Бидејќи станува збор за IPTV, најверојатно се користи Fast Ethernet стандардот (или евентуално Gigabit Ethernet со определени софтверски или хардверски органичувања на брзината, можеби Half Duplex мод, но сепак, не мислам дека станува збор за ништо повеќе од Fast Ethernet), што значи дека се користи и стандардниот B-Type CISCO распоред на жилите на RJ45 конекторот.
Наједноставен начин за да добиеш додатни локални порти и IP адреси е поставување на обичен Layer 2 Switch (8 портен е повеќе од доволно) на една од портите на модемот/рутерот. Најверојатно рутерот генерира локални IP адреси преку DHCP (ова треба да го провериш, но кај скоро сите SOHO рутери ова е default подесување), а колку уреди ќе врзеш ти за router-от, тоа не го интересира DHCP серверот бидејќи тој генерира локални IP адреси и за Wi-Fi, а софтверот во рутерот не го интересира дали ја генерира таа адреса за физичка или безжична врска.
Испробани ми се комбинации на 4-портни рутери врзани со 8, 16 и 24 портен switch, во принцип, повеќето SOHO рутерчиња не правеле проблем, си генерирале локални IP дури и за 26 компјутери (3 порти од рутерот и 23 порти од switch-от), немало проблем. Од евтиниве, како најдобри се имаат покажано TP-Link, а со Linksys, може комотно да го конфигурираш и да го заборавиш
. Единствен проблем е брзината со која може да комуницираат преку интернет. Ако сите повлечат наеднаш, ќе се јави проблем со брзината, ама локално, немало проблем, сите си комуницирале еден со друг без проблем, немало проблем со printer sharing, file sharing и се останато
. Е сега, со која брзина ќе комуницраат еден меѓу друг, зависи од switch-от, дали е Gigabit-ен или не
.
На сликите кои ги имаш post-ирано, првиот е A-Type на CISCO стандард на врзување на жилите, а вториот е B-Type. Најчесто користен е B-Type начинот на врзување. A-Type многу ретко се сретнува. Ако треба да се прави crossover кабел, на едната страна се прави A-Type, а на другата B-Type. Ова најчесто се користи ако треба директно да комуницираат (директно да се врзани) два мрежни уреди кои, по стандард, треба да комуницраат преку switch или router. На пример, директна врска на две PC-иња. Секој друг кабел е straight-thru и најчесто и на двата краја жилите се поврзуваат по B-Type стандардот.
Ако се користи најобичен мрежен кабел за поврзување на излезите LAN3 и LAN4 за поврзување на телевизор со модемот/рутерот, тогаш најверојатно другите 4 жили се неискористени и во самиот уред. Но, од друга страна, никогаш не се знае
. Пробај ако можеш да најдеш спецификации од уредот. Ако може да switch-ува локално на Gigabit-но ниво... што знам, можеби и ќе забележи дека има нешто закачено на останатите 4 жили
. Треба да се проба со различни комбинации на жилите, никогаш не се знае
. Е сега, ова не зависи само од хардверот во него, зависи и од софтверот, така да... дури и да е можно да се направи ваков хадверски „хак“, ако софтверски не е поддржано, џабе е се :S.