдовме финта со комбинација на Епсомисан и Колиеф, ама не знам дали е трајно решение или ќе тера неколку дена, па пак ќе се врати по старо (бидејќи така ни направи кога почнавме да му даваме Колиеф).
Затоа викам, договорете се, па ако можам да дојдам, наверојатно ќе знам неколку часа претходно и ќе се јавам каде сте, да се најдеме ;).
-
Гига, тебе ти давам обврска да ми пишиш на фб ко че се одлучи време и место, за да не утнам на форумов ретко се логирам.
-
Е јбг, види ако организираш арно, иначе то е, и малите деци си имаат табиети :) Ако не па кај тебе некој кафич блиску, па по потреба да можеш за 5 минс да си дома. Пингвин, салун, гарисон, кастом мислам дека ти се преку улица. Т.е. ти си знајш како ти е ситуацијата, да не те напрегам и јас, знам дека си у гужва :)
-
Па можно е да е наједноставно така... некаде блиску да сум, ама не знам кога ќе сум слободен :-\, тоа е вистинскиот проблем :-\. Еве вчера (денес) плачеше од 3 до 11 сабајле :-\. Нема правило кај него, некои вечери ќе почне од 8, 9, па ќе тера до 3, 4 сабајле, некои вечери ќе плаче како сега (најчесто ноќе го фаќаат грчевите).
Како и да е, ви пишав, договорете се вие, разменете броеви и пишете на форумов (да знаат и другите, можеби и некој друг ќе сака да дојде, еве bumbar изрази желба ;)), мене јавете ми се или ќе прочитам тука (обично се логирам еднаш до два пати дневно), ќе ви се јавам и ќе знаете дали ќе дојдам. Не можам јас да договарам бидејќи договорот ќе важи во наредните 3, 4 часа и ќе мора ВЕДНАШ, ТОГАШ да се најдеме (бидејќи тогаш е мирен и најверојатно ќе биде, врз база на проценка, си го знаеме, наредните 3, 4 часа), а тоа на никој не му одговара (да ти пишат „5 за 12“ и да треба некаде да се нацрташ, сите сакаме да си го планираме времето колку што можеме повеќе ;)).
-
Ами и со тебе и без тебе исто ќе плаче :)
Се зезам малце, се надевам не е нешто невообичаено, бебе ко бебе ќе плаче, него некад е стварно e заморно 5 саати континуирано да го думкаш да го шеташ, едноставно ќе падниш пред тоа да заспие :) Па мора да се мењаш со некој, а и ти си чојк, и ти треба да јадиш да спиеш... :)
Епа онда јас од петок од 5 сум слободен до недела до крај 8-9, пишете предлог за време, кастом и онака ми е ок место, може и в парк, не би ми сметало, може кој кај сака, уопште не ми мења, само да не е некое место за препичени.
-
Ами и со тебе и без тебе исто ќе плаче :)
За плачење, исто ќе плаче, него муабетот е да има кој да ја одмени мајка му од време на време, да излуфтира мозок ;).
Се зезам малце, се надевам не е нешто невообичаено, бебе ко бебе ќе плаче, него некад е стварно e заморно 5 саати континуирано да го думкаш да го шеташ, едноставно ќе падниш пред тоа да заспие :) Па мора да се мењаш со некој, а и ти си чојк, и ти треба да јадиш да спиеш... :)
Да де, тоа ми беше муабетот ;).
Епа онда јас од петок од 5 сум слободен до недела до крај 8-9, пишете предлог за време, кастом и онака ми е ок место, може и в парк, не би ми сметало, може кој кај сака, уопште не ми мења, само да не е некое место за препичени.
Custom е многу гласно преку викенди, едвај муабет се прави таму, а ќе сакаме муабет да си направиме. Парк... јас сум за, ама не знам за младиве генерации, некако ми се нежни, не сакаат многу да седат на ладно ;D.
За припи*ени место, ни под разно ;).
-
па ајде нека каже младината :)
-
Младината нема гајле од ладно, Гига кај тебе меѓу згради, коперациски стил хахахах.
