Може ли мала помош околу подесувањето на мирната струја. Мора ли да имам амперметар, не може ли со мерење на еднонасочен напон на пример. Мислам дека има на некој од форумите што се занимаваат со Унитра уредите, ама дур го најдам би замолил некој ако знае на памет кои вредности од прилика би биле добри. Јас ноќва кога го тестирав предпојачалото, му пуштив синусен сигнал со 1khz, и мерејќи го еднонасочниот напон на излез на двата канала приметив осетна разлика. Добриот канал имаше многу повисока вредност во однос на овој што грее. Јас се мислам дека и тука ќе мењам транзисторите и кондензаторите за да се "смири". Во однос на тоа што реков "е...и транзистори" прво јас го сметам исто толку вулгарно како и "кај си бе пеер" и второ баш убаво одсликува ситуација колку човек може да се изнервира лутајки по град да најде се што му треба од делови. Идеш у логинг ништо немаат од пико вредности на кондензатори и многу обични транзистори немаат. У ГАЦ иста песна. Абе 200 ден. деловите, 500 ден горивото. Па сеа ти види.
Споено мислење: [time]27 Јуни 2014, 08:21:00[/time]
Допуна на погорниот, пошто неам амперметар и не сум сигурен која од методите е најдобра за мерење на мирна струја (по форуми човек може да најде милион начини), јас си земав за најрелевантна да ми биде мерење на напон на емитерски отпроници R257 и R277 на излезните транзистори Т213,Т215 (за проблематичниот) и R278, R276 на излезните транзистори Т216,Т214 за добриот канал. Напоните кај добриот канал се од ред на 2mV, додека кај овој што грее се 95-120mV. Се сложувам дека со тример можам да пробам да подесувам сеа, ама една работа ме мачи дека сигурно има у колото на излезот нешто што го доведува до ова да фабричко подесување веќе не е добро за тој канал
Споено мислење: 27.06.2014, Friday, 10:41:45
Да, додадам дека и проблемот со греењето си го решив сам. Проблемот бил драјверот Т207, BD135. Диодното мерење со унимер покажуваше дека е добар, но hfe-то го издаде. Имаше само некаде 20 мислам, премалце за тој транзистор. Го сменив и пошто сите отпорници у цел излезен степен се добри, мислам дека е тоа - тоа со ова појачало. Останува да праам нова турнеја низ град попладне да најдам да ги сменам сите кондензатори за секој случај. Некој ако има мислење да ме дополни околу мирната струја би го замолил да пише. Сега напонот на емитерските отпорници е сличен и на двата канала. На тој што ми беше добар си е некаде 2-2.5mV, на овој што ми грееше сега е некаде 1.5mV. Вака разликата не е страшна и може да се подеси, ама некој поупатен би замолил да ми објасни подетално околу ова. Дали воопшто да се замарам да ги изедначам или да го оставам вака и кои вредности се добри а кои се знаци дека треба да се превземат мерки за корекција.