UPS-ов има некој чуден проблем. Го земав пред околу половина година и ми рекоа дека батеријата е празна, но исправна, па решив да ја наполнам. Батеријата се наполни, барем така јавуваше софтверот (Eaton Personal Solution-Pac) и го исклучив и од тогаш не го пуштив пак во работа. Вчера, решив да го приклучам, со цел да го користам и батеријата се изпразнила до 30% (очекувано), па решив пак да го наполнам. Го оставив да се полни, без да биде врзан преку USB за PC и без оптоварување. Го оставив така 4 или 5 часа, си реков, би требало да биде полна до сега батеријата или наполнета барем до 80 или 90%. Го исклучив од напојување и го врзав за USB на PC, при што и самото PC сега беше оптоварување. Софтверот јави 20% оптоварување на UPS-от (овој е од оние што се online цело време, а не само кога ќе снема напојување PC-то), но батеријата ја јавуваше како 30% полна
. Ова ме збуни, требаше да биде скоро полна, а софтверот ја јавува исто како и претходно, 30% полна. Што е најинтересно, ако го оставиш UPS-от врзан за PC преку USB, софтверот јавува дека батеријата се полни (на секои 5 или 6 минути, дига по 1%). Дури и ако го изгасиш од USB UPS-от и пак го приклучиш, софтверот пак јавува дека се полни батеријата и продолжува од таму каде што застанала (на пример, се наполнила до 35%, го вадам од USB UPS-от, го приклучувам пак и пак јавува дека се полни од 35%). Но, ако го изгасиш UPS-от од напојување (од штекер) и пак го приклучиш, батеријата пак се враќа на 30%
.
Не сум го отворал, чепкал, не сум мерел... кога го земав UPS-от, ми рекоа дека батеријата, као демек, била исправна... користена, но исправна. Прашувам да не е ова случајно нормално кај овие модели на UPS-и, да не има некој претходно искуство со нив
.
А да, уште една работа. Кога UPS-от ќе се приклучи под напон, дури и ако е исклучено копчето за пуштање на UPS-от во работа (да дава напон на излезите), UPS-от дава еден долг beep. Кулерот почнува да врти и комуницира со PC-то преку USB портот, ама го јавува тој долг beep. Исто така, мислам дека кога прв пат го приклучив пред 6 месеци, имаше една зелена LED диода зад копчето за ON (кочето е проѕирно) и дека светеше кога ќе се пуштеше UPS-от во работа. Сега не свети таа LED диода. Не ме земајте за збор за LED диодата, треба да го отворам, да видам дали навистина има LED диода зад ON копчето, можно е на некој друг UPS да го имам видено ова, да се имам збунето
.