зошто тогаш речиси сите познати гитаристи свират на лампи?
Зошто уште на времето, со цел да се продаваат повеќе засилувачи, им било кажувано дека „само со лампа се добива вистинскиот звук“, они се навикнале на звукот на цевките, мекост при дисторзирање и сега многу им е „тврд“ звукот на полупроводничките засилувачи, иако, реално, подобри карактеристики имаат тие засилувачи отколку оние со цевки. Освен тоа, мора да прават пари и фирмиве за производство на гитарски засилувачи, мора компанииве за проиводство на цевки од нешто да живеат, нели
и така, се си се врти во круг
.
Да се разбереме, да не беа оние џезери кои се емотивно врзани за звукот на цевките, денеска веќе немаше да постои ниедна фабрика за проиводство на цевки, така да, од таа гледна точка, добро е што има такви луѓе
. Ама дека претеруваат со некои „од времето“ останати фрази, како во стилот на „ламба си е ламба“... претеруваат. Сите знаеме дека ламба си е ламба, ниедна полупроводничка компонента не може да ја замени
. Тоа е апсолутен факт
, ама дека само со цевка се добивал „вистинскиот звук“... тоа се глупости
. Реално, поверен звук на оригиналот ќе извади полупроводник, ама тоа не им се допаѓа
, навикнати се на звукот на цевките и кога ќе чујат транзисторски засилувач, мачно им е
.
Секој со свој вкус
. Не викам дека и јас не сакам обојување и мекост на звукот, далеку од тоа, баш напротив, обожавам боење на звукот
. Ама, да не се лажеме, поверна репродукција на оригиналот се добива со полупроводнички компоненти
.