-
салун ? xD таман на 2 метра му е, а и се пофали дека нашол решение за горенаведениот проблем.
-
ЕЕЕ Зезнато е со мало бебе.. јас го поминав овој период со двете деца (фала богу).. со второто малце полесно пошто знаев што ме чека и бев поорганизиран..
Инаку за плачењето со оваа песна си се тешев: :) :) :) :)
-
Ја го најдов мирот и рајот божји, овде на земјата
(http://www.mediafire.com/convkey/68f2/9mbrsl3wn8wvgokzg.jpg)
-
Има бензодијазепини безбедни за деца и бебиња? ??? Ова е модерна варијанта како порано во пелагонискиов регион кога ќе плачеле децата, дај му малку од млечот од афионот и нема да те замара... ;D
-
ја ќе си се напија :)
-
Има бензодијазепини безбедни за деца и бебиња? ???
ја ќе си се напија :)
Да, и јас колку што знам не смеат да земаат бензодиазепини... ама се корегираше со нарениот коментар bicikle ;D.
Ова ме потсеќа на сценава од филмов ;D ;D ;D.
Сум се умирал од смеење на сценава ;D ;D ;D.
-
Не ми падна напамет дека на некој може да му текне да дават такви апчиња на деци, ама ете Киловолт се досети :D
Инаку сцената е епик :)
-
Идам од крај кај шо му давале топчиња опиум на децата за да не ги замараат, нормално дека мене ми текна на тоа хахахааххаахха ;D
-
Па и јас прво помислив дека им дава бензодијазепини на децата ;D ;D ;D.
Не дека не смеат да се даватаа, смеат, ама само во екстремни ситуации, на пример висока температура, за да не добијат грчеви на мускулите и/или оштетување на мозокот ;).
Него шо праиме за утре :)? Има шанси да сум слободен ;).
-
Дијазапам даваат(може инисти да се), мислам дека проблемот е наглата промена на темп, не високата, али како и да е, тоа е веќе ситуација кај што немаш избор, ама да му даваш опијати ( апчиња или афион) дека плачело е сулудно.
Дијазипам еднаш се имам напиено, по препорака од доктур, после операција на заб, 3 дена после не знаев кај терам :) не би се напил пак без потреба, не па на дете дс му давам, башка може последици да му остави. Иначе имаше меме за бромазепамот, од тука добив инспирација, сепак се медикаменти и се консумираат по налог од доктор, не за забава :) али небитно тоа,
Моите пркнаа, јас сум генерално словоден за викен, па ми одговара било кое време од 5 попладнево до 6 попладне недела. Петак и сабота не ми е фрка да останам и подоцна.
-
Моите пркнаа, јас сум генерално словоден за викен, па ми одговара било кое време од 5 попладнево до 6 попладне недела. Петак и сабота не ми е фрка да останам и подоцна.
Добро, тогаш одговара вечер накај 9, 10 да се најдеме некаде, тоа кафанчето во Скопјанка на пример?
Можам само вечерва, во сабота нема да можам :-\.
-
Ај в година здравје :)
Да видевне порано најверојатно можевме, ама пиши барем 1 ден ден порано, ја сега гледа.... :)
-
Само по телефон, никако поинаку...
-
Да видевне порано најверојатно можевме, ама пиши барем 1 ден ден порано, ја сега гледа.... :)
Не можам ден претходно, се планира од час за час... ако не повеќе, неколку часа однапред.
Ама ајде, еве, излезе дека ќе можам да излезам и вечер :). Ако сте за, ајде да се најдеме некаде :).
-
Ajде, ја су слободен
-
Накај 10 пред она кафанчено во Скопјанка, како и да се викаше, може?
-
Мезе барон? За мене да, другиве?
-
Се собравме, само јас и bicikle, KiloVolt не можеше да дојде... убаво си пројдовме, муабет, ова она ;).
-
наредна прилика по масовно :)
-
Наредна прилика тројца :)
Масовно :D
-
Па и не беше баш збиранка ако сме само двајца, ама ајде xD.
Битно, од цело село, двајца бевме xD.